Стареењето во Европа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Процент од населението над 65 години во Европа во 2020 година.
Пирамидата на населението на Европската унија во 2023 година.
Европска пирамида на население од 1950 до 2023 година.

Стареењето во Европа, познато и како оседување на Европа, ― демографски феномен во Европа кој се одликува со намалување на плодноста, намалување на стапката на смртност и повисок животен век меѓу европското население.[1] Ниската стапка на наталитет и повисокиот животен век придонесуваат за преобразба на обликот на пирамидата на населението во Европа. Најзначајната промена е преминот кон многу постара структура на населението, што резултира со намалување на процентот на работоспособната возраст, додека бројот на пензионираното население се зголемува. Се предвидува дека вкупниот број на постарото население значително ќе се зголеми во наредните децении, со зголемени пропорции на повоените генерации на бејби-бум кои ќе стигнат до пензија. Ова ќе предизвика големо оптоварување на работоспособното население бидејќи тие обезбедуваат зголемување на бројот на постарото население.[2][3]

Низ историјата многу држави работеле на одржување на високи стапки на наталитет со цел да имаат умерени даноци, поголема економска активност и повеќе војници за нивната војска.[4]

Стареењето на населението денес е забележано во повеќето европски земји.

Севкупни трендови[уреди | уреди извор]

Џузепе Кароне и Деклан Костело од Меѓународниот монетарен фонд предвиделе во септември 2006 година дека соодносот на пензионери и работници во Европа ќе се удвои на 0,54 до 2050 година (од четири работници по пензионер на двајца работници по пензионер).[1][5] Вилијам Х. Фреј, аналитичар за аналитичкиот центар - Брукингсовиот Институт, предвидува дека средната возраст во Европа ќе се зголеми од 37,7 години во 2003 година на 52,3 години до 2050 година, додека средната возраст на луѓето во Соединетите Држави ќе се зголеми на само 45,4 години. 

Мар Геигин Квин, поранешен европски комесар за истражување, иновации и наука, изјави во 2014 година дека до 2020 година четвртина од населението во Европа ќе биде 60 години или повеќе. Оваа промена во демографијата драстично ќе ги промени економските, пазарот на труд, здравствената заштита и социјалната сигурност во Европа.[6]

Организацијата за економска соработка и развој проценува дека 39% од Европејците на возраст меѓу 55 и 65 години работат.[7]

Австрискиот министер за социјални работи во 2006 година рекол дека до 2010 година, старосната граница од 55 до 64 години во Европската унија ќе биде поголема од групата од 15 до 24 години. Комитетот за економска политика и Европската комисија издале извештај во 2006 година во кој се проценува дека работоспособното население во ЕУ ќе се намали за 48 милиони, што е намалување за 16%, помеѓу 2010 и 2050 година, додека постарото население ќе се зголеми за 58 милиони, што претставува зголемување од 77%.[се бара извор]

Во 2002 година, Бирото за попис на Соединетите Држави проценува дека Европската унија ќе доживее намалување од 14% во нејзината работна сила и 7% намалување на нејзиното население на потрошувачи до 2030 година.[8]

Феминизацијата на староста се одразува со зголемен број на жени на возраст од 65 години и постари. Подолгиот животен век е распространет кај жените ширум светот.[9] Во Европа, очекуваниот животен век на жените е 81 година, додека на мажите е само 74 години, што дава 7 години разлика.[10] Очекуваниот животен век на 60-годишна возраст е четири години подолг за жените во споредба со мажите. Проекциите покажуваат дополнителни 24 години за жени и 20 години за мажи во Европа.[10]

Причини[уреди | уреди извор]

Стареењето на населението во Европа е предизвикано првенствено од три фактори: опаѓање на стапката на плодност, зголемен животен век и преселување.[10] Причините за стареење на населението варираат меѓу земјите.

Плодност[уреди | уреди извор]

Трендови во вкупната плодност 1950–2010 година.

Високиот број на луѓе на возраст од 60 години и постари во Европа е резултат на високите стапки на плодност што се случиле од 1950 до 1960 година.[10] Периодот по завршувањето на Втората светска војна се одликува со добра општествена и економска положба на населението во периодот на раѓање и резултирало со „бејби бум“.[11]

Сегашното ниско ниво на плодност придонесува и за стареењето на Европа.[10] Како што се намалува нивото на плодност, се менува старосната структура на населението, а бројот на помладите групи се намалува во однос на постарите возрасни групи.[10] Стапките на плодност во Европа се помалила од 2,1 дете по жена (стандардно) ниво на замена и се предвидува дека ќе останат под нивото на замена во иднина.[12]

Смртност[уреди | уреди извор]

