Ѓорѓи Тодоровски
Ѓорѓи Тодоровски - Трупче | |
---|---|
Ѓорѓи Тодоровски | |
Роден(а) | 1956 (воз. 67–68 г.) Битола, НР Македонија, ФНРЈ |
Занимање | глумец |
Активен | 1979 – |
Сопружник | Росана Сариќ[1] |
Ѓорѓи Тодоровски - Трупче (Битола, 1956) — македонски театарски, телевизиски и филмски глумец.
Филмографија
[уреди | уреди извор]Година | Филм | Улога |
1979 | Наши години ТВ-серија | Ико |
1980 | Време, води ТВ-филм | Скуле |
1980 | Двојка ТВ-филм | Берберот |
1980 | Учителот ТВ-филм | |
1981 | Војници ТВ-филм | Трајче |
1982 | Слана во цутот на бадемите ТВ-филм | |
1982 | Време на летала ТВ-филм | |
1982 | Едно лето ТВ-серија | |
1982 | Гласот ТВ-филм | Лоранц |
1984 | Другарувања ТВ-серија | Витко |
1984 | Јуначко колено ТВ-серија | |
1985 | Тетовирани души ТВ-филм | |
1987 | Ѕвездите на 42-та ТВ-филм | |
1987 | Хај-фај ТВ-филм | |
1987-1990 | Чук, чук Стојанче ТВ-серија | |
1988 | Викенд на мртовци ТВ-филм | Свадбар |
1988-1989 | Еурека ТВ-серија | Келнерот Коља |
1989 | Мугра ТВ-филм | |
1989-1993 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
1991 | Тврдокорни ТВ-серија | |
1991 | Тетовирање ТВ-филм | Полицаец |
1991 | Во кафулето кај Гане ТВ-филм | Војник |
1992 | Сили во воздухот ТВ-филм | Лале |
1992 | Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија | |
1995 | Во светот на бајките ТВ-серија | |
2000 | Погрешно време ТВ-серија | Ацо |
2000-2001 | Светот има осум страни ТВ-серија | |
2003 | Последниот фалцер ТВ-филм | Циганот |
2006 | Патување со Рабробил ТВ-филм | |
2006 | Мост ТВ-филм | |
2010 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2011 | Трето па машко ТВ-серија | Анастас |
2013-2014 | Тврдокорни ТВ-серија | |
2013 | Старо купувам ТВ-филм | Аурелие |
2015 | Незрели цреши ТВ-филм | |
2015 | Последниот Македонец ТВ-филм | Тодор Паница |
2016 | Џган ТВ-филм | Социјален работник |
2019 | Дедо и внук ТВ-филм | Доктор |
2022-2023 | Бистра вода ТВ-серија | Доктор |
2024-2025 | Македонски стари приказни ТВ-серија |
Животопис
[уреди | уреди извор]Тодоровски е роден во 1956 година во Битола. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје 1979 г. во класата на професорот Љубиша Георгиевски. Во 1981 г. се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Работел со многу познати тетарски режисери, а своите почетоци ги врзува со Слободан Унковски во претставите „Ослободување на Скопје“ и „Хамлет“. Со својот професор, режисерот Љубиша Георгиевски работел во претставите „Црнила“, „Еригон“, „ЈУ-антитеза“ и други. Улоги кои се паметат се и оние во претставите „Рибарски караници“, „Викенд за мртовци“, „Самоубиец“, „Зојкин стан“, „Дон Жуан“, „Ладало“, „Прости дарови“, „Жени во народното собрание“, „Дедо Мраз и Феферона“, „Хамлет од Долно Гаштани“, „Мачка на вжештениот лимен покрив“, „Македонски рулет“, „Лет во место“, „Крал Иби“, „Авантурите на Пинг и Луси“, „Салома“, „Ју антитеза“, „Свадба“, „Ноќ спроти Водици“, „Смртта на Дантон“, „Сказна за времето“, „Сили во воздухот“, и други.
Забележливи му се и улогите во многу детски претстави. Учествувал скоро на сите позначајни театарски фестивали, а зел учество и на гостувањата во Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, БиХ, Италија и други места. Во исто време учествувал во многу ТВ-проекти како ТВ-драми и ТВ-филмови, играни серии и детски ТВ-серии. Својот талент го покажал и во над 50 радио-драми како и во 18 играни филмови: „Време води“ на Бранко Гапо, „Хај фај“ - Владимир Блажевски, „Војници“ - Стјепан Заниновиќ, "Двојка" на Тихомир Бачовски, "Време на летала" на Иван Митевски, "Во кафулето кај Гене" на Миле Гроздановски, "Последниот фалцер" и "Старо купуем" на Младен Крстевски, "Последниот Македонец" и "Дедо и внук" на Илија Пиперковски, "Џган" на Вардан Тозија и играниот италијански филм за Мајка Тереза „Глас“, каде што ја оствари улогата на Лоренцо, на познатиот италијански режисер Брунело Ронди.
Голема популарност стекнал и во ТВ-емисиите за кулинарството каде со својот шарм и вештина стана пионер и бренд за ваквиот тип на емисии. Трипати бил избран за најпопуларно ТВ-лице, а двапати за најпопуларна личност во Македонија од весникот Вечер. Во своите улоги Ѓорги Тодоровски се претставува како творец со култивиран талент, со потресни акценти и изразена глума. Во 2022 година се пензионира во Драмски театар - Скопје.
