Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ (Прага)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рождество на Пресвета Богородица
Kostel Narození Panny Marie
Поглед на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“
Координати: 50°03′10″N 14°29′15″E / 50.05278° СГШ; 14.48750° ИГД / 50.05278; 14.48750
Земја Чешка
Вероисповедримокатоличка
ПорталМатична страница
Управа
АрхиепископијаПрашка
Табличка со QRpedia поставена на црквата

Рождество на Пресвета Богородица“ (чешки: Kostel Narození Panny Marie) — романска црква во населбата Забјехлице во градот Прага, Чешка. Посветена е на истоимениот библиски настан и ужива заштита како културно наследство.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Првата цкрва на ова место е изградена околу 1125 г. Во XIV век служела како парохиска црква и е преградена во романескно-готски. Романескната кула настрадала од гром во XIX век, па меѓу 1876 и 1880 г. е заманета со нова, изградена во неоромански стил. Олтарниот живопис со Богородица е насликан во 1861 г. Црквата има три ѕвона, од кои првите две се направени во 1876 г. и на нив е испишана кратка историја на црквата. Третото ѕвоно е од 1889 г.[2]

Во 1948 г. е направен покрупен зафат за санирање на објектот, а фасадата е обновена во 2000 г. со средства од управата на округот Прага 10 во кој се наоѓа.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „kostel Narození P. Marie“. Národní památkový ústav. конс. 2 October 2012. 
  2. Filiální kostel Narození Panny Marie v Záběhlicích býval farním., Farnost Stětí sv. Jana Křitele v Hostivaři. (чешки), retrieved 2 November 2013

Надворешни врски[уреди | уреди извор]