Споменик на Александар Македонски (Солун)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Споменик на Александар Македонски
Thessaloniki Alexander the Great statue.png
Статуа на Александар Македонски
Општи податоци
Типспоменик, статуа
МестоНеа Паралија
ГрадСолун
ЗемјаГрција
Завршена1973
Отворена1973
СопственикМинистерство за култура
Проектирање и изградба
АрхитектЕвангелос Мустакас

Споменикот на Александар Македонски — споменик кој се наоѓа во Солун, Грција во непосредна близина на Белата кула и во една од најпопуларните населби во градот, Неа Паралија. Статуата го прикажува македонскиот војсководец Александар Македонски на својот коњ Букефал.

Споменикот бил изграден во 1973 година и е дело на скулптурот Евангелос Мустакас[1]. Бронзената статуа била изработена во Италија.

Висина на статуата е 6 метри додека тежината е 4 тони. Вкупна висина со постаментот е 11 метри.

На западната страна на споменикот од бронза е изработена Битката кај Ис, битка во која Александар Велики бил принуден да побегне од бојното поле од страна на Дариј III.

Општите параметри на комплексот се 23 х 30 метри[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Τζήμου, Κύα. „Οι μεταμορφώσεις γύρω από τον Μέγα Αλέξανδρο“. parallaximag.gr. Архивирано од изворникот на 2015-04-25.
  2. „Μακεδονία“. 16 февруари 1974.