Спатово (Серско)
| Спатово Κοίμηση | |
|---|---|
|
Местоположба во областа | |
| Координати: 41°12.46′N 23°18.1′E / 41.20767°N 23.3017°E | |
| Земја | Грција |
| Област | Централна Македонија |
| Округ | Серски |
| Општина | Долна Џумаја |
| Општ. единица | Долна Џумаја |
| Надм. вис. | 38 м |
| Население (2021)[1] | |
| • Вкупно | 1.148 |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Спатово (грчки: Κοίμηση, Кимиси; до 1927 г. Σπάτοβον, Спатовон) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.[2]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во Серското Поле, северозападно од градот Сер и северно од Долна Џумаја. Лежи близу источниот брег на Бутковското Езеро. Денес е споено со Ерниќој.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX г. Спатово било чисто македонско село во Демирхисарската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Спатово (Spatovo) било село со 185 домаќинства сочинети од 630 Македонци.[3][4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото броело 1.350 жители, сите Македонци христијани.[3][5]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
| „ | Спатово, село и чифлик на ЈЗ од Демир Хисар, сред патот за Џумаја. Блатеста и многу плодна почва; тераат свињи. Грчка црква, навремени, и училиште.[6] | “ |
По Илинденското востание во 1904 г. поголем дел од селото прешол под врхвеноството на Бугарската егархија.[7] Во селото сепак продолжиле да работат двете пропаганди — и грчката и бугарската. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Спатово се остоело од 2.000 жители, од кои 1.280 Македонци егзархисти и 720 Македонци патријашристи.[3] Во селото работело бугарско основно училиште со 1 учител и 100 ученици и грчко училиште со 2 учители и 5 ученици.[8] Но според Христо Силјанов, по Илинденското востание на почетокот на 1904 г. целото село прешоло под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
Во Грција
[уреди | уреди извор]За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година селото имало 1.167 жители.[2] Голем дел од населението било приморано да се исели во Пиринска македонија — претежно во Петрич, Свети Врач и околината. Така, на пописот од 1920 г. Спатово спаднало на 709 жители.[2] Иселувањата продолжиле и во 1920-тите, а власта во селото довела грчки колонисти од Мала Азија. На пописот од 1928 г. Спатово се води како етнички мешано село со вкупно 1.145 жители,[2] од кои 483 лица (120 семејства) биле грчки дојденци, а остатокот Македонци.[9]
Во 1927 г. селото е преименувано во Кимисис, во превод успение.[10]
Доселувањето на грчки семејства продолжило и понатаму, поради што во 1940 г. селото пораснало на 1.711 жители.[2] Растот продолжил и понатаму, овојпат поради доселување на жители од планинските села, привлечени од плодната земја. Во поновиот период бројот на жители сепак бележи пад поради иселување во градовите.[2]
| Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
|---|---|---|---|---|
| Турлино[11] или Турлин[12] | Τουρλίν | Мескион | Μεσκίον[13] | месност на С од Спатово;[12] |
| Буница[12] | Μπουνίτσα | Ксиногало | Ξινόγαλο[13] | месност на СИ од Спатово[12] |
Население
[уреди | уреди извор]Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
| Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Население | 1.711 | 2.470 | 2.561 | 2.087 | 2.008 | 1.653 | 1.539 | 1.414 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
[уреди | уреди извор]- Давко Спатовали — револуционер, четник на Коста Мухчината, брат на Илија Спатовали[14]
- Димитар Мазнејков (1926 – 2011) — стопански деец во Бугарија, агроном
- Дине Спатовали, — револуционер, фатен во 1897 г. и во 1904 г. сè уште бил во Серскиот затвор[14]
- Илија Спатовали — револуционер, брат на Давко Спатовали, четник на Коста Мухчината[14]
- Лазар Гајдаров — револуционер, деец на ВМОРО, загинал пред 1918 г.[15]
- Тома Џанкушев — револуционер, деец на ВМОРО, загинал пред 1918 г.[15]
- Христо Лазаров — револуционер , деец на ВМОРО, загинал пред 1918 г.[15]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- 1 2 3 4 5 6 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 208. ISBN 9989-9819-6-5.
- 1 2 3 Како што е општопознато, Македонците во отоманскиот период од различни автори, но особено во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 136–137. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 859.
- 1 2 Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 126.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 188–189.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 208.
- 1 2 3 4 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- 1 2 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1045. 1968. Занемарен непознатиот параметар
|month=(help) - 1 2 3 Гоце Делчев: Спомени, документи, материали. София: Наука и изкуство. 1978. стр. 392.
- 1 2 3 Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 106.
| ||||||||||||||||||||||