Музеј на Ататурк (Солун)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Музеј на Ататурк
Atatürk Evi Müzesi
Ataturk-birth-house.jpg
Куќата на Ататурк во Солун, дел од турскиот конзулат.
Основан1953[1]
МестоСолун, Грција
Типмузеј
Мреж. местоТурски конзулат

Музејот на Ататурк (грчки: Μουσείο Ατατούρκ) — музеј кој се наоѓа во Солун, Грција[2].

Музејот се наоѓа во родната куќа на основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк.[3], кој бил роден на ова место во 1881 година. Објектот претставува трикатна куќа со двор на улицата „Апостолос Павлос“ број 24, во непосредна близина на турскиот конзулат. Во отоманско време улица се викала „Ислахане“ и се наоѓала во населбата Коџа Касим Паша[1].

Куќата била изградена пред 1870 година, а во 1935 година грчката влада ја донирала на Турција. Дел од ентериерот е автентичен, но дел од мебелот бил префрлен од музејот Топкапи сарај. Ѕидовите во еден од спратовите на објектот се исполнети со слики од Ататурк, од различни периоди од неговиот живот.

Во 1955 година, по тврдењата дека објектот бил нападнат и разрушен од грчките националисти, довело до големи антигрчки демонстрации и насилства во Истанбул, познати како Септемвриски погром[4].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Atatürk Evi Müzesi“ (Turkish). www.thessaloniki.cg.mfa.gov.tr/. конс. 21 April 2011. 
  2. Μουσείο Ατατούρκ, взето от http://www.imma.edu.gr на 9.08.2012 г.
  3. „Ο βίος και η πολιτεία του Μουσταφά Κεμάλ στη Θεσσαλονίκη“. www.makthes.gr. 18 април 2007. конс. 21 април 2011. 
  4. Holland, Robert. "The Struggle for Mastery, 4 October 1955–9 March 1956," Britain and the Revolt in Cyprus, 1954–59, Oxford: Clarendon Press, 1998, pp. 75.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 40°38′8.8″N 22°57′16.3″E / 40.635778° СГШ; 22.954528° ИГД / 40.635778; 22.954528