Бурсук
Бурсук Λιμνοχώρι | |
---|---|
Координати: 41°11.24′N 23°11.13′E / 41.18733° СГШ; 23.18550° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Долна Џумаја |
Општ. единица | Долна Џумаја |
Надм. вис. | 20 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Бурсук (грчки: Λιμνοχώρι, Лимнохори; до 1927 г. Μπουρσούκι, Бурсуки[1]) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[2]
Географија
[уреди | уреди извор]Бурсук се наоѓало југозападно од Валовишта. Денес е потопено од водите на Бутковското Езеро кога било претворено во вештачко.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бурсук (Boursouk) било село во Серската каза со 15 домаќинства сочинети од 49 Македонци.[3][4]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Борсук, чифлик, од кој дел му припаѓа на х. Ахмет-ефенди; 2 часа на З од Џумаја. Излегуваат прочуени дињи; 60 куќи Македонци.[5][6] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото брои 360 жители, сите Македонци христијани.[3][7]
Сите христијани во Бурсук биле под врховенството на Цариградската патријаршија и во него работела грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Бурсук (Boursouk) живееле 480 Македонци, сите под Патријаршијата.[3] Во селото имало грчко основно училиште со 1 учител и 20 ученици.[8]
Во Грција
[уреди | уреди извор]За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Жителите на селото, заедно со оние на Мантар и Пурлида им се протиставувале на грчките денационализаторски мерки и одбивале да плаќаат владичина, да се поздравуваат на грчки за Велигден, да признаваат грчки поп и да одат во црква, а децата не ги пуштале во училиште бидејќи во него бил воведен грчкиот јазик.[9] Во 1913 г. селото имало 688 жители, а во 1920 г. попишани се 682 лица.[2]
Во 1923 г. во близина на селото војводата Тома Радовски е тешко ранет во двете нозе при ожесточена престрелка со грчка војска.[10] Во 1924 г. под присила 172 лица се иселиле во Бугарија, а на нивно место се доведени грчки колонисти.[2] Во 1928 г. селото е заведено како мешана населба со 657 жители, од кои 175 лица (27 семејства) биле дојденци, а остатокот македонски мештани.[11]
По поплавата од 1936 г. населението е иселено во Хазнатар, и така Бурсук е напуштен.[12]
Личности
[уреди | уреди извор]- Георги Баџов — револуционер, деец на ВМОРО, загинал пред 1918 г.[13]
- Никола Аврамов — свештеник и революционер, деец на ВМОРО, умрел по 1918 г.[13]
- Никола Петков (? – 1913) — борец во МОО, III и Нестројна чета на V Одринска дружина, ранет во Првата балканска војна 28 јануари 1913 година, безследно изчезнал в Междусъюзническата на 16 юни 1913 година[14]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 187. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 120–121. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијанието на бугарската пропаганда.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 849.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 177. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 198–199.
- ↑ Цокова, Полина (2009). „Дейността на Неврокопската митрополия в периода на войните 1912 - 1919 година“. Исторически преглед. София: Институт по история при БАН. 65 (1–2): 95.
- ↑ ЦДА, ф. 1909, оп. 2, а. е. 430, л. 12-13; ф. 3, оп. 12, а. е. 1294, л. 1-2.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 84.
- ↑ 13,0 13,1 Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 106.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 550. ISBN 954-9800-52-0.
|