Rehab

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Rehab“
Rehab.jpg
Сингл од Ријана
од албумот Good Girl Gone Bad
Издаден САД 7 октомври 2008
Италија 10 декември 2008[1]
Europe 9 јануари 2009[2]
Формат ЦД сингл, дигитален даунлоад
Снимен 2007
Жанр Поп, Р&Б
Должина 4:54 (верзијата на албумот)
4:20 (резервно уредена верзија)
4:05 (радио/видео уредување)
Издавачка куќа Def Jam Recordings
Композитор Џастин Тимберлејк, Тимбеленд, Хенон Лејн
Продуцент Џастин Тимберлејк, Тимбеленд, Хенон Лејн
Хронологија на синглови на Ријана
Live Your Life
(2008)
Rehab
(2008)
Run This Town
(2009)

„Rehab“ е осмиот и последен сингл земен од третиот албум на Ријана - Good Girl Gone Bad реализиран во 2007 во САД и Велика Британија. Песната е напишана од страна на Џастин Тимберлејк, Тимбеленд, Хенон Лејн заедно со вокалите на Тимберлејк и Тимбеленд во позадина.

Реализација[уреди]

„Rehab“ беше реализиран на радио на 7 Октомври, 2008.[3] „Rehab“ беше наменет за реализирање во Август, 2008 во Велика Британија но беше повратен назад поради дигиталната реализација на „Disturbia“ и на необврзаното одбирање на „Breakin' Dishes“. Иако без официјална реализација сеуште, песната започна да котира многу добро на радио листите кон крајот на Септември. Таа се најде на врвот на „Pop Radio“. Доцна во Септември е пуштена на „New York City's Z100“ радио. После една недела од реализацијата е избрана за петта највртена песна на радијата во Австралија.[4]

Во Април 2009 Тимбеленд реализираше нов ремикс на „Rehab“ на интернет наречен „Timbaland Remix“.

Музичко видео[уреди]

Ријана и Џастин Тимберлејк во музичкото видео за „Rehab“

Ријана и Џастин Тимберлејк снимија музичко видео за песната режирано од страна на Ентони Медлер во Лос Анџелес на 21 Октомври, 2008. Видеото беше премиерно прикажана на 17 Ноември, 2008 на MTV.com и ја содржи радио уредената верзија на песната.

Видеото започнува со Ријана која е потпрена на кола во пустина со приколка во близина и Тимберлејк кој е упатен кон неа со мотор. Продолжува да ги прикажува Ријана и Тимберлејк во неколку сцени заедно во пустината и внатре во приколката. Во видеото има ноќни и дневни сцени како и различно осветлување и контраст, како што се зелени и розови како и црно бели сцени.

Листа на песни[уреди]

iTunes Сингл[5]
  1. „Rehab“ (главна верзија) — 4:54
  2. „Rehab“ (инструментална верзија) — 4:54
ВБ iTunes Сингл[6]
  1. „Rehab“ (Live верзија) — 4:46
  2. „Rehab“ (музичко видео) — 4:45
Промо ЦД
  1. „Rehab“ (главна верзија) — 4:54
  2. „Rehab“ (радио уредување) — 4:05
  3. „Rehab“ (инструментална верзија) — 4:54

Ремикси[уреди]

  1. „Rehab“ (Sandy Resek Klub Remix)
  2. „Rehab“ (DJ VNo Remix)
  3. „Rehab“ (Alex Dubbing Private Club Remix)
  4. „Rehab“ (Alex Astero & Evan Sax Club Mix)

Наводи[уреди]