Википедија:ВикиПроект Тесвики

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лого на проектот „Тесвики“
Лого на проектот „Тесвики“

тесвики (thesswiki) е проект за викиград кој има за цел да им овозможи на жителите на Солун да ја дигитализираат историјата и културата на градот, користејќи ја Википедија како најзначајната семрежна енциклопедија во светот, притоа поврзувајќи ги дигиталните содржини во градскиот простор. „тесвики“ е киберфизички проект, со намера да влијае врз културата, образованието, туризмот и е-управувањето. Ова е искуствена културно-образовна активност, давајќи можност за слободен и лесен пристап до сознанија за секојдневието на граѓаните и употребата на викија во јавниот простор и градската култура. Поединечните активности кои се однесуваат на образовната димензија на проектот се: семинари за обука за работа на Википедија, википедијански собири од меѓународен карактер (викикампови), семрежни семинари, работилници итн.

Солун: Википедиски град[уреди извор]

Мултинационалноста на Солун: Новата џамија е изградена од италијанскиот архитект Виталијано Позели во 1902 г. за еврејската заедница преобратена во ислам („донме“).
Солун 1917: војници од Индокина, Франција, Сенегал, Англија, Италија, Србија, Грција и Индија.

Проектот ќе започне со отворање на содржините што тековно се наоѓа во галериите, музеите, библиотеките и архивите (ГБАМ) во Солун, а со цел да ги покриеме значајните зданија и места, настани, споменици, личности и творци на што повеќе јазици (погл. меѓународната страница на „Тесвики“). Се покануваат солунците од целиот свет (вклучувајќи ги народите со важна историска поврзаност со градот, како што се Македонците, Бугарите, Турците, Ерменците, Русите, Евреите, Англичаните, Французите, Украинците, Грузијците и др.) да учествуваат во зајакнувањето на овие содржини. Истите ќе бидат достапни преку QR-кодови (по пат на QRpedia) на таблички поставени на зданијата и спомениците, кои посетителите од тие и други земји ќе можат да ги отчитаат со паметни телефони и веднаш да добијат најтековни статии за сите аспекти од животот во Солун на нивниот мајчин јазик.

Проектот е сличен на Монмаутпедија, Гибралтарпедија, и други проекти за викиградови ширум светот, кои ја имаат поддршката од фондацијата Викимедија, а чиј исхоид е значаен пораст во употребата и влијанието на Википедија. Проектот „тесвики“ е прв и најголем меѓународен подвиг од овој вид на Википедија, земајќи ја предвид големината и историјата на градот, како и првиот ГБАМ-википроект во Грција. Солун е идеален град за еден веков проект поради неговата мултикултурност, како во минатото така и денес, но и поради големиот удел на младо население и голем број на доброволечки организации од областа на ГБАМ (т.е. поврзани со галерии, библиотеки, архиви и музеи).

Кој го поддржува проектот?[уреди извор]

Проектот се одвива под надзор на градската управа на Солун, а координинативна улога има „ПостСкриптум“ (PostScriptum) — најзначајната организација за дигитално советување за културни (ГБАМ) организации. Се заснова на предлогот на Корисничката група на Викимедијанци во Грција, а со поддршка д градоначалникот Јанис Бутарис, прогласен за осми најдобар градоначалник во светот од Фондацијата на градоначалници во 2015 г. Проектот ќе се изведе во соработка со Друштвото за слободен и отворен код (GFOSS), доброволечки организации (преку 2.000 доброволци-учесници на настанот „Солун — младинска престолнина“ во 2014 г.) и платформи, како и високообразовни установи и сите поважни музеи, библиотеки и архиви во градот. Сите чинители веќе се навлезени во разговори и соработка, и планираат спроведување на конкретни чекори. Откако ќе се доврши работата на проектот, ќе се и Викимедиините ограноци и кориснички групи од соседството и пошироко, со цел да се прошири досегот на проектот.

Фестивал „Димитрија 2015“[уреди извор]

Проектот ќе беше објавен свеченото отворање на фестивалот „Димитрија 2015“ во септември, кој е најважниот годишен културен настан во Солун. За време на овој едномесечен фестивал беа поставени првите таблички со QR-кодови и улични знаци, се спроведоа поединечни активности поврзани со фестивалот, вклучувајќи ја обуката за Википедија, се одржа меѓународен викикамп, отворени дискусии и семинари. Сите тие се спроведуваат во соработка со неформални или доброволечки групи, под раководство на „ПостСкриптум“ и Корисничката група на викимедијанци во Грција.

Одржливост на проектот[уреди извор]

Проектот „тесвики“ е замислен како постојан и долготраен проект, со намера да опфати бројни активности во 2016 и 2017 г., придонесувајќи кон квалитетот и квантитетот на Википедија, да ја зголеми видливоста и влијанието на Википедија кај месното население, туристите, посетителите и корисничките групи од странство. Последователните активности ќе ги осмислат и остварат сите чинители, претежно во склад со општинските стратегии за е-управување и изградбата на „паметен град“.

Статии за уредување[уреди извор]

Следниов (нецелосен) список ги опфаќа статиите кои организаторите би сакале да се прошират и преведат македонски (и разни други јазици) бидејќи кон нив ќе водат QR-кодовите на табличките поставени на зданијата и спомениците.

