Ахен: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information |
с додадена Категорија:Слободни царски градови using HotCat |
||
Ред 84: | Ред 84: | ||
[[Категорија:Окрузи во Германија]] |
[[Категорија:Окрузи во Германија]] |
||
[[Категорија:Рајнска област]] |
[[Категорија:Рајнска област]] |
||
[[Категорија:Слободни царски градови]] |
Преработка од 17:37, 9 септември 2015
Ахен | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Неважечка покраина: „North Rhine-Westphalia“ |
Адм. подрач. | Келн |
Округ | Aachen |
Градоначалник | Marcel Philipp (ДХС) |
Владејачки партии | ДХС / Зелени |
Основни податоци | |
Површина | 160,83 км2 |
Надм. височина | 266 м |
Население | 248.878 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 1.547 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | AC |
Пошт. бр. | 52062–52080 |
Повик. бр. | 0241 / 02405 / 02407 / 02408 |
Портал | www.aachen.de |
Местоположба на градот Ахен во рамките на округот Aachen | |
Координати | 50°46′31″N 6°4′58″E / 50.77528° СГШ; 6.08278° ИГД |
Ахен (германски: Aachen, француски: Aix-la-Chapelle, холандски: Aken, латински: Aquisgranum, локален дијалект: Oche) е град и бања во германската сојузна држава Северна Рајна-Вестфалија, на граница со Холандија и Белгија, 65км западно од Келн. Ахен е најзападен град на Германија.
Историја
Градот првин го населиле Римјани во 1 век од новата ера. На местото на античката населба Карло Велики соградил дворец и катедрала по пример на катедралата од Равена, Сан Витале околу 800 година. Во неа бил крунисан неговиот син Лудвиг I Побожен во 813 година, како и скоро сите цареви на Римско-германските царства до 1513 година.
Градот бил центар на каролиншката култура и втор град во големина во царството на Карло Велики. По норманските пустошења во 881 година градот бил обновен во 983 година.
Царот Фридрих I издигнал цврсти ѕидини, кои подоцна уште повеќе ги појачал Фридрих II во 1215 година.
Во времето на верските равоти во 16 век градот страдал и почнал да го губи своето значење и своите привилегии, а посебно кога германските владетели го избрале Франкфурт на Мајна, како крунобден град.
Од 1801 година градот припаѓал на Франција, а во 1815 година на Прусија.
Во втората светска војна, како важен центар на прилазот на Рур во долготрајните и тешки борби бил готово потполно разрушен.
Географски и демографски податоци
Градот се наоѓа на надморска височина од 173 метри. Површината на општината изнесува 160,8km². Во самиот град според проценките од 2010 година живееле 259,269 жители. Просечната густина на населението изнесувала 1,612ж/km². Претставува една од 10-те општински центри на округот и регион Ахен. Поседува регионална шифра (AGS) 5334002, NUTS (DEA21) и LACODE (DE AAH) код.
Во околината има јаглен и железна руда, бакарна руда и олово. Познат е по индустриските машини, вагони, сапуни, стакла. Покрај катедралата на Карло Велики, во која и тој самиот е погребан, тука е и готската зграда од 16 век, музеи и позната бања со термоминерални сулфурни извори.
Ахенскиот универзитет (RWTH Aachen), основан во 1870 година, е еден од водечките европски технички универзитети, посебно за електротехника и машинство, но и за информатика и физика. Универзитетската клиника Ахен е најголемата европска клиника во една зграда. Голем број на софтверски и компјутерски компании се разввиле во околината на Ахен.
Катедралата во Ахен е од 1978 година на листата на светските градби.
Надворешни врски
- Портал на општината (германски)
- Њем. Сојузен завод за статистика (германски)
- Постојана конференција на градови и општини (германски)
- -{KommOn}- - Информационен систем за градови, окрузи и општини (германски)
- План на населеното место на мапа (-{Mapquest}-)
- Галерија слика споменици и други градски знаменитости (-{Franz-Josef Wirtz}-)
- Ахен вчера и утре
- Ахен на туристичкиот водич на ВикиПатување
- Фото патопис на Ахен
|
Наводи
- ↑ „Населеност на местата“. Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија. 21 јуни 2021. (германски)
|