Димитрија Чуповски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
k;l;klkl;lkk;k;k;k;k;k;k;;k;k;k;k;k;k
с Отстрането уредувањето на 62.162.197.151 (разговор), вратено на последната верзија на MacedonianBoy
Ред 1: Ред 1:
{{Инфокутија за писател
{{Инфокутија за писател
|ја Чуповски
| name = Димитрија Чуповски
| image = Dimitrija Cupovski- portret.jpg
| image = Dimitrija Cupovski- portret.jpg
| imagesize =
| imagesize =
Ред 47: Ред 47:
Чуповски бил иницијатор и прв претседател на [[Македонско научно-литературно другарство во Санкт Петербург|Славјанско-македонското научно литературно друштво]], основано во Петроград во [[1902]] година. Го основал и Национално-просветното ([[1912]]) и Руско-македонското друштво ([[1914]]) во Петроград, а во периодот од [[1912]] до [[1915]] година на [[руски јазик]] го издавал списанието „Македонски глас“ (''Македонскiи голосъ'').
Чуповски бил иницијатор и прв претседател на [[Македонско научно-литературно другарство во Санкт Петербург|Славјанско-македонското научно литературно друштво]], основано во Петроград во [[1902]] година. Го основал и Национално-просветното ([[1912]]) и Руско-македонското друштво ([[1914]]) во Петроград, а во периодот од [[1912]] до [[1915]] година на [[руски јазик]] го издавал списанието „Македонски глас“ (''Македонскiи голосъ'').


Димитрија Чуповски починал во [[Ленинград]] ([[Санкт Петербург]]), на [[29 октомври]] [[1940]] година како турски поданик, изнесен за погреб прекриен со знамето на Македонската коло
Димитрија Чуповски починал во [[Ленинград]] ([[Санкт Петербург]]), на [[29 октомври]] [[1940]] година како турски поданик, изнесен за погреб прекриен со знамето на Македонската колонија изработено во 1914 г. На крстот син му му ги напишал зборовите што самиот му ги поставил на брата му Наце:

{{Цитатник|Борец за правото и слободата на македонскиот народ}}.

По половина век, во [[1990]] година неговите посмртни остатоци со државни свечености биле пренесени од Ленинград во [[Скопје]].

== Научно-литературна дејност ==
Во Русија тој го формира “[[Македонското научно-литературно другарство во С. Петерсбург|Македонското научно-литературно другарство во Петербург]]“ (МНЛД), предвесникот на денешната [[МАНУ|Македонска академија на науките и уметностите]]. Другарство развива широка мрежа од активности, пред се за запознавање на руската и пошироката европска јавност со вистинските состојби во кои се наоѓале [[Македонија]] и [[Македонци]]те во тоа време.
[[Податотека:Димитрија Чуповски.jpg|мини|лево|250п|Споменик на Чуповски, плоштад Македонија, Скопје]][[Податотека:Makedonski Glas.jpg|right|170px|thumb|Првата страница од првиот број на списанието „Македонски Глас“.]]
Како претседател на МНЛД, Чуповски ги подготвува акциите и плановите на другарството, активно води разговори со руските власти и со турската и австро-унгарската амбасада во [[Русија]], држи предавања во рамките на МНЛД и надвор од него. Во текот на својот творечки живот, Чуповски патувал и во Македонија заради подготовките за отворање на училишта на [[македонски јазик]] во периодот од [[1905]] до [[1911]] година. Покрај дејностите во МНЛД, тој бил и сопственик на Посредничкото биро „Трудовој Посредник“ и тогаш го издава годишникот ''„Д{{Уникод|ѣ}}ловой Петербургъ“'' во [[1909]] и [[1910]] година.

