Беверн (Холцминден)

Координати: 51°52′0″N 9°30′0″E / 51.86667° СГШ; 9.50000° ИГД / 51.86667; 9.50000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Беверн
Замокот Беверн
Замокот Беверн
Замокот Беверн
Грб на Беверн
Беверн (Холцминден) во рамките на Германија
Беверн (Холцминден)
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Холцминден
Месна заед. Беверн
Месни единици 5
Градоначалник Буркхард Дариер (СлДП)
Основни податоци
Површина 33,23 км2
Надм. височина 138 м
Население 3.831 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 115 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HOL
Пошт. бр. 37639
Повик. бр. 05531
Портал www.bevern.de
Местоположба на Беверн во рамките на округот Холцминден
Карта
Карта
Координати 51°52′0″N 9°30′0″E / 51.86667° СГШ; 9.50000° ИГД / 51.86667; 9.50000

Беверн (германски: Bevern) — општина во округот Холцминден, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.

Географија[уреди | уреди извор]

Беверн се наоѓа на реката Везер близу нејзиниот влив со притоката Бевербах. Во општината влегуваат селата Беверн, Форст, Делме, Лобах, Литгенаде и Рајлајфцен.

Историја[уреди | уреди извор]

Саксонската населба „Бујеран“ (Byueran) била првпат спомената во списокот на Опатијата Корвај во 822 година. Изградбата на црквата била спомената во 1501 година; била осветена од келнскиот надбискуп Херман IV во 1506 година.

Знаменитост[уреди | уреди извор]

Општината е позната по својот замок (Schloss Bevern), ренесансен дворец изграден како велепоседничка куќа во периодот 1603 до 1612 година. Бил купен од велфските војводи на Брауншвајг-Линебург во текот на Триесетгодишната војна во 1633 година и градбата служела како резиденција на помладата линија, позната како Брауншвајг-Беверн, од 1668 година до крајот на XVIII век.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]