Луѓето живеат подолго со проекции за просечен животен век кој ќе достигне 84,6 години за мажите и 89,1 за жените до 2060 година, што претставува зголемување од 7,9 години живот за мажите и 6,6 години живот за жените во споредба со 2010 година.[12] Подолгиот животен век резултира со промена на старосната структура на населението со зголемување на бројот на луѓе во постарата возрасна група.[10] Просечниот животен век на постарото население ќе зависи од напредокот во медицината за спречување на болестите кои се водечка причина за смрт.[10] Меѓу првите три причини за смрт се коронарната артериска болест, мозочниот удар и хроничната опструктивна белодробна болест.[10]

Преселување[уреди | уреди извор]

Луѓето што се доселуваат и отселуваат од земјата ќе предизвикаат флуктуации, особено во големината на работната возрасна група на населението.[9] Ако има голем број млади доселеници кои доаѓаат во земјата, тоа ќе резултира со намалување на процентот на стареењето на населението.[10] Во следните земји доселувањето се предвидува да го забави стареењето на населението: Луксембург, Швајцарија, Норвешка, Германија, Шведска, Финска, Белгија, Данска, Австрија и Обединетото Кралство.[10] Иселувањето би предизвикало спротивен ефект врз стареењето на населението со тоа што луѓето во работоспособна возраст ќе ја напуштат земјата и како резултат на тоа ќе го забрза стареењето на населението.[10] Во Латвија се предвидува зголемување на стареењето на населението предизвикано од отселувањето.[10]

Ефекти[уреди | уреди извор]

Пропорција на население на возраст од 65 и повеќе години (% од вкупното население) во 2008 и 2018 година. Извор: Евростат.

Населението во Европа реагира на различни начини на демографските промени, во зависност од тоа што се случува во нивните земји. И стареењето, отселувањето и доселувањето може да предизвикаат вознемиреност кај населението во одделни земји.[13] Демографските студии и резултатите од извештаите спроведени од Европската комисија[14] укажуваат на намалената стапка на наталитет на населението на домородните европски народи, што би требало да се смени од сегашното ниво од околу 1,4 за да се спречи пад на населението на домородните европски народи за речиси половина во секоја генерација, назад на ниво на замена од 2,1. Некои тврдат дека за да биде надокнадено, неопходно е да им се дозволи на доселениците да се населат во Европа за да се спречи недостаток на работна сила. Се тврди дека таквото доселување води до етнички судири, како што се граѓанските немири во Франција во 2005 година.[15][16][17]

Долгорочното намалување на стапката на плодност и зголемувањето на животниот век може да има штетни последици за речиси секоја европска држава. Овие демографски трендови предизвикале дебата за најдобрите политики кои можат да ги променат овие трендови и да ги намалат нивните последици. РАНД Европа, независен непрофитен истражувачки институт, можел да ги собере овие политики преку истражување и анализа. Имаше три широки политички пристапи кои биле создадени од дебатата. Првата политика е да се поттикне раѓањето деца кај помладите двојки што вклучува брак и заеднички живот. Втората политика вели дека треба да има зголемување на доселувањето на работоспособните луѓе. Трето, треба да има подобрување на социјалната политика воопшто, за да се ублажат негативните последици од овие трендови. Истражувањето има намера да ја испита врската помеѓу демографските трендови и политиките на европската влада и да утврди кои политики можат да ги намалат последиците од ниската плодност и стареењето на населението.[18]

Земји[уреди | уреди извор]

Белгија[уреди | уреди извор]

Пирамида на населението на Белгија во 2022 година

Студискиот комитет за стареење на Високиот совет за финансии на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во 2007 година предвиде дека населението во Белгија ќе се зголеми за 5% до 2050 година поради доселувањето, повисоката стапка на плодност и подолг животен век. Сепак, студијата на ММФ покажува дека постарото население во Белгија ќе се зголеми за над 25% до над 63% од целокупното население во земјата. 

Белгиската влада во 2005 година потрошила 9,1% од својот БДП за пензии и 7,1% за трошоци за здравствена заштита. До 2050 година се очекува вкупните социјални трошоци да се зголемат за 5,8%, под претпоставка дека нема промена на возраста за пензионирање. Најголем дел од оваа повисока социјална потрошувачка доаѓа од пензиската и здравствената заштита, кои се зголемуваат за 3,9% до 13,0% од БДП и 3,7% до 10,8% од БДП, соодветно.[се бара извор]

Намалувањето на работната сила делумно ќе се компензира со намалување на невработеноста што пак ќе ги намали трошоците за згрижување деца.[19] ММФ предвидува и дека до 2050 година процентот на белгиското население над 65 години ќе се зголеми од 16% на 25%.[20]

Во 2017 година, 24,6% од населението на Белгија имало над 60 години, а се предвидува да се зголеми на 32,4% до 2050 година.[10] Очекуваниот животен век при раѓањето во 2010-2015 година се предвидува да биде 83 години за жени и 78 години за мажи.[10]

Финска[уреди | уреди извор]

Пирамида на населението на Финска во 2020 година.

