Мичиген (езеро)
- За сојузната американска држава видете Мичиген.
Мичиген е едно од петте Големи Езера на Северна Америка, и е единственото од групата кое целосно им припаѓа на САД.[1] Одејќи од југ надесно, тоа се граничи со сојузните држави Индијана, Илиноис, Висконсин и Мичиген. Зборот "Мичиген" првобитно се користел за да се означи самото езеро и се верува дека доаѓа од поимот mishigami на индијанскиот јазик оџибве, што значи „голема вода"[2]
Географија
[уреди | уреди извор]Езерото Мичиген (43°30'N, 87°30'W) има површина од 57,750 км2, правејќи го најголемото слатководно езеро во САД, најголемото езеро кое целосно и припаѓа на една земја и петтото најголемо езеро во светот. Долго е 494 km, широко 190 km со брегова линија од 2,633 km должина. Просечната длабочина на езерото е 85 m, додека неговата најголема длабочина е 282 m. Тоа се состои од 4,918 км3 вода. Се наоѓа на надморска висина од 176 m, исто како и езерото Хјурон, со кое е поврзано со протокот Мекинак.
Поголеми градови
[уреди | уреди извор]Околу 12 милиони луѓе живеат покрај бреговите на езерото Мичиген. Многу мали градови во Северен Мичиген се центрирани околу туристичка база која има корист од убавината и рекреациските можности кои ги нуди ова езеро. Овие градови имаат големо сезонско население кое пристигнува од Чикаго и внатрешните градови во Јужен Мичиген. Најјужната точка на езерото е многу индустријализирана. Градови на брегот на Мичиген со население поголемо од 30,000 се:
Илиноис |
Индијана |
Мичиген |
Висконсин |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 05, US EPA,REG (25 September 2015). „Geophysical Lake Michigan - US EPA“. US EPA.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
- ↑ „Superior Watershed Partnership Projects“. Архивирано од изворникот на September 28, 2007.
|