Просеник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Просеник
Σκοτούσσα
Железничката станица во Просеник
Железничката станица во Просеник
Просеник is located in Грција
Просеник
Просеник
Местоположба во областа
Просеник во рамките на Долна Џумаја (општина)
Просеник
Местоположба на Просеник во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°7.41′N 23°22.49′E / 41.12350° СГШ; 23.37483° ИГД / 41.12350; 23.37483Координати: 41°7.41′N 23°22.49′E / 41.12350° СГШ; 23.37483° ИГД / 41.12350; 23.37483
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаДолна Џумаја
Општ. единицаПросеник
Надм. вис.&1000000000000002500000025 м
Население (2021)
 • Вкупно795
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Просеник Σκοτούσσα, Скотуса, до 1926 година Πρόσνικ, Просник[1]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено населено исклучиво со Македонци, а денес тие се огромно мнозинство.[2]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 15 км северозападно од градот Сер, на железничката линија Кулата - Валовишта - Сер - Драма.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век и почетокот на XX век Просеник било чисто македонско село во Серската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Просеник (Prossénik) било село со 112 домаќинства сочинети од 380 Македонци.[3][4]

Во 1891 г. Георги Стрезов го посочува селот како дел од областа Овакол и вели:

Просеник, 212 час на З од Сер; пат рамен, но каллив. Еден дел од земјата е чифлик на многу сопственици. Нова гркоманска црква „Св. Ѓорѓи“ со убава ѕвонарница; грчко училиште со 45 ученици. 70 куќи македонски.[5][6]

Во 1891 г. Васил К’нчов го посетил Серско и го забележал следново за стопанскиот напредок на Просеник:

Особено е збогатено с. Просеник, кое лежи на многу плодна земја; се откупило од својот, не не го изгубило неговото покровителство. За малку години селото сосема се преобразило, ги снемало бедните колипки и наместо нив се појавиле убавички двокатни куќи. Дворовите се заградени. Селаните имаат прекрасна црква и добро училиште, одат во град со коњи, облечени чисто и пристојно. Одат на Св. Гора; некои стасале дури до Ерусалим. Сите околни села гледаат со завист на просеничани.[7]

Според статистиката на К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 900 жители, сите Македонци христијани.[3][8] Сите христијани во Просеник биле под врховенството на Цариградската патријаршија и во него работела грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото живееле 1.280 Македонци патријаршисти. Во селото имало грчко основно училиште со 1 учител и 30 ученици.[3][9]

На почетокот на 1909 г. околу 60 семејства од селото прешле под врховенството на Бугарската егзархија.[10] Според егзархискиот училиштен инспектор в Сер Константин Георгиев во 1910 г. во Просеник учителствувале Стоил Димитров и З. Стојанова. Имало 45 ученици (25 машки и 20 женски). Училиштето го користеле само гркоманите.[11]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 913 жители, а во 1920 г. тоа се намалило на 774 лица, што се должи на извесно иселување непосредно по Првата светска војна.[2] Во 1924 г. власта тука доселила 263 грчки колонисти.[2] Во 1926 г. селото е преименувано во Скотуса по античкиот град со тоа име согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.[12]

Во 1920-1927 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“.[13]

На пописот од 1928 г. селото имало 1.307 жители, од кои Македонците биле апсолутно мнозинство.[2]

Месности во Просеник преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Капсида Καψίδα Агона Άγονα[14]
Кондур Караагач[15] или Кудур Караагач[16] Κουντούρ Καραγάτς Микра Дендра Μικρά Δένδρα[14] возвишение на ЈЈЗ од Топалово[16] (26 м)[15]
Малаалпи Μαλααλπί Мистри Μυστρί[14]
Корасмат Κορασμάτι Дијаставросис Διασταύρωσις[14]
Копла[16] Κόπλα Скамата Σκάμματα[14] месност на ССИ од Просеник, по левиот брег на Белица[16]
Трнок[16] Ταρνόκι Петалон Πέταλλον[14] месност на ССИ од Просеник, по левиот брег на Белица[16]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1.499 1.584 1.792 1.451 1.534 1.649 1.440 1.415
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 263. ISBN 9989-9819-6-5.
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 116–117. ISBN 954-8187-21-3.
  5. Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
  6. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 841.
  7. Кънчов, Васил. „Избрани произведения“, Том I, София, 1970, стр.74-75.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 176. ISBN 954430424X.
  9. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 198–199.
  10. Йордан Иванов. „Български старини из Македония“. София, 1931, стр. 224.
  11. Галчев, Илия. „Българската просвета в Солунския вилает“, УИ, 2005, София, стр. 142 – 143.
  12. Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012, Посетено на 20 јуни 2012
  13. „Ιερός Ναός Ἁγίου Γεωργίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 16 октомври 2019.
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 14,5 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1043. 1968. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  15. 15,0 15,1 Serrai GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. London: War Office. 1944. Text "610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University " ignored (help)
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 16,4 16,5 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  17. 17,0 17,1 17,2 17,3 17,4 Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 24, 109, 498, 560, 635. ISBN 954-9800-52-0.
  18. „Δούμπας Αντώνιος - Μακεδονομάχοι“. macedonian-fighters.com. Посетено на 22 септември 2021.
  19. Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 106.
  20. „Τσιάταρος Ζάμπρης - Μακεδονομάχοι“. macedonian-fighters.com. Посетено на 22 септември 2021.
  21. Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 37.
  22. „Μήλιος Ηλίας - Μακεδονομάχοι“. macedonian-fighters.com. Посетено на 22 септември 2021.
  23. „Παπανικολάου Κωνσταντίνος (2) - Μακεδονομάχοι“. macedonian-fighters.com. Посетено на 2021-09-22.
  24. „Ζεμπίρης Θωμάς - Μακεδονομάχοι“. macedonian-fighters.com. Посетено на 22 септември 2021.