Финска има едно од најстарото население во Европа. Таканаречената бејбибумерска генерација родена помеѓу 1945 и 1949 година веќе се пензионирала, а уделот на постарите од 65 години од населението ќе се зголеми од 20 проценти на крајот на 2010-тите на 26 проценти до 2030 година и на 29 проценти до 2060 година.[21] Во споредба со нејзините нордиски соседи, мал дел од Финците постари од 61 година сè уште работат. Владата има за цел да го зголеми нивниот удел во работниот живот следејќи ги препораките на ОЕСР.[22] Се предвидува дека зголемениот удел на стари луѓе ќе го оптоварува силно финскиот систем за социјална заштита и пензиско осигурување во следните децении, зголемувајќи го притисокот за зголемување на даноците. Падот на стапките на плодност од 1,81 на само 1,34 во Финска во текот на 2010-тите ги направи идните прогнози уште поостри, бидејќи уделот на работоспособното население ќе се намали за стотици илјади до 2050-тите.[23] Исто така, регионалната распространетост на постарите луѓе е нерамномерна: периферните фински покраини ќе имаат многу поголем удел на стари лица отколку растечките региони како Усима и Пирканма.

Според проценките за 2019 година, населението на Финска ќе почне да се намалува до 2031 година, а во 2050 година ќе биде за околу 100.000 помалку отколку во 2019 година, со оглед на тоа што преселбата ќе остане стабилна.[24]

Франција[уреди | уреди извор]

Пирамида на населението на Франција во 2021 година.

Франција ја престигнала Ирска како земја членка на Европската унија со највисока стапка на наталитет во 2007 година.[25] Проектираните стапки на наталитет покажуваат дека Франција ќе има најголемо население во ЕУ до 2050 година, со 75 милиони граѓани, надминувајќи ја Германија,[26] но само втора по големина во Европа, при што Обединетото Кралство ќе има поголема проценето население. Во 2011 година, Франција била единствената членка на Европската унија со стапка на плодност на ниво на замена, со просечна стапка од 2,08 деца по жена, додека стапката на плодност во Ирска се намалила на 2,01 дете по жена, малку под нивото на замена.[27] Причината за зголемувањето на децата се должи на владините семејни придобивки што им се даваат на овие семејства. Тие добиваат додаток врз основа на приходите и колку деца имаат во домаќинството.[28]

Вкупната стапка на плодност паднала на 1,99 деца по жена во 2013 година од 2,01 во 2012 година и 2,03 во 2010 година. Стапката од 2,1 дете по жена се смета за неопходна за да се одржи порастот на населението без преселувањето.[29]

За 2017 година, процентот на население на возраст од 60 години или повеќе бил 25,7%, а се предвидува да се зголеми на 32,2% до 2050 година.[10] Очекуваниот животен век при раѓање во 2010-2015 година се предвидува да биде 85 години за жени и 79 години за мажи.[10]

Германија[уреди | уреди извор]

Со над 83 милиони жители во септември 2019 година,[30] Германија е најнаселената земја во Европската унија. Сепак, нејзината стапка на плодност од 1.596 деца по жена во 2020 година е многу ниска,[31] и сојузниот завод за статистика проценува дека населението ќе се намали на помеѓу 65 и 70 милиони до 2060 година (65 милиони под претпоставка нето преселување од +100.000 годишно; 70 милиони, претпоставувајќи нето преселување од +200.000 годишно).[32] Со стапките на смртност кои постојано ги надминуваат ниските стапки на наталитет, Германија е една од ретките земји за кои моделот на демографски преод ќе бара петта фаза за да се долови нејзиниот демографски развој.[33] Во Германија, населението во некои региони, особено во поранешната комунистичка Источна Германија, претрпува тековен пад и намалување на населението. Фондацијата „Баухаус Десау“ излегла со сеопфатни планови за рушење на бројни згради и нивно замена со паркови во различни градови[16] и владата на Германија развила план за намалување на широчината на канализационите цевки во различни градови на голем трошок. Сепак, јужните држави имаат нето добивка во населението и Германија, бидејќи економската моќ на ЕУ привлекува доселеници во целина.

Во 2017 година, 28,0% од населението на Германија имало над 60 години, а се предвидува да се зголеми на 37,6% до 2050 година.[10] Очекуваниот животен век при раѓањето во 2010-2015 година се предвидува да биде 83 години за жени и 78 години за мажи.[10]

Италија[уреди | уреди извор]

Пирамидата на населението на Италија со текот на времето.

