Нотертал-Хајлингер Хеен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нотертал-Хајлингер Хеен

Nottertal-Heilinger Höhen

Реката Нотер во Шлотхајм
Реката Нотер во Шлотхајм
Нотертал-Хајлингер Хеен is located in Германија
Нотертал-Хајлингер Хеен
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Унштрут-Хајних
Градски единици 6
Основни податоци
Површина 75,95 км2
Надм. височина 243 м
Население 5.963  (31 декември 2018)
 - Густина 79 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. UH, LSZ, MHL
Пошт. бр. 99994
Повик. бр. 036021, 036043
Местоположба на градот Нотертал-Хајлингер Хеен во рамките на округот Унштрут-Хајних
Карта
Координати 51°14′49″N 10°39′23″E / 51.24694° N; 10.65639° E / 51.24694; 10.65639Координати: 51°14′49″N 10°39′23″E / 51.24694° N; 10.65639° E / 51.24694; 10.65639

Нотертал-Хајлингер Хеен (германски: Nottertal-Heilinger Höhen) — мал град во округот Унштрут-Хајних, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Бил создаден на 31 декември 2019 година со спојување на поранешниот град Шлотхајм и поранешните општини Ботенхајлинген, Исерсхајлинген, Клајнвелсбах, Нојнхајлинген и Обермелер.

Името го добило по реката Нотер и ридскиот масив Хајлингер Хеен.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Нотертал-Хајлингер Хеен се наоѓа во средишниот дел на Германија. Во северниот дел на градското подрачје тече Нотер, притока на Унштрут.

Најниска точка во градот е западно од Клајнвелсбах во долината на малата река Велсбах на 190 метри, додека највисоката точка е на 436 метри близу Ментерода.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Градот Нотертал-Хајлингер Хеен се состои од шест единици.[1] Поранешните места на градот Шлотхајм, Мерштет и Хоенберген, го изгубиле својот статус на посебна единица.[2]

Соседни општини[уреди | уреди извор]

Градот се граничи со следниве градови и општини (од север надесно): Ментерода, Холцзусра, Ебелебен, Маролтероде, Кирхајлинген, Бад Лангензалца, Унштрут-Хајних, Кернер und Милхаузен.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]