Бурилчево
Бурилчево | |
Координати 41°50′33″N 22°17′45″E / 41.84250° СГШ; 22.29583° ИГД | |
Општина | Чешиново-Облешево |
Население | 173 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 13004 |
Надм. вис. | 460 м |
Бурилчево на општинската карта Атарот на Бурилчево во рамките на општината | |
Бурилчево на Ризницата |
Бурилчево (или Борилчево) — село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во Кочанското Поле, западно од градот Кочани.
Историја
Во атарот на селото Бурилчево, во наоѓалиштето Пилаво е откриена населба од бакарно време (од 3 500 до 2 000 години п.н.е.).[2]
На крајот на XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Главна стопанска гранка во селото е земјоделството.
Демографија
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бурилчево живееле 100 жители, од кои 65 Македонци и 35 Роми.[3]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бурилчево имало 96 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 173 жители, сите Македонци.[5]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[6]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 100[3] | 314 | 178 | 196 | 240 | 251 | 218 | 192 | 163 | 173 |
Родови
Бурилчево е македонско село.
Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:
- Ѓоревци (7 к.) староседелци. Они се единствениот староседелски род во селото, кои го преживеале пустешот на селото кој се задесил во XVIII век. Го знаат следното родословие: Мите (жив на 90 г. во 1960 година) Ставро-Коцо-Дино-Банде Пешко, основачот на родот.
- Шарковци (5 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Чешиново. Овде живеат од почетокот на XIX век.
- Куртовци (2 к.) доселени се од селото Мородвис. Некој нивен предок се оженил со некоја Ромка, исто така од Мородвис.
- Каменарци (5 к.) доселени се од селото Кучичино. А таму се доселиле од селото Лесново кај Пробиштип.
- Тенови (5 к.) доселени се од селото Крупиште кај Штип.
- Црцорци (3 к.) доселени се од селото Уларци, помеѓу Кочани и Штип.[7]
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 880 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на ресторанто на задругата.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 105 гласачи.[9]
Културни и природни знаменитости
- Цркви
- Црква „Св. Богородица“ од XII век
- Археолошки наоѓалишта[10]
- Грамади — населба од римско време
- Манастир — населба од доцноантичко време
- Манастир — населба од римско време
- Могила — некропола-могили од римско време
- Нова Чешма — населба и некропола од римско време
- Пилаво — населба од бакарно време
Поврзано
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 36-37.
- ↑ 3,0 3,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р. 132-133.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 173-174. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски
- Сателитска снимка на Бурилчево на Карти на Гугл
|