Според сегашните стапки на плодност, Италија ќе треба да ја зголеми старосната граница за пензионирање на 77 години или да прими 2,2 милиони доселеници годишно за да го одржи соодносот меѓу работниците и пензионерите.[34] Околу 25% од Италијанките немаат деца, додека други 25% имаат само едно дете.

Регионот Лигурија во северозападна Италија сега има најголем сооднос на постари и млади во светот. Десет проценти од училиштата во Лигурија биле затворени во првата деценија на 21 век. Градот Џенова, еден од најголемите во Италија и главен град на Лигурија, опаѓа побрзо од повеќето европски градови со стапка на смртност од 13,7 смртни случаи на 1.000 луѓе, речиси двојно повеќе од стапката на наталитет, 7,7 раѓања на 1.000 луѓе, согласно 2005 година. 

Италијанската влада се обидела да го ограничи и промени трендот со нудење финансиски стимулации за паровите кои имаат деца и со зголемување на доселувањето. Додека плодноста останала во стагнација, доселувањето го минимизирало падот на работната сила.[35]

Во 2017 година, 29.4% од населението во Италија било над 60 години, и било проектирано да се зголеми на 40.3% до 2050 година.[10] Животниот век на родените во 2010–2015 е проектиран да биде 85 години за жените и 80 години за мажите.[10]

Полска[уреди | уреди извор]

Пирамида на населението на Полска во 2021 година.

Економските ефекти од демографските промени ќе бидат помалку загрижувачки во Полска отколку во нејзините соседни земји, иако се очекува таа да изгуби 15 отсто од своето население до средината на векот.[12] Се предвидува дека до 2050 година населението на Полска ќе се намали на 32 милиони поради отселувањето и нискиот наталитет. Стапките на плодност се намалиле од 3,7 деца по жена во 1950 година на 1,32 деца по жена во 2014 година. Овој драстичен пад ќе влијае на економијата на Полска.[36]

Во обид да го промени падот на наталитетот, полската влада во 2016 година вовела политика на плаќање 500 злоти (околу 128 американски долари) месечно на семејствата за секое дете под 18-годишна возраст по првото дете.[37] Полисата оттогаш е проширена и на првото дете.

Португалија[уреди | уреди извор]

Пирамида на населението на Португалија во 2019 година.

Пописот на населението во Португалија од 1994 година покажа дека 13,1% од населението е на возраст над 65 години. Просечниот животен век на Португалците се зголемил за осум години помеѓу 1980-тите и првата деценија на 21-от век.[38] Во 2017 година, населението на лицата на возраст од 60 и повеќе години било 27,9%, со проценка дека ќе се зголеми во 2050 година на 41,7%.[10] Очекуваниот животен век на родените во 2010-2015 година се предвидува да биде 83 години за жени и 77 години за мажи.[10]

Во 1960-тите, очекуваниот животен век на мажите бил релативно ниско рангиран во однос на другите западноевропски нации, со 61,2 години за мажи и 67,5 години за жени. Од 2006 година, просекот за двата пола бил 77,7 години. Во 1999 година, демографите предвидоа дека процентот на постари Португалци ќе се зголеми на 16,2% и 17,6% во 2010 година.[39]

Неодамнешните студии во весникот Público покажале дека населението може да се намали на 7,5 милиони (−29% од сегашното население, −0,7% од просечниот раст на населението годишно) во 2050 година, доколку стапката на плодност продолжи на 1,45 деца по жена; земајќи ја предвид речиси стационарното отселување поради економската криза. Во 2011 година, стапката на плодност во Португалија достигнала 1,51 дете по жена, што го спречи падот на стапката на плодност во државата, иако таа сè уште е под нивото на замена.[31]

Шпанија[уреди | уреди извор]

Пирамида на населението на Шпанија во 2021 година.

Во 1970 година, вкупната стапка на плодност на Шпанија од 2,9 деца по жена била рангирана на второ место во Западна Европа по стапката на Ирска од 3,9. До 1993 година, шпанската плодност се намалила на 1,26 деца по жена, втора најниска по Италија

Во последниве години, стапката на плодност во Шпанија е подоследна и варира од 1,23 (во 2000 и 2020 година) до 1,45 (во 2009 година).[31]

Во 1999 година, Росио Фернандес-Баљестерос, Хуан Диез-Николас и Антонио Руиз-Торес од Универзитетот Аутонома во Мадрид објавиле студија за шпанската демографија, предвидувајќи го очекуваниот животен век од 77,7 за мажи и 83,8 за жени до 2020 година.[40] Аруп Банерџи и економистот Мукеш Чаула од Светската банка предвиделе во јули 2007 година дека половина од шпанското население ќе биде постаро од 55 години до 2050 година, што и дава на Шпанија највисоката средна возраст од која било држава во светот. 

