Афродита Кирјаковска
Афродита Кирјаковска | ||
Роден | 2 декември 1949 Кавадарци, СФР Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Познат | по улогите во: Приказни од животот Прва вечер Народни приказни | |
Занимање | глумица |
Афродита Кирјаковска (р. 2 декември 1949, Кавадарци) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица, автор и режисер.
Филмографија[уреди | уреди извор]
Година | Филм | Улога |
1975 | Прва вечер ТВ-филм | Менка |
1981 | Булки крај шините ТВ-серија | |
1988 | Скопски сновиденија ТВ-филм | |
2005 | Сештологија ТВ-серија | Наставничката |
2009 | Народни приказни ТВ-серија | Нанушка |
2012 | Македонски народни приказни ТВ-серија | Бабата |
2014 | Приказни од животот ТВ-серија | Мајката |
Животопис[уреди | уреди извор]
Во 1974 година Диплимира на Факултет за Драмски уметности во Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Димитрие Османли и истата година се вработува во Македонски народен театар - Скопје, каде останува сè до нејзиното пензионирање. Таа е актер, театарски педагог со над 30 годишно искуство со деца и драмски автор. Автор е на песни, радио драми, сценарија за разни културни манифестации, телевизиски и радио емисии, како и 27 театарски текстови за деца.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Афродита Кирјаковска на Семрежната филмска база на податоци (англиски)