Пред самиот почеток на [[Балкански војни|Балканските војни]], Чуповски со останатите членови на МЛНД настапувале на јавни собири во рускиот печат и јавен живот. По почетокот на војните, Димитрија пристигнува во [[Велес]] и со [[Петар Попарсов]] организираат ''Општомакедонска конференција'' во [[декември]] [[1912]] година. Целта на конференцијата била да се донесат заклучоци, а воедно и да се испрати сигнал, за зачувување на целоста на Македонија и обезбедување на слободата и државноста на истата. На самата конференција и од нејзиниот исход, Чуповски добива полна подршка и полномошност за застапување на тие интереси преку [[Македонска колонија во Петроград|Македонската колонија во Петроград]] и да ги презентира истите тие интереси пред Русија и [[Европа]], воопшто.
[[File:Karta Makedonija 1913.jpg|thumb|right|170px|Картата изработена од Чуповски во 1913.]]
Со самиот почеток на реализацијата на остварувањето на овие зацртани определби, Чуповски и Попарсов заминуваат за [[Лондон]] и [[Париз]]. Таму тој ги создава своите статии за македонската државност и за завојувачкиот карактер на војната. Во тој момент Чуповски ја објавува и првата карта за Македонија во боја и на македонски јазик - „Карта Македониіа“. Покрај картата, Чуповски ги објавува и „Македонски народници“ во март [[1913]] година и „Меморандум на Македонците“ на [[1 март]] [[1913]] година. Сите три, Чуповски ги испраќа до [[Лондонска конференција|Лондонската конференција]] и до рускиот печат за подобро запознавање со [[Македонско прашање|македонското прашање]] и желбата на Македонците за своја слободна татковина. На [[7 јуни]] бил потпишан и „Меморандумот на Македонците“ кој пак бил испратен до владите на балканските држави, додека пак на [[9 јуни]] [[1913]] година Чуповски и МНЛД го издаваат својот прв број на македонското списание на [[руски јазик]] „[[Македонски глас (Петроград)|Македонски Глас]]“. Ова списание со 11 броја кое излегувало од [[20 ноември]] [[1914]] година е важен историски архив за борбата на Македонците за зачувување на територијалната целост на Македонија и за извојувањето на македонската национална слобода.

Пoкрај сите овие дејности кои ги организирале Чуповски и МЛНД, тие заедно со [[Крсте Петков Мисирков]] како заеднички акт од Петроградската и [[Јужноруска колонија|Јужноруската колонија]] поднесуваат опширен Меморандум до рускиот министер за надворешни работи на [[14 август]] [[1914]] година. Заедно со [[Наце Димов]] и ''Друштвото за помош на почетниците литератори, артисти, уметници и научници на Русија'' тие организираат и ''Словенски лазарет за ранетите руски воини'' во [[1915]] година.

Следната 1916 година Чуповски се обидува да дојде во Македонија, но тој обид завршува на [[Романија|романската]] граница. Во текот на истата година но во наредната [[1917]] година пропаѓаат и обидите за создавање на ''Балканска Федеративна Демократска Република'', зацртан план на Македонскиот револуционерен комитет, кој пак бил задушен од самата [[Октомвриска револуција|Октомвриска револуција]] во [[Русија]] во [[1917]] година.

Обидите на Чуповски и понатака да придонесува за судбината на својот народ и татковина не запираат, па така тој започнал со подготовките да создаде македонско-руски речник. Исто така, Чуповски во ракопис имал и лексикон за историјата, етнографијата, јазикот, фолклорот и културата на Македонија. Сите овие последни дела на Чуповски се засекогаш изгубени при бомбардирањето на [[Ленинград]] во [[1942]] година.

== Делото на Чуповски ==

Димитрија Чуповски ќе остане забележен во историјата како еден од најголемите борци за самобитноста на македонскиот народ како и за обединувањето на [[Македонија]] и нејзино конституирање во национална држава на [[Македонци|македонскиот народ]], за што со неговите соработници испратиле повеќе меморандуми до европските дипломати на Париската мировна конференција, а учествувале и на сесловенските конгреси во одбрана на правото на самоопределување на [[Македонци]]те и нивната татковина.

