Миодраг Друговац

Од Википедија — слободната енциклопедија

Миодраг (Милошевиќ) Друговац (1928 - 1995) - поет, есеист, критичар, книжевен историчар, антологичар и преведувач, роден е во с. Друговац, Пожаревац, Србија на 12 октомври 1928 година, починал во Скопје на 9 октомври 1995 година.

Животопис[уреди | уреди извор]

Доктор по филолошки науки. Работел како уредник на списанијата „Современост“ и „Литературен збор“, апотоа како редовен професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје[1].

Бил почесен член на Друштво на писатели на Македонија[2].

Пишувал на српски и на македонски јазик, автор е на капитално дело „Историја на македонската книжевност во XX век“[3].

Дела[уреди | уреди извор]

  • Поредок на немирот (поезија, 1960);
  • Подвижно огледало (критики и есеи, 1968);
  • Биографија литерарија (критики и есеи, 1968);
  • Влашка рапсодија (поезија, 1969);
  • Современици (есеи, 1970);
  • Книга за Јаневски (монографија, 1971);
  • Книжевно Браничево (студија, 1972);
  • Принцип и пример (есеи, 1972);
  • Ристо Крле (монографија, 1974);
  • Современа македонска книжевна критика (студија, 1974);
  • Македонски писатели за деца (студии, 1975);
  • Македонската книжевност од Мисирков до Рацин (студии, 1975);
  • Повоената македонска книжевност (студии, 1979);
  • Ријеч као судбина (есеи, 1979);
  • Повоената македонска книжевност (студии, 1979);
  • Современи македонски писатели (студии, 1979);
  • За македонската книжевна критика (студија, 1980);
  • Лирски мемоари (студија и поетски избор, 1982);
  • Критиката на Митрев (студија, 1985);
  • Поетиката на Гане Тодоровски (студија, 1988);
  • Преглед на македонската книжевна критика (студии, 1988);
  • Критички раскопки (студии, 1989);
  • Кон македонската книжевна синтеза (студии, 1990);
  • Историја на македонската книжевност 20. век (1990);
  • Огледало и светилка (есеи и критики, 1991);
  • Час по лектира (есеи и критики, 1991)
  • Моделот и текстот(студии, 1994);
  • Македонска книжевност за деца и младина (од Џинот до Рацин) (монографија, 1996)
  • Трагачот, честакот и јатката (студија, 1997)

Награди[уреди | уреди извор]

  • Награда 13 Ноември;
  • Награда Димитар Митрев;
  • Награда Кочо Рацин;
  • Повелба на град Пожаревац, Србија,
  • Награда на Културно-просветната заедница на Македонија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ДРУГОВАЦ, Миодраг Милошевиќ“. Архивирано од изворникот на 2021-02-09. Посетено на 2021-02-02.
  2. Македонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004.
  3. Современици