Сетоле
Сетоле | |
Координати 42°3′16″N 21°3′20″E / 42.05444° СГШ; 21.05556° ИГД | |
Општина | Тетово |
Население | 2 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1200 |
Шифра на КО | 28073 |
Надм. вис. | 950 м |
Слава | Мала Богородица |
Мреж. место | Сетоле |
Сетоле на општинската карта Атарот на Сетоле во рамките на општината | |
Сетоле на Ризницата |
Сетоле — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово.
Географија и местоположба
Сетоле е едно од најопеаните тетовски села. Оддалечено е од Тетово 12 километри, а од селото Џепчиште до Сетоле води 5 километри асфалтиран пат. Стуткано длабоко во подножјето на Шар Планина, на 1.000 метри просечна надморска височина, денес е пример на селата кои одумираат и се раѓаат едновремено.
Соседни села на селото Сетоле се: Отуње од исток, Ѓермо од запад, Лавце и Селце од југозапад, и Једоарце од југ.
Одредени места во атарот на селото ги носат следните имиња: Волче, Требеница, Османица, Коштанлиќе, Ѓорчеи Падини, Под Гумно, Пеленица, итн.[2]
Историја
Според турски документи од 1628 година Сетоле се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 25 христијански семејства (ханета).[3]
Некогаш, на крајот од 19-от и почетокот на дваесеттиот век, Сетоле имало училиште со 70 ученици. Сетолци живееле од сточарство, особено со овчарството, но се занимавале и со овоштарство. Костените од Сетоле се многу ценети плодови. И оревите, исто така. Старата прочуена сорта Тетовско јаболко денес се уште може да се најде во питомите падини на Сетоле, чија зелена питомина се спојува со непрегледните пасишта под впечатливиот врв Плоча, на 2.000 метри надморска височина.
Летописот за Сетоле бележи еден долг период на молк, анонимност и децениско обезличување. Вечната сенка на македонскиот народ – печалбарството, овде оставаше свои траги, зошто благостостојбата во Сетоле секогаш се разминувала со вековната упатеност на барање издршка и поубав живот на сите одредишта каде со македонската душа живееја и живеат по светот.
Токму така зборуваат трите невести Сетолки во прочуената песна Огрејала месечина. Лирската мелодија на оваа народна песна е знак за препознавање на Сетолци.
Географски и по судбина се соседните села Отуње и Јадоарце. Сетоле е богато со чиста планинска вода. Овде прочуениот Студенец е еден од повеќето извори каде Сетолци и намерниците во селото уживаат во студената вода што упатува на помислата дека чистата планинска вода е индикатор на богатството на современиот свет.
Денес, Сетоле повторно е меѓу минатото и иднината. Голем број од старите куќи се обновени и се изградени викендици со што започна нов живот во селото. Пасиштата и натаму се без овци и претставуваат исчезната планинска романтика, но се јавуваат нови можности на идниот развој – ловниот туризам со Ловечкиот дом на ловното друштво Шар Планина од Тетово, а особено селскиот туризам, за што питомиот предел на Сетоле пружа извонредни услови.
Стопанство
Демографија
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сетоле живееле 330 жители, сите Македонци.[4]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сетоле имало 352 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година селото било дел од Џепчишка општина (со центар во Порој) и има 36 куќи со 216 жители, Македонци и Албанци.[6]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има само 2 житела, Македонци.[7]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[8]
Година | 1900 | 1905 | 1929 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 370[4] | 352[5] | 216[6] | 128 | 100 | 25 | 9 | 12 | 6 | 7 | 2 |
Родови
Сетоле е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се
- Бачовци (2 куќи), староседелци. Имаат иселеници во Скопје (едно семејство), Тетово (едно семејство) и во Габрово (едно семејство).
- Буневци (2 куќи), староседелци. од овој род потекнувала Мара Бунева, која е родена во Тетово. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство); Софија (едно семејство) и во Силистрa (едно семејство).
- Ѓуковци (2 куќи), староседелци. Имаат иселеници во Романија (едно семејство).
- Тасевци (2 куќи), староседелци. Имаат иселеници во Туденце.
- Фандевци (2 куќи), се викаат и Богдановци. доселени се од некое место Фанде во Албанија, по старото место на живеење го добиле името. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство), Русе (две семејства) и на други места.
- Џинлевци (1 куќа) доселени се од некое Шарпланинско село. Имаат иселеници во Тетово, Скопје, Белград и на други места.
- Бутковци (1 куќа), доселени се од околината на Призрен. Имаат иселеници во Бугарија (таму станал генерал).
- Мазниковци (1 куќа), исто така од призренско. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
- Филиповци (2 куќи), од призренско. Имаат иселеници во Бугарија (едно семејство).
- Пљешковци (2 куќи), од призренско.
- Дојчиновци (1 куќа), од призренско. Имаат иселеници во Скопје (едно семејство) и во Бугарија (едно семејство).
- Дуковци (1 куќа) од призренско.
- Ецо Рогопеч (1 куќа) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Брезно;
- Биљаковци (1 куќа) потекнуваат од предокот Костадин кој дошол од Вратница;
- Јосифовци (1 куќа) домаќинот во овој род е Саве. Тој е роден во Брезно, па го посиниле во Сетоле. Во Брезно припаѓал на родот Бојковци.[2]
Општествени установи
- Црква „Св. Богородица“ - Сетоле[9] — црква посветена на Рождеството Богородично, изградена во 1862 година врз темели на постара црква
- Ловечко друштво Шар Планина од Тетово
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Од ова село има доста иселеници пред сè во Тетово, Скопје, Бугарија (Русе, Габрово, Софија, Силистрија). Помалце иселеници има во Белград. По овде изнесените иселеници во Сетоле припаѓале на одредени родови. Треба да се истакне и дека од сетолески иселеници во Тетово потекнува позната револуционерка од ВМРО Мара Бунева.[2]
Ѓеровци еден дел изумреле во Сетоле, а другиот дел се иселил во Тетово. Качовци (4 к.) и Цинцаровци (6 к.) се иселиле во селото Лешок, Грубановци се иселиле некаде.[2]
Поврзано
- Огрејала месечина -Позната македонска народна песна
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 339-340-341.
- ↑ Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 335
- ↑ 4,0 4,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.210.
- ↑ 5,0 5,1 Brancoff D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.122-123.
- ↑ 6,0 6,1 Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.22.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Ефтоски, Гојко. „Подметнати пожари и експлозив во Сетоле“. Утрински Весник. Посетено на 2010-04-29.
Надворешни врски
- Веб-страница посветена на с. Сетоле
- Селото Сетоле -опис (историја, стари семејства и др.)
|