Љупчо Мешков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љупчо Мешков
Министер за труд и социјална политика
На должноста
28 август 2006 – 27 јули 2008
Премиер Никола Груевски
Претходник Стевче Јакимовски
Наследник Џељаљ Бајрами
Лични податоци
Роден(а) 1948
Скопје
Националност Македонец
Партија ЛПМ

Љупчо Мешков (роден во 1948 година во Скопје) — македонски политичар.

Животопис[уреди | уреди извор]

Љупчо Мешков дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Професионалната кариера ја остварил во Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, каде се вработил во 1973 година и извршувал повеќе раководни и советнички функции, со прекин од четири месеци, кога извршувал должност на секретар на Секретаријатот за организација и прописи во Собранието на Скопје[1]. Во периодот 2000-2002 година бил генерален директор на Фондот. Освен тоа, Мешков бил и член на претседателството на спортското друштво Вардар во периодот од октомври 1993 до септември 1994 година.

На Парламентарните избори од 1994 година, 2002 и 2006 година бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на Либералната партија на Македонија[2].

Во периодот од 28 август 2006 до 27 јули 2008 година ја извршувал функцијата Министер за труд и социјална политика на Република Македонија.

Наводи[уреди | уреди извор]

Политички функции
Претходник
Стевче Јакимовски
Министер за труд и социјална политика
28 август 2006 - 27 јули 2008
Наследник
Џељаљ Бајрами