Umbrella
„Umbrella“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
![]() | |||||
Сингл од Ријана | |||||
од албумот Good Girl Gone Bad | |||||
Издаден | 29 март 2007 | ||||
Формат | ЦД Сингл, макси сингл, дигитален даунлоад | ||||
Снимен | февруари 2007 | ||||
Жанр | Поп, Р&Б, хип хоп | ||||
Должина | 4:35 (Верзија на албумот) 4:14 (Радио уредување) | ||||
Издавачка куќа | Def Jam Recordings | ||||
Композитор | The-Dream, Трики Стјуарт, Кук Херел, Jay- Z | ||||
Продуцент | Трики Стјуарт, Кук Херел | ||||
Хронологија на синглови на Ријана | |||||
|
Umbrella е песна со брзо Р&Б темпо изведена од страна на Ријана заедно со Jay- Z од албумот Good Girl Gone Bad на Ријана. Напишана е од страна на Трики Стјуарт, Кук Херел и Jay- Z. Релизирана е на 29 март 2007 како дигитален даунлоад и сингл. Песната стана многу успешна во голем број на земји низ светот и го зазеде првото место. Нејзиното траење изнесува 4 минути и 35 секунди.
Реализација[уреди | уреди извор]
Авторите на „Umbrella“ ја имале понудено песната на голем број продукциски куќи пред Ријана конечно да ја прифати и да ја сними. Песната најпрво и била понудена на Бритни Спирс која што ја одбила. Иако официјално е реализирана на 29 март во некои делови на САД била пуштена ден пред нејзината реализација. Во Велика Британија како дигитален даунлоад синглот е реализиран на 14 Мај.
Музичко видео[уреди | уреди извор]

Музичкото видео за „Umbrella“ е режирано од страна на Крис Еплбаум на 13 април 2007. Премиерно беше прикажана на 26 април на web страната thisisrihanna.com[1]. Видеото е официјално реализирано на 11 мај и го достигнува првото место за осум недели.
Во видеото се појавува и Jay-Z кој рапува на почетокот. Ријана е покажана тогаш како пее во место зачадено со гас. Во првиот рефрен Ријана оди низ дождот. Во вториот дел таа танцува со чадор на различни места. Подоцна таа обоена целата во сиво и позира во неколку позиции додека е тотално гола. На крајот на видеото Ријана повторно танцува со чадор додека се наоѓа во туш од кој излегуваат искри во вид на дожд.
Формати и список на песни[уреди | уреди извор]
Umbrella[уреди | уреди извор]
Страни A & B
Страна A
Страна B
|
Umbrella: Ремикски[уреди | уреди извор]
|
Наводи[уреди | уреди извор]
|