Во 2017 година, 25,3% од населението на Шпанија имало над 60 години, а се предвидува дека ќе се зголеми на 41,9% до 2050 година.[10] Очекуваниот животен век на родените во 2010-2015 година се предвидува да биде 85 години за жени и 79 години за мажи.[10]

Обединето Кралство[уреди | уреди извор]

Пирамида на населението на Обединетото Кралство во 2020 година.

Обединетото Кралство имало стапка на плодност од 1,68 во 2018 година, според Канцеларијата за национална статистика.[41] Во 2019 година, Англија имало вкупна стапка на плодност од 1,66, а Велс имал стапка од само 1,54.[42] Стапката на Шкотска била 1,37 во 2019 година.[43] Во 2017 година, Северна Ирска имала стапка од 1,87.[42] До 2050 година, се предвидува дека секој четврти човек во Кралството ќе биде на возраст од 65 години и повеќе - што е зголемување од приближно секој петти во 2018 година[44] Според главната проекција на КанцеларијатаNза национална статистика S зКралствотоОК од 2019 година, населението треба да се зголеми на над 73,6 милиони до 2050 годи.а [45]

Во средината на 2019 година, имало 12,4 милиони луѓе на возраст од 65 години и повеќе (18,5%), а 2,5% биле на возраст од 85 години и повеќе.[46] Се предвидува процентот на возраст над 65 години да се зголеми на една четвртина до 2050 година.[10][47] Очекуваниот животен век при раѓање во Кралството во 2020 година, користејќи ги табелите од 2017 до 2019 година за да се направат проекции, бил 79,4 години за мажи и 83,1 години за жени.[48]

Русија[уреди | уреди извор]

Пирамида на населението на Русија во 2023 година.

Во 2000-тите година, вкупната стапка на плодност во Русија е 1,7 деца по жена.[49] Иако ова претставува зголемување во однос на претходните стапки, останува подзаменлива плодност, под стапката на замена од 2,10-2,14.

Населението на Руската Федерација се намалило од својот врв од 148.689.000 во 1991 година, на околу 143 милиони луѓе во 2013 година, што е пад од 4%. Светската банка предвидела во 2005 година дека населението ќе се намали на 111 милиони до 2050 година, што е пад од 22%, доколку трендовите не се подобрат.[50] Обединетите нации на сличен начин предупредиле дека населението може да се намали за една третина до средината на векот.[51]

Во 2006 година била развиена национална програма со цел да се врати падот до 2026 година. Студијата објавена набргу потоа во 2007 година покажала дека стапката на намалување на населението е забавена: Според студијата, смртните случаи ги надминале раѓањата за 1,3 пати, што е намалување од 1,5 пати во претходната година, така што, ако нето намалувањето во периодот јануари-август 2006 година било 408.200 лица, во истиот период во текот на 2007 година изнесува 196.600. Падот продолжил да забавува во 2008 година со само половина од загубата на населението во споредба со 2007 година. Пресвртот продолжил со исто темпо во 2009 година, бидејќи стапката на смртност продолжила да паѓа, наталитетот продолжил да расте и нето преселувањето останало стабилно на околу 250.000; во 2009 година Русија забележала раст на населението за прв пат по 15 години.[52][53]

Година Раст на населението[54][55]
2000 −586.000
2001 −655.000
2002 −685.000
2003 −796.000
2004 −694.000
2005 −720.000
2006 −554.000
2007 −212.100
2008 −121.400
2009 +23.300
Трендот на бројот на родени и умрени 1992–2010 година.

Подобрувањето на економијата имало позитивно влијание врз ниската стапка на наталитет во земјата, бидејќи таа се искачила од најниската точка од 8,27 раѓања на 1000 луѓе во 1999 година на 11,28 на 1.000 во 2007 година. Руското Министерство за економски развој се надевало дека до 2020 година населението ќе се стабилизира на 138-139 милиони и дека до 2025 година повторно ќе почне да се зголемува до денешниот статус од 142-145, зголемувајќи го и очекуваниот животен век на 75 години.[56]

Двете водечки причини за смрт во Русија се срцевите заболувања и мозочниот удар, кои сочинуваат околу 52% од сите смртни случаи.[57] Додека смртните случаи поврзани со срцевите болести се намалиле во Јапонија, Северна Америка и Западна Европа помеѓу 1965 и 2001 година, во Русија смртните случаи од срцевите болести се зголемиле за 25% кај жените и 65% кај мажите.

