Баракли (Серско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Баракли
Βαλτερό
Баракли is located in Грција
Баракли
Баракли
Координати: 41°10′N 23°13′E / 41.167° СГШ; 23.217° ИГД / 41.167; 23.217Координати: 41°10′N 23°13′E / 41.167° СГШ; 23.217° ИГД / 41.167; 23.217
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски округ
ОпштинаДолна Џумаја
Општ. единицаДолна Џумаја
Надм. вис.&1000000000000005400000054 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно1.335
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Баракли или Бајракли (грчки: Βαλτερό, Валтеро)[2] — село во Долна Џумаја во Серски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 22 километри северозападно од градот Сер и на 4 километри источно од Долна Џумаја.

Селото се наоѓа на надморска височина од 29 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во Демирхисарската каза во составот на Отоманското Царство. Селото било населено со мешано население.

Во Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, селото се состоело од 120 семејства со 40 Турци и 330 Македонци[3][4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 300 Македонци, 300 Турци, 100 Черкези и 30 Цигани[5][6]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 480 македонски гркомани[5][7].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција.

Во 1927 година, селото било прекрстено во Валтеро[8].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле сместени 99 грчки семејства со 436 лица[9]. Во 1928 година, бројот на населението бил 2306 лица, додека во 1940 година селото броело 3114 жители.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Στέρνα
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 136-137.
  5. 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 176.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 188-189.
  8. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  9. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928