Девизни резерви

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Девизни резерви (англиски: Foreign exchange reserves, Official reserves) ја сочинуваат странската актива која се наоѓа под контрола на монетарната власт и се наоѓа на располагање за финансирање на нерамнотежата во платниот биланс, како и за интервенција за девизниот пазар (влијание на девизниот курс) и за останати потреби.

Девизните резерви на државата во поширока смисла се состојат од девизни резерви на централната банка и девизните резерви на банките. Тие, меѓу останатото, служат за обезбедување на меѓународна ликвидност на земјата, остварување на задачите на монетарната политика и за полесен пристап на меѓународниот пазар на капитал.

Во периодот 2000-2014 година, светските девизни резерви пораснале од околу 2.000 милијарди на речиси 12.000 милијарди долари. Во 2015 година, најголеми девизни резерви имала Кина (3.300 милијарди долари).[1]

Девизни резерви на централната банка[уреди | уреди извор]

Девизните резерви на централната банка можат да сочинуваат:

Девизни резерви на банките[уреди | уреди извор]

Девизните резерви на банките ги сочинуваат: ефективните странски пари во трезорите на банките, странски хартии од вредност и девизи на сметките кои банките ги поседуваат во странски кореспондентни банки.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Горан Петревски, „Колку повеќе, толку подобро“, Економија и бизнис, година 18, број 219, септември 2016, стр. 22-24.