Процентот на неплодни, брачни двојкки се зголемил на 13% во првата деценија на 21 век, делумно поради лошо извршените абортуси. Според стручњакот Мареј Фешбах, 10-20% од жените кои абортираат во Русија се неплодни, иако според пописот од 2002 година, само околу 6-7% од жените немале деца до крајот на нивните години на размножување.[58][59]

Мајките кои ќе се породат на 12 јуни, националниот ден на Русија, се наградени со пари и скапи потрошувачки производи. Во првиот круг на натпреварот учествувале 311 жени, а на следниот 12 јуни се родија 46 бебиња. Над 500 жени учествувале во вториот круг во 2006 година, а 78 се породиле. Стапката на наталитет во покраината се зголемила за 4,5% помеѓу 2006 и 2007 година.[60]

Доселувањето од големи размери се предложува како решение за намалената работна сила во западните земји, но според Би-ви-си, тоа би било неприфатливо за повеќето Руси. Организациите како Светската здравствена организација и ОН ја повикале руската влада да го сфати проблемот посериозно, нагласувајќи дека голем број едноставни мерки како што се покачувањето на цената на алкохолот или принудувањето на луѓето да носат безбедносни појаси може да направат трајна разлика.[51]

Тогаш, претседателот Владимир Путин во обраќањето за состојбата на државата рекол дека „никаков вид доселување нема да го реши демографскиот проблем на Русија“. Евгениј Красињев, раководител на студиите за преселување при државниот Институт за социјални и економски студии на населението во Москва, рекол дека Русија треба да прифаќа само доселеници од Заедницата на независни држави, став што го повтори Александар Бељаков, шефот на Ресурсниот комитет при Думата (руското собрание).

Преселбата во Русија пораснала за 50,2% во 2007 година и дополнителни 2,7% во 2008 година, што помогнало да се спречи намалувањето на населението. Доселениците во Русија првенствено доаѓаат од државите на ЗНД и се Руси или руски јазик.[61] Илјадници работници мигранти од Украина, Молдавија и остатокот од ЗНД, исто така, влегле нелегално во Русија, работејќи, но избегнувајќи даноци.[62] Во Русија има околу 10 милиони нелегални доселеници од поранешните советски држави.[63]

Средна Европа и поранешниот Советски Сојуз[уреди | уреди извор]

Светската банка издала извештај на 20 јуни 2007 година, наречен „Од црвено во сиво: „Третиот преод“ на стареењето на населението во средна Европа и поранешниот Советски Сојуз“, предвидувајќи дека помеѓу 2007 и 2027 година населението на Грузија и Украина ќе се намали за 17% и 24%, соодветно.[64] Светска банка проценува дека населението од 65 или постари граѓани во Полска и Словенија ќе се зголеми од 13% на 21% и 16% на 24%, соодветно помеѓу 2005 и 2025 година.[50]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Општи:

Демографска економија:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Giuseppe Carone and Declan Costello (2006). „Can Europe Afford to Grow Old?“. International Monetary Fund Finance and Development magazine. Посетено на 27 јуни 2023.
  2. „Population structure and ageing - Statistics Explained“. Ec.europa.eu. Посетено на 27 јуни 2023.
  3. Iburg, KM; Charalampous, P; Allebeck, P (24 ноември 2022). „Burden of disease among older adults in Europe—trends in mortality and disability, 1990–2019“. European Journal of Public Health (англиски). doi:10.1093/eurpub/ckac160. PMID 36421036 Проверете ја вредноста |pmid= (help).
  4. „Europe's Shrinking, Aging Population“. Stratfor.com (англиски). 13 јуни 2012. Посетено на 27 јуни 2023.
  5. „Europe's Aging Population Faces Social Problems Similar to Japan's“. Goldsea Asian American Daily. Архивирано од изворникот на 27 септември 2007. Посетено на 27 јуни 2023.
  6. European Commission (2014). "Population Aging in Europe: Facts, Implications, and Policies.". Посетено на 27 јуни 2023.
  7. Richard Bernstein (29 јуни 2003). „Aging Europe Finds Its Pension Is Running Out“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 8 March 2008. Посетено на 27 јуни 2023.
  8. Paul S. Hewitt (2002). „Depopulation and Aging in Europe and Japan: The Hazardous Transition to a Labor Shortage Economy“. International Politics and Society. Архивирано од изворникот на 27 декември 2007. Посетено на 27 јуни 2023.
  9. 9,0 9,1 Weeks, John Robert (2012). Population : an introduction to concepts and issues (11th. изд.). Belmont, CA: Wadsworth Cengage learning. ISBN 9781111185978. OCLC 697596943.
  10. 10,00 10,01 10,02 10,03 10,04 10,05 10,06 10,07 10,08 10,09 10,10 10,11 10,12 10,13 10,14 10,15 10,16 10,17 10,18 10,19 10,20 10,21 10,22 10,23 10,24 10,25 „World Population Ageing 2017“. United Nations, Department of Economic and Social Affairs, Population Division (2017). Посетено на 27 јуни 2023.
  11. Artzrouni, M; Easterlin, R (1982). „Birth History, Age Structure, and Post World War II Fertility in Ten Developed Countries: An Exploratory Empirical Analysis“. Genus. 38 (3–4): 81–99. PMID 12312903.
  12. 12,0 12,1 12,2 „Europe's Shrinking, Aging Population“. Stratfor.com. Посетено на 27 јуни 2023.
  13. „Europeans Credit EU with Promoting Peace and Prosperity, but Say Brussels is Out of Touch with Its Citizens“. 19 март 2019.
  14. Eurostat, Population Projections, European Commission, 2012
  15. Steyn, Mark (2006) America Alone: The End of the World As We Know It Washington D.C., Regnery Publishing. On pages 10 and 54, birth rates among people of European ancestry populations in various nations are indicated that show all populations of European ancestry are reproducing at an average birth rate of only about 1.4, almost half the replacement rate of 2.1, and thus their population has a negative (declining) growth rate that will decline by almost half every generation.
  16. 16,0 16,1 "Childless Europe: What Happens to a Continent When it Stops Making Babies?" New York Times Magazine Sunday, 29 јуни 2008
  17. Himmelfarb, Milton, and Victor Baras (eds). 1978. Zero Population Growth-For Whom?: differential fertility and minority group survival. Westport, CT: Praeger; Leuprecht, C. 2011. "'Deter or Engage?:Demographic Determinants of Bargains in Ethno-Nationalist Conflicts'." in Political Demography: identity, conflict and institutions ed. J. A. Goldstone, E. Kaufmann and M. Toft. Boulder, CO: Paradigm Press Архивирано на {{{2}}}.
  18. Grant, Jonathan (2004-01-01). „Low Fertility and Population Ageing“: 172. Наводот journal бара |journal= (help)
  19. Rodolfo Luzio and Jianping Zhou (2007). „March 2007, IMF Country Report No. 07/88, Belgium: Selected Issues“ (PDF). International Monetary Fund. Посетено на 27 јуни 2023.
  20. Rudolf Luzio (2007). „Belgium: Time to Shift to Higher Gear“. International Monetary Fund. Посетено на 27 јуни 2023.
  21. THL.fi (2018). „Ageing Policy“. THL.fi. Посетено на 27 јуни 2023.
  22. OECD (2020). „OECD recommends Finland to do more to help older people stay in work“. OECD. Посетено на 27 јуни 2023.
  23. Shleutker, Elina (2013). „Väestön ikääntyminen ja hyvinvointivaltio Mitä vaihtoehtoja meillä on?“ (PDF). Julkari.fi. Посетено на 27 јуни 2023.
  24. Statistics Finland (2019). „The decline in the birth rate is reflected in the population development of areas“. Statistics Finland. Посетено на 27 јуни 2023.
  25. Caroline Wyatt (16 јануари 2007). „France claims EU fertility crown“. BBC News. Посетено на 27 јуни 2023.
  26. „France has a baby boom“. International Herald Tribune. 2005. Посетено на 27 јуни 2023.
  27. „The World Factbook 2009“. Washington DC: Central Intelligence Agency. 2009. Архивирано од изворникот на 28 октомври 2009. Посетено на 27 јуни 2023.
  28. „The French Social Security System“. Cleiss.fr. Архивирано од изворникот на 27 јуни 2017. Посетено на 27 јуни 2023.
  29. 14 Jan 2014 (Reuters) "French birth rate falls below two children per woman"