== Галерија ==
<center>
<gallery>
Податотека:Makedonski Glas.jpg|Првиот број на списанието “МАКЕДОНСКIЙ ГОЛОСЪ“ (мк: Македонски Глас) во коешто Чуповски и неговите соработници се борат за посебноста на Македонците.
Податотека:Dimitrija Cupovski.jpg|Портрет на Димитрија Чуповски
Податотека:Molba na MNLD Sv. Kliment Ohridski 1.jpg|Молбата до Советот на „Петербуршкото словенско благотворно друштво” од 1902 година, прв дел
Податотека:Molba na MNLD Sv. Kliment Ohridski 2.jpg|Молбата до Советот на “Петербуршкото словенско благотворно друштво” од 1902 година, втор дел
Податотека:Molba na MNLD Sv. Kliment Ohridski 3.jpg|Молбата до Советот на „Петербуршкото словенско благотворно друштво” од 1902 година, трет дел
Податотека:Cupovski, Dimov i Konstantinovic.jpg|Портрет на Димитрија Чуповски, брат му Наце Димов и [[Гаврил Константинович]] од Костурско.
Податотека:Stefan Dedov.jpg|[[Стефан Дедов]], македонски деец и пријател на Чуповски.
Податотека:Ustavot na MD vo Sankt Peterburg.jpg|Уставот на македонското другарство во Санкт Петербург, Русија.
</gallery>
</center>

== Литература ==
* [[Блаже Ристовски]], „Димитрија Чуповски: (1878-1940) и македонското научно-литературно друштво во Петроград: прилози кон проучувањето на македонско-руските врски и развитокот на македонската национална мисла“, Култура, Скопје, 1978.
* [[Блаже Ристовски]], „Димитрија Чуповски и македонската национална свест“, Скопје, 1996.
* [[Блаже Ристовски]], „Димитрија Чуповски и македонское националное сознание“, Москва, 1999.

== Забелешки ==
{{reflist}}

== Видете исто така ==
* [[Крсте Петков Мисирков]]
* [[Историја на македонскиот народ]]
* [[Македонски глас]]
* [[Македонска колонија во Петроград]]

== Надворешни врски ==
* [[:s:Писмо на Димитрија Чуповски до Неофит|Писмо на Димитрија Чуповски до Неофит]] на [[Викиизвор]].
* [http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=1&pid=3&ppid=46 Димитрија Чуповски]
* [http://macedonian.atspace.com/knigi/mak_golos.htm МАКЕДОНСКIЙ ГОЛОСЪ - Број 1 (9 јуни 1913 година)]
* [http://mn.mk/istorija/298-dimitrija-cupovski Димитрија Чуповски]
* [http://www.makedonika.org/NarodnaVolja/stat_link17.html Националната дејност на Чуповски]

[[Категорија:Македонски револуционери]]
[[Категорија:Македонски политичари]]
[[Категорија:Македонски дипломати]]
[[Категорија:Македонски научници]]
[[Категорија:Македонски публицисти]]
[[Категорија:Македонски историчари]]
[[Категорија:Македонски картографи]]
[[Категорија:Македонски филолози]]
[[Категорија:Македонски македонисти]]

[[bg:Димитър Чуповски]]
[[en:Dimitrija Čupovski]]
[[es:Dimitrija Čupovski]]
{{Македонско национално движење}}

[[Категорија:Велешани]]

[[Категорија:Папрадиште (Велешко)]]

Преработка од 16:36, 8 ноември 2011

Димитрија Чуповски
Портрет на македонскиот национален деец и борец.
Роден/аДимитрија Димов Чуповски (Димитрија Павле Чуповски)
8 ноември 1878
Папрадиште, Велешко
Починат/а29 октомври 1940, (62 години)
Санкт Петербург, СССР
Занимањемакедонски општественик, револуционер, политичар, дипломат, публицист, научник, издавач, историчар, картограф и филолог.
НационалностМакедонец
Апсолвент наПетербуршки универзитет
Жанрлингвистика, филологија, политика, историја, етнографија, дипломатија и аналитика
Предметмакедонска историја, филологија, етнографија, аналитика, дипломатија и политика
Книжевно движењеМакедонско научно-литературно друштво „Свети Климент“, македонска преродба
Значајни делаМакедонски глас
Сопруг/аЛидија Чуповска
РодниниРостислав Чуповски (син), Наце Димов (брат)

Димитрија Чуповски (Папрадиште, Велешко, 8 ноември, 1878 - Ленинград, СССР, 29 октомври, 1940) бил македонски општественик, револуционер, политичар, дипломат, публицист, научник, издавач, историчар, картограф и филолог и еден од најистакнатите и најдоследни организатори и афирматори на македонската национална мисла[1]. Познат и како Димитрија Павле Чуповски или Димитрија Димов Чуповски

Чуповски е член-основач и претседател на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург (19021917), член-основач и претседател на Словеномакедонското национално-просветно друштво „Св. Кирил и Методиј“ (19121913), член-основач на Руско-македонското благотворно друштво „Св. Кирил и Методиј“ (19131914) и член-основач и претседател на Македонскиот револуционерен комитет во Петроград (19171924), но и потпретседател на Друштвото за помош на почетниците литератори, артисти, уметници и научници на Русија (1915) и редовен член на Санкт-петербуршкото словенско благотворно друштво, на Друштвото за словенска заемност и на други руски асоцијации.

