Прејди на содржината

Вака Пуклана

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Уака Хулијана)
Вака Пуклана
Wak'a Pukllana
ОбластЛима

Вака Пуклана (кечуански: Wak'a Pukllana)[2] е археолошко наоѓалиште во Перу во близина на Лима. Наоѓалиштето е составено од неколку платформи, каде има изградено пирамида и останти структури. Името на наоѓалиштето потекнува од кечуанскиот јазик и во превод значи „место за ритуални игри“. Вака Пуклана била важен церемонијален и административен центар за културата Лима, општество кое опстојувало во периодот од 200 до 700 година. Покрај нив, во наоѓалиштето се пронашле и елементи на Вариската култура.

Големата пирамида била изградена поради општествени и религиозни причини. Целиот комплекс е опколен од плаза или главниот плоштад каде има голем ѕид што го дели на два дела. Во едниот дел имало клупи и јами каде се давале риби и останат морски животински свет како подарок на боговите. Другиот дел од плоштадот бил административниот центар. Во административниот центар имало мали куќи изработени од плотови.

  1. Higgins, James (2005). Lima: a cultural history. Oxford [Oxfordshire]: Oxford University Press. стр. 18. ISBN 0-19-517891-2.
  2. или познат под другите имиња Уака Пуклана, Хуака Пуклана (шпански: Huaca Pucllana), Вака Хулијана, Уака Хулијана, Хуака Хулијана или само Пуклана

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]