  30. „Bevölkerung nach Nationalität und Geschlecht“.
  31. 31,0 31,1 31,2 „Germany Fertility Rate 1950-2020“. Washington DC: Central Intelligence Agency. 2009. Архивирано од изворникот на 28 октомври 2009. Посетено на 27 јуни 2023.
  32. Destatis. „Im Jahr 2060 wird jeder Siebente 80 Jahre oder älter sein“ (германски). Архивирано од изворникот на 7 јануари 2010. Посетено на 27 јуни 2023.
  33. „Demographic Transition Model“. Barcelona Field Studies Centre. 27 септември 2009. Архивирано од изворникот на 27 мај2010. Посетено на 27 јуни 2023. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
  34. Unknown (2000). „Aging Populations in Europe, Japan, Korea, Require Action“. The Times of India. Архивирано од изворникот на 1 декември 2007. Посетено на 27 јуни 2023.
  35. „Empty playgrounds in an aging Italy“. International Herald Tribune. 2006. Архивирано од изворникот на 30 октомври 2007. Посетено на 27 јуни 2023.
  36. Leszko, Magdalena; Zając-Lamparska, Ludmila; Trempala, Janusz (1 октомври 2015). „Aging in Poland“. The Gerontologist (англиски). 55 (5): 707–715. doi:10.1093/geront/gnu171. ISSN 0016-9013. PMID 26315315.
  37. „Poland's Taking a Stand Against Europe's Demographic Decline“. Bloomberg.com. 9 ноември 2016. Посетено на 27 јуни 2023.
  38. „Esperança de vida à nascença por sexo“. Pordata. Посетено на 27 јуни 2023.
  39. Schroots, J. J. F.; Rocío Fernández Ballesteros; Georg Rudinger (1999). Aging in Europe. стр. 101–102.
  40. Schroots, J. J. F.; Rocío Fernández Ballesteros; Georg Rudinger (1999). Aging in Europe. стр. 107–108.
  41. „National population projections, fertility assumptions: 2018-based - Office for National Statistics“. www.ons.gov.uk. Посетено на 27 јуни 2023.
  42. 42,0 42,1 „Births in England and Wales - Office for National Statistics“. www.ons.gov.uk (англиски). Посетено на 27 јуни 2023.
  43. „Vital Events Reference Tables 2019“ (PDF). National Records of Scotland. 23 јуни 2020. Посетено на 27 јуни 2023.
  44. „Overview of the UK population - Office for National Statistics“. www.ons.gov.uk. Посетено на 27 јуни 2023.
  45. „National population projections - Office for National Statistics“. www.ons.gov.uk. Посетено на 27 јуни 2023.
  46. „Population estimates for the UK, England and Wales, Scotland and Northern Ireland - Office for National Statistics“. www.ons.gov.uk. Посетено на 27 јуни 2023.
  47. „Ratio of people aged 15-64 to people aged over 65 years, 2015 and 2050“. doi:10.1787/888933867607. Посетено на 27 јуни 2023. Наводот journal бара |journal= (help)
  48. „National life tables – life expectancy in the UK - Office for National Statistics“. www.ons.gov.uk. Посетено на 27 јуни 2023.
  49. Russian Birth Rate above Regional Average Архивирано на 18 февруари 2013 г., Euromonitor International, посетено на 27 јуни 2023.
  50. 50,0 50,1 „The Demographic Transition in Eastern Europe and the Former Soviet Union“ (PDF). World Bank. Посетено на 27 јуни 2023.
  51. 51,0 51,1 Steven Eke (23 јуни 2005). „Russia's population falling fast“. BBC News. Посетено на 27 јуни 2023.
  52. Russia sees first population increase in 15 years BBC Посетено на 27 јуни 2023.
  53. 2009 demographic figures Rosstat Посетено на 27 јуни 2023.
  54. Historic population growth of Russia Архивирано на 14 мај 2011 г. Посетено на 24 јуни 2023.
  55. Population of Russia 1989–2008 Посетено на 24 јуни 2023.
  56. Newsru, Население России за пять лет уменьшилось на 3,2 миллиона до 142 миллионов человек, 19 октомври 2007. Посетено на 27 јуни 2023.
  57. Mortality Country Fact Sheet 2006 WHO
  58. Nicholas Eberstadt (2004). „The Emptying of Russia“. The Washington Post. Архивирано од изворникот на 25 October 2008. Посетено на 27 јуни 2023.
  59. World Bank report on Russia's demography Светска банка. Посетено на 27 јуни 2023.
  60. Masha Stromova (12 септември 2007). „Have Sex, Make A Baby, Win A Car?“. CBS News. Архивирано од изворникот на 30 декември 2007. Посетено на 27 јуни 2023.
  61. Демография Архивирано на 25 февруари 2008 г.
  62. Fred Weir (2002). „Russia's population decline spells trouble“. The Christian Science Monitor. Посетено на 27 јуни 2023.
  63. „Russia cracking down on illegal migrants“. International Herald Tribune. 15 јануари 2007. Посетено на 27 јуни 2023.
  64. „East: 'If Countries Don't Act Now, It's Going To Be Too Late'. RadioFreeEurope/RadioLiberty. 2007. Посетено на 27 јуни 2023.

Дополнителна книжевност[уреди | уреди извор]

  • Kunisch, Sven; Boehm, Stephan A.; Boppel, Michael (eds): From Grey to Silver: Managing the Demographic Change Successfully, Springer-Verlag, Berlin Heidelberg 2011, ISBN 978-3-642-15593-2
  • Sanchez-Gonzalez, Diego; Rodriguez-Rodriguez, Vicente (eds): Environmental Gerontology in Europe and Latin America. Policies and perspectives on environment and aging. Nueva York: Springer Publishing Company. ISBN 978-3-319-21418-4ISBN 978-3-319-21418-4.
  • Scholefield, Anthony. The Death of Europe: How Demographic Decline Will Destroy the European Union. 2000.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]