На 18 јуни во Солун се одржа и уредувачки маратон, во обид да се создадат никулци и да се прошират статиите на Википедија на грчки, англиски и француски. Дел од она што го гледате погоре е плод на тој потфат.

Табела[уреди извор]

Ова е табела на статии пропишани за создавање или подобрување во рамките на проектот. Со (п) се означени постоечките статии, напревени пред неговото започнување, на 11 јуни 2015 г. Заинтересираните учесници во овој потфат можат да одберат статија за пишување, да изберат јазична верзија од која ќе преведуваат (колона „ВП“ - Википодатоци), а кога ќе ја завршат, да си го наведат името во колоната „Корисник“, вметнувајќи го {{корисник|Име}} во соодетниот ред.


ВП Статија Корисник
Q20830610 Велидио Виолетова (разговор придонеси)
Q20653003 Споменик на Александар Македонски (Солун) Тиверополник (разговор придонеси)
Q18692021 Саемска скулптура (Солун)
Q20732492 Чадори (скулптура)
Q6936124 Општинска ликовна галерија (Солун)
Q20747219 Центар на историјата на Солун
Q12878304 Јоанис Велидис
Q16977248 Лададика Виолетова (разговор придонеси)
Q2632945 Историја на Евреите во Солун Виолетова (разговор придонеси)
Q1504607 Црква „Св. Пантелејмон“ - Солун Bjankuloski06 (разговор придонеси)
Q20083845 Вила Алатини Тиверополник (разговор придонеси)
Q20551811 Синагога на битолчаните Bjankuloski06 (разговор придонеси)
Q20850967 Лазаристички манастир
Q20646095 Биенале на современата уметност (Солун)
Q962846 Влатадон
Q21011496 Збирка „Костаки“ Виолетова (разговор придонеси)
— (днг) Збирка „Јола“
— (днг) Збирка „Александар и Доротеја Ксидис“
— (днг) Збирка „Телоглу“
Q4796835 Ликовна галерија на Друштвото за македонски истражувања
Q488074 Телесен театар
Q16062061 Константинос Ригос
Q4851093 Музеј на Балканските војни
Q1558160 Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ (п)
ВП Статија Корисник
Q16327180 Димитрија (фестивал)
Q12875325 Јоргос Зонголопулос
Q16328059 Сакис Пападимитриу
Q16168502 Јоргос Христијанакис
Q7783471 Концертна сала (Солун) Виолетова (разговор придонеси)
Q12294165 Солунски безистен Виолетова (разговор придонеси)
Q3891634 Галериев дворец
Q753756 Музеј на Ататурк (Солун) Тиверополник (разговор придонеси)
Q16330288 Централна општинска библиотека (Солун)
Q2658285 Археолошки музеј (Солун)
Q730019 Црква Свети Димитрија (Солун) (п) Тиверополник (разговор придонеси)
Q3563158 Музеј на византиската култура Виолетова (разговор придонеси)
Q643773 Еврејски музеј (Солун)
Q7968493 Воен музеј (Солун) Тиверополник (разговор придонеси)
Q3052315 Зејтинлик
Q1954602 Музеј на македонската борба (Солун) Тиверополник (разговор придонеси)
Q247518 Државен музеј на современата уметност (Солун) Виолетова (разговор придонеси)
Q1584841 Ротонда (Солун) Тиверополник (разговор придонеси)
Q20089958 Вила Мордох Тиверополник (разговор придонеси)
Q15711710 Модијано (пазар) Тиверополник (разговор придонеси)
Q12297917 Хамза-бегова џамија Тиверополник (разговор придонеси)
Q667472 Плоштад Аристотел Виолетова (разговор придонеси)
Q1572213 Еди-куле Тиверополник (разговор придонеси)
Q7963249 Солунски ѕидини Виолетова (разговор придонеси)
Q5004690 Византиска бања (Солун) Виолетова (разговор придонеси)
Q12271333 Алаџа-имарет Тиверополник (разговор придонеси)
Q3556658 Македонски музеј на современата уметност
Q2331186 Фотографски музеј (Солун)
Q3563137 Фолклорен и етнолошки музеј на Македонија и Тракија
Q7697790 Уметничка задолжбина „Телоглион“
Q4333880 Олимписки музеј (Солун)
— (днг) Француско училиште (Солун)
Q20668827 Историски архив на Македонија (Солун) Тиверополник (разговор придонеси)
Q20900384 Културен центар
Q16932289 Римски форум (Солун) Тиверополник (разговор придонеси)
Q20970646 Кралски театар (Солун) Виолетова (разговор придонеси)
Q550576 Бела кула (Солун) Тиверополник (разговор придонеси)
Q852960 Бегов амам (Солун) Тиверополник (разговор придонеси)
Q1163656 Јени џамија (Солун) Тиверополник (разговор придонеси)
Q12299817 Јахуди амам (Солун) Тиверополник (разговор придонеси)
Q12290081 Пашин амам (Солун) Тиверополник (разговор придонеси)

Поврзано[уреди извор]

Надворешни врски[уреди извор]