Фогтај (Тирингија)
Изглед
| Фогтај | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Тирингија |
| Округ | Унштрут-Хајних |
| Месни единици | 3 |
| Градоначалник | Кристијан Хехт (независен) |
| Основни податоци | |
| Површина | 49,50 км2 |
| Надм. височина | 227 м |
| Население | 4.260 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 86 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | UH |
| Пошт. бр. | 99986 |
| Повик. бр. | 03601 |
| Местоположба на Фогтај во рамките на округот Унштрут-Хајних | |
![]() | |
| Координати | 51°9′25″N 10°25′40″E / 51.15694°N 10.42778°E |
Фогтај (германски: Vogtei) — општина во округот Унштрут-Хајних, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Била создадена на 31 декември 2012 со спојување на поранешните општини Лангула, Нидердорла и Обердорла.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Фогтај се наоѓа во јужниот дел на округот Унштрут-Хајних, јужно од окружниот град Милхаузен.
Општински единици
[уреди | уреди извор]Општината Фогтај е составена од следниве места:
- Обердорла
- Нидердорла
- Лангула
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Општината се граничи со Родеберг и Милхаузен на север, Оперсхаузен и Камерфорст на југ, со општините Наца и Халунген од округот Вартбург на југозапад, како и со местото Хајероде на општината Зидајхсфелд на запад.
Центар на Германија
[уреди | уреди извор]Во местото Нидердорла се наоѓа центарот на Германија. Оваа точка е одредена како средна вредност од координатите на најсеверната и најјужната, како и на најисточната и најзападната точка.
- Кајзерлинде во географскиот центар на Фогтај
- Фогтај
- Историска порта
- Езерце во Фогтај
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Фогтај (Тирингија) на Ризницата ?
|
| Оваа статија за место во округот Унштрут-Хајних е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |


