Народна банка на Романија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Народната банка на Романија (романски: Banca Naţională a României) е централна банка на Романија, која е задолжена за формулирање и спроведување на монетарната политика и за супервизија на банкарскиот систем. Таа е членка на Европскиoт систем на централни банки.

Историја[уреди | уреди извор]

Податотека:Слика
Евгениј Карада - Основачот и директор на Централната банка на Романија

Народна банка на Романија (НБР) била основана од 11 до 23 април 1880 година, како резултат на идејата за изградба на солиден кредитен систем. Уште од самиот почеток, таа била сместена во Букурешт. Тогашниот министер за финансии, Јон Кампинону, станал прв гувернер, а Евгениј Карада – вистинскиот основач и директор на банката - никогаш не ја прифатил улогата за гувернер. Карада и Емил Костинеску биле одговорни за организацијата и функционирањето, додека Теодор Стефанеску бил задолжен за сметководствената организација на банката. Почетниот капитал на НБР броел 30 милиони леи, од кои 10 милиони бил државен капитал. Во прво време, НБР била несоодветно поставена во малите простории на Програмата на рурален кредит за недвижности. Кога на 16 декември, државата се повлекла од НБР, таа се претворила во привилегирана банка во приватна сопственост и правата на владата биле пренесени на акционерите. Тогаш, банката добила право да издава пари до 31 декември 1920 година, а потоа, оваа привилегија била продолжена до 31 декември 1930 година.[1]

Поради Првата светска војната, на 15 ноември 1916 година, НБР се преселила во Јаши, а германската воена администрација го запленила седиштето на банката и целокупната нејзина актива во Букурешт. На 14 декември 1916 година, трезорот на НБР бил преместен во Јаши, а потоа бил пренесен во Москва, поради заштитата и гаранциите понудени од руската влада. Но, тие никогаш не биле вратени, освен богатството на Pietroasele, кое денес е изложено во Националниот музеј на романската историја, нумизматичката збирка, некои слики и архивата. Владата на Романија, НБР, како и другите централни институции се вратиле во Букурешт на 1 декември 1918 година. Во тие тешки времиња, НБР била единствената поддршка на државата во обновата на разурнатата економија и обединувањето на циркулацијата на пари. НБР спровела обемна реорганизација по 1924 година, a законот донесен во 1925 година го продолжил правото на НБР за издавање пари за уште 30 години при што бил зголемен нејзиниот капитал, од 30 милиони на 100 милиони леи. Тогаш, државата повторно се вратила во акционерската структура на НБР.

За време на Големата депресија од 1929 до 1933 година, НБР ѝ доделила кредити на државата во обид да се урамнотежи буџетот, а оваа операција продолжила и во следните години. Овластувањата на банката и нејзината улога во областа на финансиите постојано растеле и таа постепено стекнала овластување за контрола на банкарската активност, циркулацијата на девизи, и за планирање на финансиските и монетарните политики на земјата.

По доаѓањето на комунистичкиот режим на власт, на (6 март 1945 година), сите банки во Романија биле ставени под државна сопственост, и тоа во две фази: прво, 28 ноември 1945, претставниците на Комунистичката партија биле вклучени во одборот на НБР; и второ, на 11 август 1948 година, сите банки и кредитни институции биле ликвидирани, освен НБР и штедилницата „ЦИК“. На 28 јули 1959 година, група од шест вооружени еврејски членови на Романската комунистичка партија (групата „Лоанид“: Александру Лоанид, Пол Лоанид, Игор Севиану, Моника Севиану, Саша Мушат, Хараламбие Обедену) наводно украле 1 600 000 леи од оклопен автомобил на Националната банка на Романија. Тоа, наводно, бил најпознатиот грабеж на банка од Источниот блок. Покрај обвинувањата врз основа на различни идеолошки упатства, на судењето не биле понудени никакви докази за наводниот грабеж. Иако лицата во судската постапка биле обвинети за намера да донираат пари за ционистичките организации и да испратат романски Евреи во Израел, тоа воопшто не било точно, бидејќи украдената сума била во леи, кои во тоа време не можеле да бидат разменети за цврста валута. Сето тоа раѓа сомневање дали групата навистина го извршиле грабежот или дали воопшто тој се случил.

Седиште на банката на банката[уреди | уреди извор]

Стара градба на НБР[уреди | уреди извор]

Седиштето на НБР се наоѓа на улицата „Липскани“ и претставува една од најпознатите импозантни банкарски зданија во Букурешт и, воопшто, во Романија. Денес, таа претставува заштитен историски и уметнички споменик. Зградата е подигната на местото на поранешната гостилница, изградена од страна на Шербан Кантакузино (16781688 година). На 26 февруари 1882 година, на архитектите Касиен Бернард и Алберт Галерон им била доделена задачата за планот на палатата на НБР. Зградата на НБР е изградена во електичен стил од крајот на 19 век, со некои неокласични елементи.

Нова градба на НБР[уреди | уреди извор]

Со фасадата на улицата „Доамнеи“, новото крило на палатата на НБР било изградено за време на Втората светска војна, а камен-темелникот бил вграден во 1937 година. Градежните работи продолжиле меѓу 19421944 година, под раководство на архитектот Јон Давидеску, заедно со помош на останатите други двајца архитекти, Раду Дудеску и Х. Кретоју. Зградата е симбол на неокласичниот стил со рационалистичко влијание, кое преовладувало во меѓувоениот период. Таа импресионира со монументални гранитни скали, огромните коринтски столбови кои ја формираат фасадата, како и големите сали обложени со бел мермер во внатрешноста на зградата.

Управување и раководење[уреди | уреди извор]

Со НБР раководи Управниот одбор, составен од девет члена кои ги избира Собранието на Романија, по номинациите од постојаните комитети на двете Комори на парламентот. Членовите на управниот одбор имаат мандат од пет години кој може да се обнови (НБР Закон: Закон бр. 312/2004). Деветчлениот одбор е составен од четворица директори на НБР (гувернерот и тројцата заменици на гувернерите, од кои едниот е прв заменик на гувернерот) и пет члена кои не се на платен список на НБР. Согласно законот, членови на одборот не можат да бидат пратениците, членовие на политичките партиии, судските службеници или јавните службеници.[2]

Улога и одговорности[уреди | уреди извор]

Главни задачи на Националната банка на Романија се:

  1. да ги дефинира и спроведува монетарната политика и политиката на девизен курс;
  2. да ги спроведува регулацијата и прудентната супервизија на кредитните институции, да го промовира и да го надгледува функционирањето на платните системи со цел да се обезбеди финансиска стабилност;
  3. да издава книжни и ковани пари како платежно средство на територијата на Романија;
  4. да го постави и да го надгледува режимот на девизен курс;
  5. да управува со официјанлните резерви на Романија.

Монетарна политика[уреди | уреди извор]

Во 2005 година, централната банка на Романија преминала кон таргетирање на инфлацијата како стратегија за водење на монетарната политика. Напорите на НБР за воспоставување на организациска и техничка рамка потребна за спроведување на новата стратегија за монетарна политика траела 16 месеци, со техничка помош од Меѓународниот монетарен фонд и Чешката народна банка. Главните карактеристики на таргетирањето на инфлацијата во Романија се:[3]

  1. Таргетирањето на инфлацијата се заснова врз индексот на потрошувачката кошница, т.е. вкупната инфлација, земајќи ги предвид свеста на јавноста и потребата да се обезбеди транспарентност и кредибилитет на одлуките за монетарната политика.
  2. Целната стапка на инфлација е поставена како средишна точка во рамките на целната група од +/- 1 процентен поен во насока на подобро закотвување на инфлациските очекувања.
  3. Објавување на годишните таргети на инфлацијата за подолг временски период (првично, две години), а со тоа нагласувајќи го среднорочното спроведување на монетарната политика.
  4. Одржување флуктуирачки девизен курс.
  5. Тесно дефинирање на исклучителните околности кои се надвор од контрола на монетарната политика и кои поради тоа се ограничуваат одговорностите на Народната банка на Романија за остварување на поставените инфлациони цели.
  6. Заедничко формулирање и објавување на инфлационите цели од страна на Народната банка на Романија и владата.

Главните инструменти преку Народната банка на Романија ја води монетарната политика се:[4]

Издавање банкноти и монети[уреди | уреди извор]

Вредноста, големината, тежината, дизајнот и другите технички карактеристики на банкнотите и монетите кои циркулираат во Романија може да ги утврди само Националната банка на Романија, а нивниот дизајн е заштитен во романската државна канцеларија за пронајдоци и трговски марки. Со цел да се подобри квалитетот и да се зголеми бројот на безбедносни карактеристики, како и со цел намалување на трошоците на среден рок, во 1999 година Народната банка на Романија премина на издавање полимерни банкноти. На 1 јули 2005 година била извршена рединоминација на домашната валута, што се состоела во намалување на главната вредност на деноминацијата, со сечење бришење четири нули; така, 10.000 стари леи станале 1 нов лев, а меѓународниот код на леу се променил од РОЛ во РОН.[5]

Супервизија[уреди | уреди извор]

Согласно одредбите на Владата бр. 99/2006 за кредитните институции и адекватноста на капиталот, одобрени и дополнети со законот бр. 227/2007, заради заштита на интересите на штедачите и обезбедување на здрав и одржлив банкарски сектор, Националната банка на Романија врши претпазлив надзор на кредитните институции и на нивните филијали основани во други земји, и тоа на индивидуална основа и на консолидирана основа. Според Регулативата на Владата бр. 28/2006, НБР врши мониторингот на небанкарските финансиски институции регистрирани во Генералниот регистар и на небанкарските финансиски институции регистрирани во Специјалниот регистар.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]