Посета (Рафаело)
Изглед
![]() | |
Творец | Рафаело Санти |
---|---|
Година | околу 1517 |
Димензии | 200 см × 145 см |
Место | Прадо, Мадрид |
Посета ― слика од околу 1517 година, посветена на Посетата на Богородица кај Света Елисавета од Рафаело Санти, во Музејот Прадо од 1837 година. Нарачана од апостолскиот протонотар Џовани Бранконјо на барање на неговиот татко Марино за нивната семејна капела во црквата „Св. Силвестер“ во Аквила (сопругата на Марино се викала Елизабета), таа била ограбена од окупаторските трупи на Филип IV Шпански во 1655 година и била сместена во Ескоријал.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Профил во каталогот на Прадо Архивирано на 22 декември 2014 г.