Вака Пуклана (кечуански: Wak'a Pukllana)[2] е археолошко наоѓалиште во Перу во близина на Лима. Наоѓалиштето е составено од неколку платформи, каде има изградено пирамида и останти структури. Името на наоѓалиштето потекнува од кечуанскиот јазик и во превод значи „место за ритуални игри“. Вака Пуклана била важен церемонијален и административен центар за културата Лима, општество кое опстојувало во периодот од 200 до 700 година. Покрај нив, во наоѓалиштето се пронашле и елементи на Вариската култура.
Големата пирамида била изградена поради општествени и религиозни причини. Целиот комплекс е опколен од плаза или главниот плоштад каде има голем ѕид што го дели на два дела. Во едниот дел имало клупи и јами каде се давале риби и останат морски животински свет како подарок на боговите. Другиот дел од плоштадот бил административниот центар. Во административниот центар имало мали куќи изработени од плотови.