Коефициент на адекватност на капиталот

Од Википедија — слободната енциклопедија

Коефициент на адекватност на капиталот (CAR), познат и како Коефициент на капиталот во однос на средствата пондерирани според ризикот (CRAR)[1] — коефициент на банкарскиот капитал во однос на неговата изложеност на ризик. Банкарските супервизори го користат коефициентот за да се осигураат дека тој може да апсорбира разумен износ на загуба и дека истиот е усогласен со статутарниот регулаторен капитал. Коефициентот на адекватност на капиталот е мерка на банкарскиот капитал и се изразува како процент од кредитната изложеност на банката пондерирана според ризикот. Овој коефициент се користи со цел да се заштитат штедачите и да се промовира стабилност и ефикасност на финансиските системи ширум светот.

Се мерат два вида на капитал: капитал од ниво 1 или основен капитал, којшто ги апсорбира загубите без да се бара од банката да го прекине работењето, и капитал од ниво 2 или дополнителен капитал, којшто може да ги апсорбира загубите во случај на ликвидација и на тој начин им нуди заштита од понизок степен на штедачите.

Дефиниција[уреди | уреди извор]

Коефициентот на адекватност на капиталот (CAR) е мерка на износот на основниот капитал изразен како процент од неговите средства пондерирани според ризикот и истото може да се пресмета со помош на формулата:

каде што е капиталот од ниво 1, е капиталот од ниво 2 и е ознака за средствата пондерирани според ризикот. Притоа:

  • Капитал од ниво 1 = (уплатен капитал + статутарни резерви + обелоденети слободни резерви) - (инвестиции во сопствен капитал во подружници + недопирливи средства + тековни и пренесени загуби)
  • Капитал од ниво 2 = A) необелоденети резерви + B) општи гаранции за покривање на загуби + C) хибридни долговни капитални инструменти и субординираниот долг

Ризикот може да биде прикажан или преку пондерираните средства или соодветниот минимален износ на баран капитал одреден со националната супервизија. Во случај кога се користат средствата пондерирани според ризикот, потребно е коефициентот на адекватност на капиталот да се спореди со определен праг или:

.[1]

Процентуалниот праг се разликува од банка до банка и истиот е одреден од страна на националните супервизори. Како пример е земен прагот од 10%, што е заедничко барање за сите супервизори коишто се придржуваат кон Базелската спогодба.

Примена[уреди | уреди извор]

Коефициентот на адекватност на капиталот го одредува капацитетот на банката да ги задоволи временските обврски и другите ризици, како шшто се кредитниот ризик, оперативниот ризик итн. Всушност, бакарскиот капитал претставува „перниче“ за можните загуби и ги заштитува штедачите во банката и другите позајмувачи. Банкарските супервизори во најголем број земји го дефинираат и набљудуваат коефициентот на адекватност на капиталот за да ги заштитат штедачите и со тоа да ја одржат довербата во банкарскиот систем.[1]

Коефициентот е сличен на финансискoто покритие и е споредлив со инверзната дефиниција на коефициентот на долгот во однос на сопственички капитал, иако CAR ги става во однос сопствениот капитал и средствата наместо долгот и капиталот бидејќи средствата по дефиниција се еднакви на збирот од долгот и сопственичкиот капитал. Сепак, коефициентот на адекватност на капиталот се разликува од финансиското покритие по тоа што претпоставува дека средствата може да имаат различни нивоа на ризик.

Видови на капитал[уреди | уреди извор]

Според Базелската спогодба, некои видови на сопствен капитал се позначајни од некои други. Така, се разликуваат:

  1. капитал од ниво 1: фактичкиот износ на сопствениот капитал зголемен за задржаната добивка; и
  2. капитал од ниво 2: приоритетните акции зголемен за 50% од субординираниот долг.

Притоа, се применуваат и различни најмали износи на CAR: на пример, најмалото учество на капиталот од ниво 1 дозволен со уредбата за средствата пондерирани според ризикот изнесува 4%, додека најмалото учество по вклучвање на капиталот од ниво 2 е 8%. Обично се одредува најголем износ на учеството на капиталот од ниво 2 којшто се пресметува со цел да се исполни уредбата за висината на CAR и истиот се разликува во зависност од законодавството на секоја земја.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Capital Adequacy Ratio - CAR“. Инвестопедија.