Димитрија Чуповски е македонски национален деец и борец, силен заштитник и бранител на македонската национална самобитност и посебност, а по поделбата на Македонија во 1913 година, силно се залагал за нејзино обединување и конституирање како национална држава на македонскиот народ.

Биографија

Димитрија Чуповски е роден на 8 ноември 1878 година во велешкото село Папрадиште[2]. Роден е како посмртче, откако неговиот татко бил убиен од страна на албански платеници. Кога имал десет години неговото родно село било изгорено од албански качаци и семејството му се сели во Крушево, родното место на неговата мајка. Тој го започнал своето образование во родното село, потоа по преселбата го продолжува во Крушево каде и го научил молерскиот занает. Потоа тој и неговите браќа заминуваат на печалба во Софија, каде го продолжил своето дообразование кај „Лозарите“ во 1892 година.

Чуповски и членовите на друштвото „Вардар“.

Во престолнината на штотуку создадената бугарска држава, Димитрија дење работел, а ноќе го посетувал училиштето што било организирано за Македонците од страна на Даме Груев, Петар Поп Арсов и други будни македонски студенти. Така, покрај образованието, Димитрија имал можност да навлезе подлабоко и во македонското ослободително движење, со што бил зацртан неговиот иден животен пат. Своето образование го продолжил во Белград во вечерната светосавска учителска школа каде, меѓувремено, членувал и во ученичкото друштво „Вардар“ во периодот од 1893 до 1894 година. По завршувањето на образованието во Белград, Чуповски се вработил како учител во своето родно село, во Папрадиште и предавал во учебната 1895/1896 година. Но тоа учителување е краткотрајно бидејќи е затворен во затвор по обвинение дека работи со револуционерното движење. Чуповски по кратко време успева да избега од затворот и преку Белград се упатува за Русија. Во Русија, Димитрија се запишал во Духовната семинарија во Новогород и во Симферопол во периодот од 1897 до 1900 година. По овие семинарии, Чуповски своето високо образование го продолжува на Петербуршкиот Универзитет, но набрзо е исклучен од програмата поради учество во студентски штрајк кој се одвивал во 1905 година.

Чуповски бил иницијатор и прв претседател на Славјанско-македонското научно литературно друштво, основано во Петроград во 1902 година. Го основал и Национално-просветното (1912) и Руско-македонското друштво (1914) во Петроград, а во периодот од 1912 до 1915 година на руски јазик го издавал списанието „Македонски глас“ (Македонскiи голосъ).

Димитрија Чуповски починал во Ленинград (Санкт Петербург), на 29 октомври 1940 година како турски поданик, изнесен за погреб прекриен со знамето на Македонската колонија изработено во 1914 г. На крстот син му му ги напишал зборовите што самиот му ги поставил на брата му Наце:

Борец за правото и слободата на македонскиот народ

.

По половина век, во 1990 година неговите посмртни остатоци со државни свечености биле пренесени од Ленинград во Скопје.

Научно-литературна дејност

Во Русија тој го формира “Македонското научно-литературно другарство во Петербург“ (МНЛД), предвесникот на денешната Македонска академија на науките и уметностите. Другарство развива широка мрежа од активности, пред се за запознавање на руската и пошироката европска јавност со вистинските состојби во кои се наоѓале Македонија и Македонците во тоа време.

Споменик на Чуповски, плоштад Македонија, Скопје
Првата страница од првиот број на списанието „Македонски Глас“.

Како претседател на МНЛД, Чуповски ги подготвува акциите и плановите на другарството, активно води разговори со руските власти и со турската и австро-унгарската амбасада во Русија, држи предавања во рамките на МНЛД и надвор од него. Во текот на својот творечки живот, Чуповски патувал и во Македонија заради подготовките за отворање на училишта на македонски јазик во периодот од 1905 до 1911 година. Покрај дејностите во МНЛД, тој бил и сопственик на Посредничкото биро „Трудовој Посредник“ и тогаш го издава годишникот „Дѣловой Петербургъ“ во 1909 и 1910 година.

