Критериум ди Дофине 2014: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
сНема опис на уредувањето
Ред 227: Ред 227:
|style="background:pink"| [[Винченцо Нибали]]
|style="background:pink"| [[Винченцо Нибали]]
|style="background:lightgreen;"| [[Крис Фрум]]
|style="background:lightgreen;"| [[Крис Фрум]]
|style="background:offwhite;"| [[Бон Јунгелс]]
|style="background:offwhite;"| [[Боб Јунгелс]]
|style="background:orange;"| {{ct|SKY|2014}}
|style="background:orange;"| {{ct|SKY|2014}}
|-
|-
Ред 270: Ред 270:
[[Категорија:Критериум ду Дофине]]
[[Категорија:Критериум ду Дофине]]
[[Категорија:Светска турнеја UCI 2014]]
[[Категорија:Светска турнеја UCI 2014]]
[[Категориј:Франција во 2014 година]]
[[Категорија:Франција во 2014 година]]
[[Категорија:Швајцарија во 2014 година]]
[[Категорија:Швајцарија во 2014 година]]

Преработка од 19:55, 8 јуни 2014

Критериум ду Дофине 2014
Светска турнеја UCI 2014, трка 16 од 28
Детали за трката
Датум(и) 8–15 јуни 2014
Етапи 8
Растојание 1176 км
Добитници на наградите
2013
2015

Критериум ду Дофине 2014 — 66. издание на велосипедската етапна трка Критериум ду Дофине, која е организирана од Amaury Sport Organisation. Трката е составена од осум етапи, започнувајќи на 8 јуни во Лион, а ќе заврши во Куршевел. Дофине е сметана како голема подготовка за претстојниот Тур де Франс и голем број на фаворити за титулата на Тур ќе настапат на Дофине.[1] Претставува шеснаесетте трка во сезоната на Светската турнеја.

Екипи

Бидејќи Критериум ду Дофине е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи се автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. На три други екипи им биле доделени специјални покани и со тоа била создадена група од 21 екипа.

Екипи кои ќе настапат на трката се:

  • Професионални континентални екипи, специјално поканети на трката.

Распоред

Етапа Движење Растојание Вид Датум Победник
1 Лион до Лион 10,4 км индивидуален хронометар 8 јуни  Крис Фрум (ВБР)
2 Тарар до По д’Ојерг-Кол ду Беал 156 км планинска етапа 9 јуни
3 Амбер до Ле Теј 194 км рамна етапа 10 јуни
4 Монтелимар до Гап 167,5 км среднопланинска етапа 11 јуни
5 Систерон до Ла Мир 189,5 км среднопланинска етапа 12 јуни
6 Гренобл до Поази 178,5 км рамна етапа 13 јуни
7 Вил ла Гран до Финхот 160 км планинска етапа 14 јуни
8 Межев до Куршевел 131,5 км среднопланинска етапа 15 јуни

Етапи

Етапа 1

8 јуни 2014 — Лион до Лион, 10,4 км

Критериум ду Дофине започнал со хронометар од 10,4 километри на улиците на Лион. Средните времиња биле одредувани на 4,6 километри, на врвот на единствениот рид, за да се одлучи редоследот на велосипедистите во планинскиот пласман.

Резултат од етапа 1 и генерален пласман по етапа 1
Возач Екипа Време
1  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај 13' 13"
2  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф-Саксо + 8"
3  Боб Јунгелс (ЛУК) Трек Фактори Рејсинг + 9"
4  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 11"
5  Вилко Келдерман (ХОЛ) Белкин Про Сајклинг + 11"
6  Ларс Бом (ХОЛ) Белкин Про Сајклинг + 12"
7  Васил Кириенка (БЛР) Тим Скај + 12"
8  Винченцо Нибали (ИТА) Астана + 13"
9  Тиџеј ван Гардерен (САД) Ванти-Груп Гобер + 13"
10  Матијас Брендле (АВТ) ИАМ Сајклинг + 13"

Пласман

На Критериум ду Дофине 2014 биле доделени четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку завршното време на секој велосипедист на секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка со сина лента.[2] Овој пласман бил сметан за најважен на Критериум ду Дофине 2014 и победникот на овој пласман бил сметан за победник на трката.

Дополнително, постоел бодовен пласман наградуван со зелена маичка.[2] За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови за завршување во првите десет на етапа. На сите етапи, победата носела 15 бода, второто место 12 носело 12 бода, третото 10, четвртото 8, петтото 6 и еден помалку за секое место надолу сè до еден бод за 10. место. Бодови за овој пласман можеле да се добијат и на секој од средните спринтови; овие бодови биле доделувани на секој од тројцата најбрзи возачи низ целта и тоа 5 бода за првиот, 3 за вториот и 1 за третиот.[2]

Постоел и планински пласман, кој бил наградуван со бело-црвена точкаста маичка.[2] За планинскиот пласман, бодови се добивале на врвот на некое искачување, доколку стигнеш пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија, а повеќе бодови носеле повисоките категории. Искачувањата од екстра категорија носеле најмногу бода, 20 за првиот возач преку врвот; првите десет возачи на искачувањата од екстра категорија добивале бодови за планинскиот пласман, првите осум за оние од прва категорија и првите шест за оние од втора категорија.[2] Помалку бодови се добивале на помалите искачувања, обележани со трета или четврта категорија.[2]

Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, наградуван со бела маичка.[2] Пласманот бил пресметуван на истиот начин како генералниот пласман, но тука се натпреварувале само возачите родени по 1 јануари 1988. Постоел и екипен пласман, каде се пресметувале времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа на секоја етапа; водечката екипа на крајот на екипата била онаа со најмало вкупно време.[2]

Етапа Победник Генерален пласман

Планински пласман

Бодовен пласман

Пласман за млад возач

Екипен пласман

1 Крис Фрум Крус Фрум Винченцо Нибали Крис Фрум Боб Јунгелс Тим Скај
2
3
4
5
6
7
8
На крај

Наводи

  1. Даниел Бенсон. „Критериум ду Дофине 2014: Преглед“. Cyclingnews.com. Посетено на 8 јуни 2014.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 „2013 Critérium du Dauphiné: Le règlement particulier“ (PDF). Критериум ду Дофине (француски). Amaury Sport Organisation. Посетено на 11 април 2014. Занемарен непознатиот параметар |trans_title= (help)

Надворешни врски

Предлошка:Светска турнеја UCI 2014