Кајали (Серско)

Координати: 41°8.4′N 23°13.18′E / 41.1400° СГШ; 23.21967° ИГД / 41.1400; 23.21967
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кајали
Λιθότοπος
Поглед на селото од Бутковското Езеро
Поглед на селото од Бутковското Езеро
Кајали is located in Грција
Кајали
Кајали
Местоположба во областа
Кајали во рамките на Долна Џумаја (општина)
Кајали
Местоположба на Кајали во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°8.4′N 23°13.18′E / 41.1400° СГШ; 23.21967° ИГД / 41.1400; 23.21967
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаДолна Џумаја
Општ. единицаДолна Џумаја
Надм. вис.&1000000000000004500000045 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно450
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Кајали (грчки: Λιθότοπος, Литотопос; до 1927 г. Καγιαλή, Кајали[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век Кајали било мало село во Серската каза.

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Кајли, сместено во пазувите Круша, близу источниот брег на Бутковското Езеро. Се наоѓа на ЈЗ од Џумаја 312 часа. 120 турски куќи и 10 ромски.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Канли брои 420 жители, од кои 300 Турци и 120 Роми.[4]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 268 жители, а во 1920 г. се намалило на 115 лица.[5]

Во 1924 г. населението како муслиманско е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место власта довела грчки колонисти. На пописот од 1928 г. селото е заведено како чисто дојденско[6] со 114 жители.[5]

Поради поволната местоположба во Кајали се доселиле жители од попасивните села. Така, во 1940 г. селото имало 334 жители. Особен прилив на дојденци имало во 1950-тите, кога во него се сместиле и жителите на напуштеното Ортаќој (Орта Маало). Подоцна населението почнало да опаѓа поради иселување во поголемите градови.[5]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 334 343 829 663 545 620 698 692
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 850.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 177. ISBN 954430424X.
  5. 5,0 5,1 5,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 256. ISBN 9989-9819-6-5.
  6. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012