Орманли (Серско)

Координати: 41°09.48′N 23°16.05′E / 41.15800° СГШ; 23.26750° ИГД / 41.15800; 23.26750
Од Википедија — слободната енциклопедија
Орманли
Δασοχώρι
Орманли is located in Грција
Орманли
Орманли
Местоположба во областа
Орманли во рамките на Долна Џумаја (општина)
Орманли
Местоположба на Орманли во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°09.48′N 23°16.05′E / 41.15800° СГШ; 23.26750° ИГД / 41.15800; 23.26750
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаДолна Џумаја
Општ. единицаДолна Џумаја
Надм. вис.&1000000000000003000000030 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно834
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Орманли или Орманлија (грчки: Δασοχώρι, Дасохори; до 1927 г. Ορμανλή, Орманли[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Серското Поле северозападно од Сер и југозападно од Долна Џумаја. Лежи близу до источниот брег на Бутковското Езеро.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век Орманли било чисто македонско село во Серската каза на Серскиот санџак.

Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во Орманле (Ormanlé) имало 6 домаќинства сочинети од 26 жители Македонци.[4][5]

В 1891 година Георги Стрезов пише за селото:

Орманли, 12 час на Ј од Џумаја. Сите земјоделци; освен жита, земјата дава квалитетен памук и малку тутун. 12 македонски куќи,[6] 90 турски, 40 черкески и 30 ромски.[7]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век селото имало 300 жители Македонци.[4][8]

Сите жители на Орманли биле под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Орманлија (Ormanlia) живеле 144 Македонци патријаршисти и 36 Роми.[4][9]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во Орманли се попишани 318 жители, а во 1920 г. населението пораснало на 345 лица.[3] Населението им се спротиставувало на силните притисоци на власта да се иселат, па затоа во селото насила биле доведени грчки колонисти. Најпрвин власта ги привремено ги ставила дојденците да живеат во македонските домови заедно со нивните стопани, а потоа ги префрлила во нови куќи.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Дасохори, но промената официјално стапила на сила следната 1927 г.[2] На пописот од 1928 г. селото било етнички мешано со 922 жители, од кои 540 лица (134 семејства) биле грчки дојденци.[10]

Месности во Орманли преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Амуш Пеливан[11] Άμούς Πελιβάν Палестра Παλαίστρα[12] местност на ЈЈЗ от Орманли[11]
Чавдарка[11] Τσαβδάρκα Сикалотопос Σικαλότοπος[12] местност на ЈИ од Чавдар;[11]
Коли Бунар[11] Κολί Μπουνάρ Пиги Πηγή[12] месност на Ј од Орманли[11]
Орман[11] Πτελέα Όρμάν Фтелиес Φτελιές[12] месност на ЈЗ од Орманли[11]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 884 1.112 1.257 1.097 1.145 1.028 974 834
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 262–263. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 118–119. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
  7. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 850.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 177. ISBN 954430424X.
  9. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.
  10. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 11,6 11,7 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1042. 1968. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]