Куршумли ан

Координати: 42°0′11″N 21°26′13″E / 42.00306° СГШ; 21.43694° ИГД / 42.00306; 21.43694
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Куршумли-ан)
Внатрешноста на Куршумли ан
Надворешноста на анот

Куршумли ан — поранешен ан во Старата скопска чаршија од османлиско време, кој денес се користи за одржување на културни збиднувања.

Куршумли-ан по земјотресот во Скопје од 1963 година.

Место[уреди | уреди извор]

Куршумли ан се наоѓа на левиот брег на реката Вардар во некогашна железарска чаршија во Скопје во дворот на Музејот на Македонија. Изграден е во првата половина на XIV век.

Први податоци[уреди | уреди извор]

Сигурни податоци за подигањето на анот не постојат, но се мисли дека на основите на некоја стара зграда Турците го доѕидале и го приспособиле за карван-сарај, по угледот на некои такви анови градени на исток. Во изворите се споменува како задолжбина на Мула Муследин Оџа, син на Абдул Гани во 1550 г, кој бил дворски научник на султанот Селим II.

Функции на местото[уреди | уреди извор]

Куршумли ан од своето постоење ја менувал својата функција, отпрвин бил ан сè до 1787 г. кога бил претворен во затвор. Во него биле затворени многу македонски револуционери особено по Виничката афера. Од 1904 г. до 1914 г. служел повторно како ан. По својот надворешен и внатрешен изглед не се оделува од останатите типизирани карван-сараи кои постоеле во градските центри.

Уредување на анот[уреди | уреди извор]

Куршумли ан делува импозантно со декоративно градените ѕидови и малите куполи во форма на пирамиди со благо издадени страни кои секогаш биле покриени со олово (куршум) по што го добил и своето име. Главниот велз се наоѓа на јужната страна. Над влезната врата е изграден трем со куполест покрив. Многубројните квадратни столбови, поврзани со лакови на приземјето и катот создаваат интимен амбиент со дворот и шарванот во него. Приземните простории служеле како магацин на стоки а катовите како соби за одмор. Во вториот дел на анот биле изградени простории за сместување на добитокот. Овој дел имал посебен влез од источната страна. Во најново време неговите простории се користат како лапидариум на Музејот на Македонија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

42°0′11″N 21°26′13″E / 42.00306° СГШ; 21.43694° ИГД / 42.00306; 21.43694