Прејди на содржината

ФК Челси

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Челзи ФК)
Челси
Целосно имеФудбалски клуб Челси
ДржаваАнглија Англија
ПрекарСините (the blues)
Основан1905
СтадионСтемфорд Бриџ
Лондон, Англија
Капацитет40,853
СопственикСАД Тод Боелу
МенаџерИталија Ензо Мареска
ЛигаПремиер лига Премиер лига
2023/24Премиер лига, 6. место
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона
Chelsea 1911-12.

ФК Челси (англиски: Chelsea F.C.) — професионален англиски фудбалски клуб основан во западен Лондон во 1905 година, со седиште во Фулам. Тренер на екипата е Ензо Мареска. Сопственик е Тод Боели од Соединетите Американски Држави. Челси има пет титули во англискиот фудбал (една во Прва дивизија и четири во Премиер лигата). Домашните натпревари ги игра на стадионот „Стемфорд Бриџ“, со капацитет од 42.500 луѓе, кој се наоѓа во Фулам (Западен Лондон).

Историјат

[уреди | уреди извор]

Познат и како „сините“, или во подамнешно време како „пензионерите“, фудбалскиот клуб „Челси“ во најголем дел од својата историја играл во елитната англиска Премиер лига. Првиот голем успех било учеството во финалето на Англискиот куп, каде што загубил од „Шефилд“. Сепак, во 1955 година, „Челси“ успеал да го освои тогашниот Англиски куп. Својот најголем подем клубот го доживеал со трите победи во Премиер-лигата (2004-2005, 2005-2006 и 2009-2010), како и со двете финалиња во Лигата на Шампионите, каде во првото финале загубува од својот соперник „Манчестер Јунајтед“ (2008), додека во второто финале извојувал победа над „Баерн Минхен“ со резултат 4-3 (пенали).

Првото поголемо обновување на својата екипа го забележува со доаѓањето на селекторот Тед Дрејк (1952), а набрзо го освојува и купот на УЕФА. Својот прв пад клубот го доживува со доаѓањето на селекторот Томи Дочерти (1960-1970). Но седмата декада од дваесеттиот век не е ништо во споредба со следните две за судбината на Челси. Во 70-ите и 80-ите Стемфорд Бриџ бил честопати напаѓан од страна на противничките навивачи, за на крај да биде даден на аукција со почетна цена од една фунта, што значи и губење на нивниот дом. По ваквиот сплет на настаните во 1983 година клубот паѓа дури до Втората Англиска Дивизија. За голема среќа селекторот Џон Нил го обновува клубот за мала сума на пари по што Челси се враќа во Англиската Премиера за 2-ве години.

Својот “кам-бек” Челси го пронаоѓа со двата Италијански селектори: Џанлука Вијали, и Клаудио Раниери (1994-2003). Во 2003 клубот е продаден на Рускиот милијардер Роман Абрамович за сума од дури 140 милиони фунти.[1] Тогаш беа потрошени дури 100 милиони фунти на нови играчи, но Раниери не беше веќе способен за нови освојувања, па затоа беше заменат со Португалскиот селектор Жозе Мурињо. Набрзо Мурињо освојува две Лигашки и една Куп победа на островот, по што е заменет со селекторот Аврам Грант (2007). Ни овoј селектор не останува подолго на клупата, па набрзо е сменет со Луис Фелипе Сколари (2008).

Луис не направил многу за клубот, и од таа причина на кормилото на Челси дојде ветеранот Гус Хидинг (2009). Два дена по завршувањето на договорот со Гус Хидинг, Челси потпиша договор со Карло Анчелоти, поранешен менаџер на Милан. Анчелоти ги одведе Челси до нивната прва двојна титула, во лигата, и на ФА купот. Анчелоти беше избркан од Челси во мај 2011, и беше заменет од Андре Вилаш-Боаш, кој дојде од португалскиот Порто.[2] По слабите резултати, во март 2012, Андре Вилаш-Боаш бил разрешен, и за привремен менаџер бил именуван италијанецот Роберто Ди Матео. Со него, Челси го освоил својот 7-ми ФА Куп[3], и својата прва титула во УЕФА Лигата на Шампионите, победувајќи го Баерн Минхен со 4-3 на пенали и станувајќи прв Лондонски клуб со титула во Лигата на Шампионите.[4]

