Полимерни банкноти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Полимерните банкноти се банкноти направени од полимер од видот на биаксијално ориентиран полипропилен. Таквите банкноти вклучуваат многу безбедносни карактеристики кои не се достапни во хартиените банкноти, вклучувајќи ја и употребата на метамерни мастила. Полимерните банкноти траат значително подолго од хартиените, предизвикувајќи намалување на влијанието врз животната средина и намалени трошоци за производство и замена.

Современите полимерни банкноти за првпат биле развиени од страна на Резервната банка на Австралија (РБА), Организацијата за научни и индустриски истражувања на Комонвелтот (ЦСИРО) и Универзитетот во Мелбурн. Прво биле издадени како валута во Австралија во 1988 година, а во 1996 година Австралија целосно се префрлила на полимерни банкноти.

Други земји кои целосно се префрлиле на полимерни банкноти се: Брунеи, Малезија, Канада, Нов Зеланд, Папуа Нова Гвинеја, Романија и Виетнам. Најновите земји што вовеле полимерни банкноти во општ промет се: Обединетото Кралство, Нигерија, Зеленортски Острови, Чиле, Гамбија, Никарагва, Тринидад и Тобаго, Малдиви, Мавританија, Боцвана, Сао Томе, Принсипе и Македонија.