Росана Тодоровска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Росана
Роден(а)Куманово, Македонија Македонија
ПотеклоМакедонија
Жанровимакедонска нарордна музика
Период на активност1991 - денес

Росана Сариќ - Тодоровска (Куманово, 14 декември 1964) — македонска пејачка на народна музика. Таа живее и работи во Скопје. Во почетокот настапувала со нејзината сестра Маријана, во дует познат како Маријана и Росана, но подоцна кога нејзината сестра се иселува во Австралија, таа продолжува соло. Росана понекогаш настапува со групата наречена „Четири грации“, каде покрај Росана се и Благица Павловска, Адријана Алачки и Бади Бекир. Мажена е за македонскиот глумец Ѓорѓи Тодоровски - Трупче.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Росана за првпат јавно настапува во дует со својата сестра близначка на 17-годишна возраст. Кариерата ја започнува со интерпретации на поп мелодии, но нејзиниот интерес се менува па денес е една од ѕвездите на фолк естрадата. Од 1991 година започнува нејзината соло кариера. Има испеано голем број хитови, остварено соработка со многу еминентни автори. Често е присутна на фестивалските сцени а како најнов нејзин проект е Грации кој е вистинско освежување за нашата естрада.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Кои се најстабилни бракови на домашната естрада?“. Backstage. 27 март 2009. Архивирано од изворникот на 2011-07-03. Посетено на 2011-10-24.
  2. „Биографии на „Четирите грации". Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2011-10-24.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Музичкото портфолио на Росана може да го најдете на ВБУ Музички Регистар (www.muzichkiregistar.com)

https://www.muzichkiregistar.com/ContributorDetails.aspx?id=24179