Пред самиот почеток на Балканските војни, Чуповски со останатите членови на МЛНД настапувале на јавни собири во рускиот печат и јавен живот. По почетокот на војните, Димитрија пристигнува во Велес и со Петар Попарсов организираат Општомакедонска конференција во декември 1912 година. Целта на конференцијата била да се донесат заклучоци, а воедно и да се испрати сигнал, за зачувување на целоста на Македонија и обезбедување на слободата и државноста на истата. На самата конференција и од нејзиниот исход, Чуповски добива полна подршка и полномошност за застапување на тие интереси преку Македонската колонија во Петроград и да ги презентира истите тие интереси пред Русија и Европа, воопшто.

Картата изработена од Чуповски во 1913.

Со самиот почеток на реализацијата на остварувањето на овие зацртани определби, Чуповски и Попарсов заминуваат за Лондон и Париз. Таму тој ги создава своите статии за македонската државност и за завојувачкиот карактер на војната. Во тој момент Чуповски ја објавува и првата карта за Македонија во боја и на македонски јазик - „Карта Македониіа“. Покрај картата, Чуповски ги објавува и „Македонски народници“ во март 1913 година и „Меморандум на Македонците“ на 1 март 1913 година. Сите три, Чуповски ги испраќа до Лондонската конференција и до рускиот печат за подобро запознавање со македонското прашање и желбата на Македонците за своја слободна татковина. На 7 јуни бил потпишан и „Меморандумот на Македонците“ кој пак бил испратен до владите на балканските држави, додека пак на 9 јуни 1913 година Чуповски и МНЛД го издаваат својот прв број на македонското списание на руски јазикМакедонски Глас“. Ова списание со 11 броја кое излегувало од 20 ноември 1914 година е важен историски архив за борбата на Македонците за зачувување на територијалната целост на Македонија и за извојувањето на македонската национална слобода.

Пoкрај сите овие дејности кои ги организирале Чуповски и МЛНД, тие заедно со Крсте Петков Мисирков како заеднички акт од Петроградската и Јужноруската колонија поднесуваат опширен Меморандум до рускиот министер за надворешни работи на 14 август 1914 година. Заедно со Наце Димов и Друштвото за помош на почетниците литератори, артисти, уметници и научници на Русија тие организираат и Словенски лазарет за ранетите руски воини во 1915 година.

Следната 1916 година Чуповски се обидува да дојде во Македонија, но тој обид завршува на романската граница. Во текот на истата година но во наредната 1917 година пропаѓаат и обидите за создавање на Балканска Федеративна Демократска Република, зацртан план на Македонскиот револуционерен комитет, кој пак бил задушен од самата Октомвриска револуција во Русија во 1917 година.

Обидите на Чуповски и понатака да придонесува за судбината на својот народ и татковина не запираат, па така тој започнал со подготовките да создаде македонско-руски речник. Исто така, Чуповски во ракопис имал и лексикон за историјата, етнографијата, јазикот, фолклорот и културата на Македонија. Сите овие последни дела на Чуповски се засекогаш изгубени при бомбардирањето на Ленинград во 1942 година.

Делото на Чуповски

Димитрија Чуповски ќе остане забележен во историјата како еден од најголемите борци за самобитноста на македонскиот народ како и за обединувањето на Македонија и нејзино конституирање во национална држава на македонскиот народ, за што со неговите соработници испратиле повеќе меморандуми до европските дипломати на Париската мировна конференција, а учествувале и на сесловенските конгреси во одбрана на правото на самоопределување на Македонците и нивната татковина.

Галерија

Литература

  • Блаже Ристовски, „Димитрија Чуповски: (1878-1940) и македонското научно-литературно друштво во Петроград: прилози кон проучувањето на македонско-руските врски и развитокот на македонската национална мисла“, Култура, Скопје, 1978.
  • Блаже Ристовски, „Димитрија Чуповски и македонската национална свест“, Скопје, 1996.
  • Блаже Ристовски, „Димитрија Чуповски и македонское националное сознание“, Москва, 1999.

Забелешки

Видете исто така

Надворешни врски