Хазнатар

Координати: 41°10.51′N 23°14.8′E / 41.17517° СГШ; 23.2467° ИГД / 41.17517; 23.2467
Од Википедија — слободната енциклопедија
Хазнатар
Χρυσοχώραφα
Хазнатар is located in Грција
Хазнатар
Хазнатар
Местоположба во областа
Хазнатар во рамките на Долна Џумаја (општина)
Хазнатар
Местоположба на Хазнатар во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°10.51′N 23°14.8′E / 41.17517° СГШ; 23.2467° ИГД / 41.17517; 23.2467
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаДолна Џумаја
Општ. единицаДолна Џумаја
Надм. вис.&1000000000000003000000030 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно841
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Хазнатар (грчки: Χρυσοχώραφα, Хрисохорафа; до 1926 г. Χαζνατάρ, Хазнатар[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци и нешто Роми.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Серкото Поле северозападно од град Сер и западно од Долна Џумаја. Лежи близу источниот брег на Бутковското Езеро.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманскосто Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век Хазнатар бил мал чифлик во Серската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хазнатар (Haznatar) било село со 15 домаќинства сочинети од 46 Македонци.[4][5] Во селото работела грчката пропаганда.

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Хазнатар-маала, чифлик на една серска беговска куќа; на И од Борсук 12 час. Црква „Св. Богородица“; се служи на грчки. 50 македонски куќи[6] и 10 ромски. Училиште грчко со 30 ученици.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото брои 560 жители, од кои 500 Македонци христијани и 60 Роми.[4][8]

По Илинденското востание на почетокот на 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда.[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Хазнатар се состоело од 280 жители Македонци, сите под Егзархијата.[4] Во селото работело бугарско основно училиште.[10]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото имало 306 жители.[3] По Првата светска војна голем дел од населението се иселил во Пиринска Македонија — претежно во Петрич и околината. Хазнатар отсуствува од пописот во 1920 г. веројатно бидејќи тогаш бил напуштен[3] Во 1920-тите во селото се доселени Гагаузи од Источна Тракија.[11] На пописот од 1928 г. Хазнатар се води со 606 жители,[3] од кои 571 лице (145 семејства) биле доселеници, а остатокот мештани.[12]

Во 1926 г. селото е преименувано во Хрисохорафа.[13] Во 1935 г. по извршените мелиорации во Хазнатар биле сместени уште колонистички семејства,[3] како и жителите на македонското село Али Паша

Во 1950-тите еден дел од жителите се иселиле во САД. Поголемиот дел од нив се сместиле во предградие на Бостон и одржувале врски со Хазнатар.[14]

Месности во Хазнатар преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
Име Грчки Ново име Грчки Описание
Али паша[15] Άλή Πασά Тригонометрико Τριγωνομετρικό[16] возвишение на И од Хазнатар (31,8 м)[15]
Али-паша Орман[15] Άλή Πασά Όρμάν Амудиес Αμμουδιές[16] месност на З од Хазнатар, на брегот на Бутковското Езеро[15]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.315 1.894 2.222 1.729 1.533 1.454 1.347 1.023
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 267. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 120–121. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
  7. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 849.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 177. ISBN 954430424X.
  9. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 126.
  10. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 198–199.
  11. Булгар, Степан С. Гагаузы в Греции, - в: Гагаузы в мире и мир гагаузов, Том I, Гагаузы в мире, Комрат-Кишинёв, 2012, с. 423, 426.
  12. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  13. Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  14. Булгар, Степан С. Гагаузы в Греции, - в: Гагаузы в мире и мир гагаузов, Том I, Гагаузы в мире, Комрат-Кишинёв, 2012, с. 426.
  15. 15,0 15,1 15,2 15,3 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  16. 16,0 16,1 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1043. 1968. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  17. Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 106.