Прејди на содржината

Турбеш

Координати: 41°4.3′N 23°17.9′E / 41.0717° СГШ; 23.2983° ИГД / 41.0717; 23.2983
Од Википедија — слободната енциклопедија
Турбеш
Μακρυώτισσα
Турбеш is located in Грција
Турбеш
Турбеш
Местоположба во областа
Турбеш во рамките на Долна Џумаја (општина)
Турбеш
Местоположба на Турбеш во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°4.3′N 23°17.9′E / 41.0717° СГШ; 23.2983° ИГД / 41.0717; 23.2983
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаДолна Џумаја
Општ. единицаОрљак
Надм. вис.&1000000000000009000000090 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Турбеш или Торбеш (грчки: Μακρυώτισσα, Макриотиса; до 1927 г. Τουρπές, Турпес[1]) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.[2]

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало на источните падини на Карадаг. Лежело југозападно од Сер и на околу 3 км северозападно од Орљак.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Турбеш (Tourbèche) било село во Серската каза со 15 домаќинства сочинети од 50 Македонци.[3][4]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Турбеш, чифлик на Стерја Дуру, на З од градот до 5 часа. Сместено е кај подножјето на планината, недалеку од Струма. Земја за работа сосем малку во полето. 30 куќи, Македонци;[5] грчка црква.[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Трбеш било село во Нигритската нахија на Серската каза со 350 жители, сите Македонци христијани.[3][7]

Целото население на Турбеш било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Торбеш (Torbech) живееле 96 Македонци патријаршисти.[3][8]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Селото настрадало во Втората балканска војна до тој степен што во 1913 г. е заведено како напушено.[3] Во 1920 г. населението броело 189 жители, но малку потоа сите се иселиле во Бугарија, а на нивно место доведени се грчки колонисти.[2] На пописот од 1928 г. селото се води како чисто дојденско со 202 лица (49 семејства).[9]

  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 266. ISBN 9989-9819-6-5.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 118–119. ISBN 954-8187-21-3.
  5. Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
  6. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 844–845.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 179. ISBN 954430424X.
  8. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 198–199.
  9. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012