Во сезоната 2016-2017 за тренер бил ангажиран Антонио Конте, под чие водство екипата прикажала добри игри, остварувајќи 13 победи во низа, т.е. само една помалку од рекордот на „Арсенал“ од 2002 година. Победничката серија била прекината во јануари 2017 година, со поразот на гостувањето кај „Тотенхем“, со резултат 0:2.[5]

Стемфорд Бриџ

Стамфорд Бриџ

[уреди | уреди извор]

Челзи имале само еден терен Стамфорд Бриџ каде играле од кога бил создаден клубот (1905г.). Официјално бил отворен на 28 април 1877, но тој 28 години бил користен од London Athletics Club како арена за атлетика, состаноци, а воопшто не за фудбал. Во 1904 година земјата била купена од страна стопанственик Гус Mears и неговиот брат Јосиф, кој исто така купија и околните земјиште (порано голем пазар ). Димензиите на теренот се 103 x 67 метри. Капацитетот му е 41,663 места.

Европски

[уреди | уреди извор]
Дидје Дрогба при одлучувачкиот пенал од финалето на Лигата на Шампионите 2012
  • Освојувач (1): 2011-12. 2020-21
  • Финалист (1): 2007-08
  • Освојувач (1): 2012-13
  • Освојувач (2): 1970-71, 1997–98
  • Освојувач (1): 1998. 2021

Играч на годината

[уреди | уреди извор]
Година Освојувач
1967 Англија Peter Bonetti
1968 Шкотска Charlie Cooke
1969 Англија David Webb
1970 Англија John Hollins
1971 Англија John Hollins
1972 Англија David Webb
1973 Англија Peter Osgood
1974 Англија Gary Locke
1975 Шкотска Charlie Cooke
1976 Англија Ray Wilkins
1977 Англија Ray Wilkins
1978 Англија Micky Droy
1979 Англија Tommy Langley
 
Година Освојувач
1980 Англија Clive Walker
1981 Југославија Petar Borota
1982 Англија Mike Fillery
1983 Велс Joey Jones
1984 Шкотска Pat Nevin
1985 Шкотска David Speedie
1986 Велс Eddie Niedzwiecki
1987 Шкотска Pat Nevin
1988 Англија Tony Dorigo
1989 Англија Graham Roberts
1990 Холандија Ken Monkou
1991 Ирска Andy Townsend
 
Година Освојувач
1992 Англија Paul Elliott
1993 Јамајка Frank Sinclair
1994 Шкотска Steve Clarke
1995 Норвешка Erland Johnsen
1996 Холандија Ruud Gullit
1997 Велс Mark Hughes
1998 Англија Dennis Wise
1999 Италија Gianfranco Zola
2000 Англија Dennis Wise
2001 Англија John Terry
2002 Италија Carlo Cudicini
2003 Италија Gianfranco Zola
 
Година Оцвојувач
2004 Англија Frank Lampard
2005 Англија Frank Lampard
2006 Англија John Terry
2007 Гана Michael Essien
2008 Англија Joe Cole
2009 Англија Frank Lampard
2010 Брег на Слоновата Коска Didier Drogba
2011 Чешка Petr Čech
2012 Шпанија Juan Mata
2013 Шпанија Juan Mata
2014 Белгија Eden Hazard
2015 Белгија Eden Hazard
2016 Бразил Willian

Спонзори

[уреди | уреди извор]
Период Производител Спонсор
1975–1981 Umbro никој
1981–1983 Le Coq Sportif
1983–1984 Gulf Air
1984–1986 никој
1986–1987 Chelsea Collection
1987–1993 Umbro Commodore
1993–1994 Amiga
1994–1997 Coors
1997–2001 Autoglass
2001–2005 Fly Emirates
2005–2006 Samsung Mobile
2006–2008 Adidas
2008–2015 Samsung
2015–2020 Yokohama Tyres
2020–2023 ќе се дознае
  1. „Russian businessman buys Chelsea“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 2 July 2003. Посетено на 11 February 2007.
  2. „Andre Villas-Boas confirmed as Chelsea manager“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 22 June 2011. Посетено на 22 June 2011.
  3. McNulty, Phil (5 May 2012). „Chelsea 2–1 Liverpool“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 20 May 2012.
  4. McNulty, Phil (19 May 2012). „Bayern Munich 1–1 Chelsea (aet, 4–3 pens)“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 20 May 2012.
  5. „Челзи изгуби по 13 победи во низа“, Вест, година XVII, 6,7 и 8 јануари 2017, стр. 42.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]