Рафаело Санти
Рафаело | |
---|---|
Портрет од Рафаело Санти[1] | |
Роден(а) | Урбино, Марке |
Националност | Италијанец |
Познат(а) по | сликар и архитект |
Правец | доцна ренесанса |
Рафаело Санцио де Урбино или Рафаело Санти (италијански: Raffaello Sanzio da Urbino; 6 април / 28 март 1483 — 6 април 1520) — италијански сликар, архитект од Фирентинската школа. Тој е претставник и твори во времето на ренесансата, кој го опфаќа периодот од XV век до првите години на XVI век. И покрај краткиот му живот Рафаело оставил после себеси огромно живопишно наследство. Уште како млад тој бил прочуен како “сликарот на богородици“ . Голема слава му донасуваат и неговите фрески во Ватикан. Во ново време Рафаело е сметан за еден од трите големи уметници на ренесанса, заедно со Микеланџело и Леонардо да Винчи.
Животопис
[уреди | уреди извор]Рафаело е роден во Урбино во 1482 година. Тој е син на сликарот и поет Џовани Санти. Кога Рафаело станал 12 години, татко му го однел во Перуџа. Тука, Рафаел станува најголем ученик на својот татко. Тој помага на својот учител за делото „Предавање на клучевете на Апостол Петар“. Во текот на 1501 и 1502 година тој прави два подвига. Првиот има два проекти — „Трите грации“ и „Сонот на рицарот“, а вториот е „Свети Георги во борба со дракон“. Во овие дела е насликано античкото искуство на уметникот.
Животот во Фиренца
[уреди | уреди извор]Во 1503 година Рафаело заминува во Фиренца, каде се запознава со делата и творбите на Леонардо да Винчи, Микеланџело и Донатело. Под влијание на нивното искуство, неговиот стил му се променува, а со тоа и неговите познавања се зголемуваат. Во Фиренца, Рафаело се прочувува со своите богородици и се посветува целосно на нив. Во 1504 година Рафаело ја направил и првата своја значителна творба — „Обучение Богородично“, во која се насочува кон нови идеи и композиторни решенија. Истата година тој ја израбортува и „Богородица на големиот војвода”, која се одликува со посебни убавини и квалитети, за разлика од покасните меки и миловидни дела. Како подарок за Леонардо ја создава „?”(1505), во која ја насликува Богородица заедно со малиот Јован кој подава на Исус птица, која е симбол на плодородноста. За изработката е користена пирамидната композиција на Леонардо. Други негови творби од тој период се „Млада жена со еднорог“ (1505), портрет на Анџело и Магдалена Дони (1505), „Внесување во гробот“ и „Оплачувањето на Христос“ (1507)
Животот во Рим
[уреди | уреди извор]Во 1509 година Рафаело добил порачка од папа Јулиј II, за да проектира и за да ги наслика три од Ватиканските станци - Станца дела Сигнатура, Станца ди Елеодоро и Станца Залија. Најизвесните му творби се фреските во Станца де ла Сигнатура (Салата на печатот) - „Атинската школа“ и „Деспутот за Светото пишание“. „Атинската школа“ (1509–11) е пример за користењето на линејна и воздушна перспектива. Во неа Рафаело ги насликува најголемите филозофи, поети и мислители на антиката, како на пример Аристотел, Платон, Питагора, Хераклит и Птолемеј. Платон со својот облик најмногу наликува на Леонардо да Винчи, Хераклит на Микеланџело. Освен фрески во Рим Рафаело направил и многу живописни слики. Прекрасната жена од Трастевере тој ја прикажува во Дона Велата(1512–13);
Смрт
[уреди | уреди извор]Рафаело Санти починал на својот 37-ми роденден во Рим. Погребан е во Пантеона. Според Вазари, неговата прерана смрт била причинета од прекумерниот секс што тие го имале во текот на неговиот роденден, по кое тој добил многу голема треска а не споменува многу за погрешните лекови кои му биле дадени од страна на докторот. Други пак историчари и иследуватели даваат следни теории: Бернардињо Рамазини смета дека прераата смрт на Рафаело е поради употреба на живак кој се состоел од многу штетни материи, други сметале дека тоа било сепак треска а трети пак, како Портиглиот, смета дека Рафаел имал заболување на белиот дроб.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Jones and Penny, p. 171. The portrait of Raphael is probably "a later adaptation of the one likeness which all agree on", that in The School of Athens, vouched for by Vasari
|