Прејди на содржината

Али Паша (Серско)

Координати: 41°11.24′N 23°14.40′E / 41.18733° СГШ; 23.24000° ИГД / 41.18733; 23.24000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Али Паша
Νεροχώρι
Али Паша is located in Грција
Али Паша
Али Паша
Местоположба во областа
Али Паша во рамките на Долна Џумаја (општина)
Али Паша
Местоположба на Али Паша во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°11.24′N 23°14.40′E / 41.18733° СГШ; 23.24000° ИГД / 41.18733; 23.24000
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаДолна Џумаја
Општ. единицаДолна Џумаја
Надм. вис.&1000000000000003000000030 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Али Паша (грчки: Νεροχώρι, Нерохори; до 1927 г. Αλή Πασά, Али Паса[1]) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.[2]

Географија

[уреди | уреди извор]

Остатоците од селото се наоѓаат на неколку километри западно од Долна Џумаја во правец на Хазнатар.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX и почетокот на XX век Али Паша било чисто македонски чифлик во Серската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Али Паша (Ali-pacha) било село во Серската каза со 40 домаќинства сочинети од 140 Македонци.[3][4]

В 1891 година Георги Стрезов пише за селото:

Али Паша, чифлик на Париш Андонаки од Сер; до Џумаја 34 час; пат рамен. Земја плодна до немајкаде. Одат во црква во Хазнатар.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото брои 384 жители Македонци христијани.[3][6]

Во првата деценија на XX век населението на Али Паша (Ali-Pacha) било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. населението на селото се состоело од 280 Македонци патријаршисти.[3][7]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 384 жители, а во 1920 г. тие се намалиле на само 84 лица, што значи дека селото настрадало во Првата светска војна.[2]

Во 1928 г. селото е попишано со 62 жители, од кои само 4 грчки дојденци.[2] Сè до регулацијата на Струма и создавањето на вештачкото Бутсковско Езеро во 1930-тите селото страдало од поплави поради неговата местоположба помеѓу два тогашни ракава на реката.[8][9]

Со растежот на Хазнатар, Али Паша било припоено кон него. Престанало да постои како одделно село во 1951 г. Во 1968 г. со службен указ месноста е преименувана во Тригонометрико (Τριγωνομετρικό)[10]

Личности

[уреди | уреди извор]
  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 266. ISBN 9989-9819-6-5.
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 120–121. ISBN 954-8187-21-3.
  5. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 849.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 177. ISBN 954430424X.
  7. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 198–199.
  8. Υδραυλικά έργα πεδιάδων Σερρών & Δράμας - Κύρια έργα. Μονκς-Γιούλεν. 1932. Посетено на 12 јули 2023.
  9. „Gov.gr - Θέαση“. gov.gr. Архивирано од изворникот на 2024-05-27. Посетено на 25 јули 2023.
  10. Φύλλο της Εφημερίδας της Κυβερνήσεως (ΦΕΚ) 146Α΄/6-7-1968. Αθήνα: Εθνικό Τυπογραφείο. стр. 1043.
  11. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 539. ISBN 954-9800-52-0.