QRpedia

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
QRpedia
QR code for QRpedia.png
Логото на QRpedia — код за http://en.qrwp.org/QRpedia
Екранска снимка
Qrpedia.org screenshot.png
Мрежното место на QRpedia со QR-код што дава http://en.qrwp.org/QRpedia
Достапно наповеќејазично
СоздавачШаблон:Прост список
Мрежно местоqrpedia.org
Комерцијалноне
Регистрацијанема
Пуштено9 април 2011; пред 8 години (2011-04-09)
Тековна состојбаактивно
Лиценца на содржината
MIT-лиценца

QRpedia (изг. ку-ер педија или анг. изг. кју-ар-педија) — систем за мобилни уреди кој користи QR-кодови за давање пристап до статии од Википедија на нивниот претпочитан јазик.[1][2][3] Ваквиот код се наменет да води до одредена еднообразна ресурсна назнака (URI), но QRpedia дава дополнителни можости. Со програмот раководи и е во сопственост на Викимедија Обединето Кралство (WMUK).

Осмислувач на QRpedia е википедијанецот Роџер Бамкин, а програмирањето го извршил Теренс Идн. Системот е претставен во април 2011 г., а денес се користи во разни музеи, галерии, зоолошки градини и други установи во Австралија, Британија, Бугарија, Германија, Естонија, Индија, Македонија, Чешка, Шпанија и САД. Изворниот код е слободно достапен за пренамена под условите на MIT-лиценцата.

Процес[уреди | уреди извор]

Кога корисникот ќе го вчита QRpedia-кодот на неговиот мобилен уред, уредот го претвора во еднообразен пронаоѓач на ресурси (URL) користејќи го доменското име „qrwp.org“, а чија патека (конечен дел) е насловот на статијата на Википедија, па праќа барање за статијата укажана во URL-то до мрежиот опслужувач на QRpedia. Покрај ова, го утврдува и предава јазикот на кој е наместен уредот.[4]

По ова, опслужувачот на QRpedia го користи посредник за програмирање на прилози (API) на Википедија[1] за да утврди дали постои верзија на википедиската статија на јазикот што се користи на уредот, и ако постои, ја дава во формат соодветен за мобилни уреди.[4] Доколку не постои таква статија, тогаш опслужувачот ги нуди расположивите јазици или пак превод со Гугл.

Вака, QR-кодот моеж да даде една статија на многу јазици,[4] дури и кога установата не е во можност да направи свои преводи. QRpedia исто така води статистичка евиденција за нејзиното користење.[4][5]

Настанок[уреди | уреди извор]

Творци на QRpedia се википедијанецот Роџер Бамкин,[1][6] и советникот за мобилни семрежни работи Теренс Идн[1][7], а првпат е претставена на 9 април 2011 г.[1][8] на настанот „Зад сцената“ (Backstage Pass) во Музејот и уметничка галерија Дарби,[1][7] како дел од соработката „ГБАМ/Дарби“ помеѓу установата и Википедија,[9] во чиј состав се напишани и преку 1.200 статии на неколку јазици.[10] називот на проектот е кованица од „QR (Quick Response)“ и „-педија“.[11]

Примена[уреди | уреди извор]

QRpedia досега е применета на повеќе места во светот:

Награда[уреди | уреди извор]

Во јануари 2012 г. QRpedia станала еден од четирите проекти (од 79 кандидати) прогласени за најиновативни мобилни претприемања во Британија за таа година од проектот „СМАРТ УК“, а потоа влегла и во конкуренција за Светскиот мобилен конгрес во Барселона во 2012 г.[17]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Eden, Terence (2011-04-03). „Introducing QRpedia“. конс. 25 August 2011. 
  2. 2,0 2,1 Anon (2011-08-19). „The Children's Museum of Indianapolis Creates New Learning Opportunities through Wikipedian-in-Residence“. The Children's Museum of Indianapolis. конс. 25 August 2011. 
  3. Johnson, L.; Adams, S. (2011). The Technology Outlook for UK Tertiary Education 2011-201. NMC Horizon Report Regional Analyses. Austin, Texas: The New Media Consortium. ISBN 978-0-615-38209-8. http://www.nmc.org/pdf/2011-Technology-Outlook-UK.pdf. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Byrd Phillips, Lori (2011-06-15). „Going Multilingual with QRpedia“. Marcus Institute for Digital Education in the Arts. конс. 25 August 2011. 
  5. „QRpedia Statistics (example)“. конс. 12 December 2011. 
  6. Bamkin, Roger. „Three days of Action - QR codes at Derby Museum and Art Gallery“. Wikimedia Foundation. конс. 17 February 2012. 
  7. 7,0 7,1 Anon (2011-05-21). „Quiet Realities“. Imperica. конс. 25 August 2011. 
  8. Various. „Wikipedia:GLAM/Derby/QR code experiment“. Wikipedia. конс. 25 August 2011. 
  9. Various. „Derby Backstage Pass“. Wikimedia UK. конс. 25 August 2011. 
  10. Roger Bamkin, interviewed on BBC Radio Derby by Phil Trow, 2011-08-30
  11. Eden, Terence (2011-11-03). „QRpedia in Russia“. конс. 25 November 2011. 
  12. Byrd Phillips, Lori (2011-07-29). „QR codes + Wikipedia = QRpedia“. The Children's Museum of Indianapolis. конс. 25 August 2011. 
  13. Greta Kreuz. „Historic Congressional Cemetery Program to get Wikipedia boost“, 17 јули 2012 (посет. 21 јули 2012 г).
  14. Hinojo, Alex (2011-05-11). „QRpedia Codes at Fundació Joan Miró“. The GLAM-Wiki Experience. конс. 25 August 2011. 
  15. „New collaboration between Wikimedia UK and The National Archives“. The National Archives. 2011-09-15. конс. 16 September 2011. 
  16. Eden, Terence (2011-09-18). „National Archives and QRpedia“. конс. 18 September 2011. 
  17. 17,0 17,1 „Become an instant expert with a little help from your mobile“. Smart UK Project. 2012-02-02. конс. 2 February 2012. 
  18. „Уикипедия:Сътрудничество/Софийски зоопарк“. Wikipedia (Bulgarian). конс. 14 February 2012. 
  19. „Monmouth to be Wales' first WiFi town“. Monmouth Today. 2012-02-29. конс. 1 March 2012. 
  20. „QRpedia a Praha 10: QR kód na každé památce“. http://www.mobilmania.cz. 2012-09-30. конс. 1 October 2012. 
  21. Википедија:ВикиПроект Зоо Скопје

Надворешни врски[уреди | уреди извор]