Долап (село)

Координати: 41°10.5′N 23°17.20′E / 41.1750° СГШ; 23.28667° ИГД / 41.1750; 23.28667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Долап
Ζευγολατειό
Куќи и ниви во Долап
Куќи и ниви во Долап
Долап is located in Грција
Долап
Долап
Местоположба во областа
Долап во рамките на Долна Џумаја (општина)
Долап
Местоположба на Долап во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°10.5′N 23°17.20′E / 41.1750° СГШ; 23.28667° ИГД / 41.1750; 23.28667
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаДолна Џумаја
Општ. единицаДолна Џумаја
Надм. вис.&1000000000000003300000033 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно450
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Долап (грчки: Σαρακατσαναίικο, Саракацанејко; до 1927 г. Δολάπ, Долап[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Населението било етнички мешано.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Серското Поле, на 28 км северозападно од Сер и на 2 км јужно од Долна Џумаја.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

На крајот на XIX век Долап било мало македонско чифлигарско село.[3]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Долап-чифлик (Dolap-tchiflik) било село во Серската каза со 6 домаќинства сочинети од 26 Македонци.[4][5]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Долап-чифлик (Dolap-chiflik) живееле 120 Грци.[6] Ова е погрешен податок.[3]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Селото се растурило во воените немири, така што во на пописот од 1913 г. се води како напуштено.[3] Растурениот чифлик бил откупен од неколку сточарски семејства Власи-Каракачани.[3] Затоа, во 1927 г. селото по нив е преименувано во Саракацанекко, во превод каракачанско.

Во 1928 г. селото е попишано со 59 жители, меѓу кои биле и 5 нови дојденци.[3] Во следниот период населението на Долап значително пораснало. Меѓутоа, во 1970-тите подоцна почнало на големо да се иселува во градовите, иако продолжило да ги обработува своите имоти во Долап.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 91 108 123 52 7 0 58 0
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности[уреди | уреди извор]

  • Петар Илиев (1889 – ?) — борец во МОО, I чета на VII Кумановска дружина[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 194–195. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 120–121. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.
  7. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 315. ISBN 954-9800-52-0.