Општинска ликовна галерија (Солун)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вила Мордох
Βίλλα Μορντώχ
Карта
Општи податоци
Видвила
управна зграда
ГрадСолун, Егејска Македонија
ЗемјаГрција
Почната1905
Проектирање и изградба
АрхитектКсенофонт Пеонидис

Вилата Мордох (грчки: Βίλλα Μορντώχ) — историски објект кој се наоѓа во Солун, Грција. Денеска во објектот се наоѓа седиштето на Општинската ликовна галерија.

Историја[уреди | уреди извор]

Зградата е сместена во јужниот дел од населбата Пиргите, на раскрсницата на булеварот „Василиси Олга“ и „25 март“. Двокатната куќа била изградена во 1905 година од архитект Ксенофонт Пеонидис за Сејфула Паша. Зградата има комбинирана архитектура со елементи на неокласицизам, ренесанса, барок и ар нуво. Во внатрешноста има интересни стенописи од уметникот Нуредин[1].

Зградата подоцна била продадена на Самуил Мордох. Од почетокот на 1950-тите до почетокот на 1970-тите години во неа биле сместени Социјалниот осигурителен институт. Подоцна во неа била сместена Солунската општинска уметничка галерија до 2013 година, кога истата била префрлена во Каза Бјанка.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Βίλλα Μορντώχ“. Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. 2015-06-15. Архивирано од изворникот на 2016-03-04.