Театарски претстави
[уреди | уреди извор]- Крсте — Ослободување на Скопје од Душан Јовановиќ, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1979;
- Курир — Рибарски караници од Карло Голдони, р. Тодорка Кондова-Зафировска, Драмски театар - Скопје 1979;
- Месецот — Крвави свадби од Федерико Гарсија Лорка, р. Крум Стојанов, Драмски театар - Скопје 1981;
- Самса — Еригон од Јордан Плевнеш, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1982;
- Умна глава од Оливера Николова, р. Кирил Ќортошев, Драмски театар - Скопје 1983;
- Жирон — Крал Иби од Алфлед Жари, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1984;
- Рој — Авантурите на Понг и Луси од Доди Смит, р. Душан Наумовски, Драмски театар - Скопје 1985;
- Фарисеј — Самола од Оскар Вајлд, р. Милан Белигишанин, Драмски театар - Скопје 1985;
- Анастас — Југословенска антитеза од Јордан Плевнеш, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1985;
- Тетовирани души од Горан Стефановски, р. Паоло Маџели, Драмски театар - Скопје 1985;
- Свадбар — Викенд на мртовци од Миле Попоски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1985;
- Ханџалин — Зојкиниот стан од Михаил Афанасиевич, р. Стојан Стојаноски, Драмски театар - Скопје 1986;
- Стефче — Свадба од Васил Иљоски, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1986;
- Сабастијан — Ноќ спроти водици од Вилијам Шекспир, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1986;
- Смртта на Дантон од Георг Бихнер, р. Петар Вечек, Драмски театар - Скопје 1987;
- Цобе — Сказна за времето од Љубиша Ѓокиќ, р. Љубиша Ѓокиќ, Драмски театар - Скопје 1988;
- Лале — Сили во воздухот од Небојша Ромчевиќ, р. Јовица Павиќ, Драмски театар - Скопје 1988;
- Глувонемиот — Самоубиец од Николај Ердман, р. Бранко Ставрев, Драмски театар - Скопје 1990;
- Бари — Спасени од Ердман Бонд, р. Кристијан Ристевски, Драмски театар - Скопје 1990;
- Кметот — Прости дарови од Карма Ибзен, р. Карма Ибзен, Драмски театар - Скопје 1993;
- Момчето — Жени во народното собрание од Аристофан, р. Димитар Христов, Драмски театар - Скопје 1994;
- Слугата — Ревизор од Николај Василевич, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1995;
- Дедо мраз и Феферона од Томе Арсовски, р. Мите Грозданов, Драмски театар - Скопје 1996;
- Свадбата на Фигаро од Пјер Бомарше, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1998;
- Хамлет од Вилијам Шекспир, р. Владо Цветановски, Драмски театар - Скопје 1998;
- Диво месо од Горан Стефановски, р. Александар Поповски, Драмски театар - Скопје 2000;
- Мачка на вжештен лимен покрив од Тенеси Вилијамс, р. Красимир Спасов, Драмски театар - Скопје 2003;
- Хамлет од Долго Гаштани од Иво Брешан, р. Мето Јовановски, Драмски театар - Скопје 2004;
- Свештеник — Дон Жаун од Жан Батист Молиер, р. Александар Поповски, Драмски театар - Скопје 2005;
- Лет во место од Горан Стефановски, р. Љупчо Ѓоргиевски, Драмски театар - Скопје 2005;
- Ладало од Карло Голдоно, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2006;
- Терзиќ — Македонски рулет од Љубиша Георгиевски, р. Сашо Миленковски, Драмски театар - Скопје 2007;
- Сон на летната ноќ од Вилијам Шекспир, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2008;
- Селанец — Македонска крвава свадба од Војдан Чернодрински, р. Сташа Зуровац, Драмски театар - Скопје 2012;
- Чкембар — Чија си од Сашко Насев, р. Љупчо Ѓоргиевски, Драмски театар - Скопје 2013;
- Капетанот Џон Пиплфокс од Душан Радовиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2014;
- Еригон од Јордан Плевнеш, р. Јани Бојаџи, Драмски театар - Скопје 2015;
- Мартини — Лет над кукавичјото гнездо од Кен Кеди, р. Ристо Алексовски, Драмски театар - Скопје 2017;
- Дедото — Фестен од Томас Винтерберг, р. Зоја Бузалковска, Драмски театар - Скопје 2018;
- Кралот — Солта поскапа од злато од Викторија Анѓушева, р. Викторија Анѓушева, Театар Арт вени види 2021;
- Дедо Мраз — Новогодишни желби од Викторија Анѓушева, р. Викторија Анѓушева, Театар Арт вени види 2022;
- Така зборуваше Гертруда од Миа Николоска, р. Ангелчо Илиевски, Драмски театар - Скопје 2022;
- Дедото — Дедо Мраз, мечињата и плачко од Афродита Кирјаковска, р. Викторија Анѓушева, Театар Среќа 2023.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Кои се најстабилни бракови на домашната естрада?“. Backstage. 27 март 2009. Архивирано од изворникот на 2011-07-03. Посетено на 24 октомври 2011.