Ослободување на Свети Петар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ослободување на Свети Петар
Творец Рафаело Санти
Година 1514
Вид Фреска
Димензии 560 цм во ширина
Место Апостолски дворец, Ватикан

Ослободување на Свети Петарфрескописна слика на италијанскиот високоренесансен уметник Рафаело Санти.[1] Била насликана во 1514 година како дел од налогот на Рафаело да ги украси со фрески просториите кои сега се познати како Рафаелови одаи (италијански: Stanze di Raffaello), во Апостолскиот дворец во Ватикан. Се наоѓа во Хелиодоровата одаја (Stanza di Eliodoro), која е именувана по Протерувањето на Хелиодор од храмот. Сликата покажува како Свети Петар бил ослободен од затворот на Ирод од ангел, како што е опишано во Дела 12. Тоа е технички надвратник.

Фреската прикажува три сцени во симетрична рамнотежа образувана од преправена архитектура и скали. Во средината, ангелот го буди Петар, а од десната страна го води покрај заспаните стражари. На левата страна еден чувар очигледно ја забележал светлината створена од ангелот и го буди другарот, покажувајќи кон чудесно осветлената ќелија. Ова додава драма на спокојниот излез на Петар од десната страна.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (Arnold NESSELRATH "RAPHAEL ET PINTURICCHIO" Louvre éditions page 177 "cette oeuvre peinte entièrement par l'artiste lui même")

Надворешни врски[уреди | уреди извор]