Грамади (Бурилчево)
Грамади — археолошко наоѓалиште во кочанското село Бурилчево. Наоѓалиштето претставува населба од римското време. На пространа тераса, што се издига над левиот брег на Брегалница, со орањето на нивите биле откриени темели од повеЌе објекти. На површината се среќаваат грамади од камења, покривни ќерамиди и фрагменти од питоси. Според кажувањето на мештаните, биле најдени и повеќе монети. Еден керамички сад се чува во Музејот на Македонија.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 173. ISBN 9989649286.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |