Коронарна артериска болест

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Коронарна артериска болест
Синоними Атеросклеротична срцева болест[1]
Blausen 0257 CoronaryArtery Plaque.png
Илустрација на која е прикажана атеросклероза во коронарна артерија.
Специјалност Кардиологија, кардиохирургија
Симптоми Градна болка, задишување[2]
Компликации Срцева слабост, неправилен срцев ритам
Причинители Атеросклероза на артериите на срцето
Ризик-фактори Висок крвен притисок, пушење, дијабетес, физичка неактивност, гојазност, покачен холестерол во крвта
Дијагностички метод Електрокардиограм, кардијален стрес тест, коронарна компјутеризирана томографска ангиографија, коронарен ангиограм
Превенција Здрава исхрана, редовно вежбање, одржување на нормална тежина, откажување од пушење
Третман Перкутана коронарна интервенција (PCI), коронарна артериска бајпас хирургија (CABG)
Лекови Аспирин, бета блокатори, нитроглицерин
Фреквенција 110 милиони (2015)[3]
Смртни случаи 8.9 милиони (2015)[4]

Коронарната артериска болест (КАБ; наречена и атеросклеротична срцева болест) е резултат од акумулација на атероматозни плаки (овие плаки се создадени од холестерол, макрофаги итн.) кои се наоѓаат во ѕидовите на коронарните артерии[5] кои го хранат миокардот (срцевиот мускул) со кислород и нутритиенти. Растењето на овие плаки во луменот на артериите предизвикува стеснување со што се намалува нејзиниот дијаметар. Иако КАБ е најчестата причина за коронарна срцева болест, сепак и други фактори придонесуваат за нејзиното развивање.

КАБ е најчестата причина за смрт низ целиот свет.[6][7] Симптомите и знаците на оваа болест се манифестираат во напреднатиот стадиум,повеќето пациенти се асимптоматски со декади додека болеста прогредира до драматичен исход како што е срцев удар. Низ годините некои од овие атероматозни плаки можат да руптурираат и да го активираат и коагулацискиот систем со што ќе го ограничат протокот на крв во срцевиот мускул. Болеста е честа причина за ненадејна смрт,[8] помеѓу мажи и жени над 20 години.[9] Според Гинисовата книга за рекорди, Северна Ирска е земја со најголем број на заболени од КАБ, за разлика од Масаите во Африка кои скоро и да ја немаат оваа болест.

Како што напредува болеста и се зголемува стеснувањето на луменот на коронарните артерии се развиваат симптомите кои што се последица од исхемија на срцевиот мускул. Во симптоми спаѓаат градна болка,[2] која се јавува при напор во полесните форми, а во мирување во потешките и понапреднати стадиуми на болеста, пулмонарен едем кој исто се јавува во потешките случаеви како последица на срцева декомпензација.

Потребно е да се направи разлика меѓу исхемија и инфаркт. Исхемијата значи дека количеството крв кое доаѓа до срцето не е доволно да ги задоволи неговите потреби. Кога миокардот ќе стане исхемичен, тој не може да функционира оптимално. Доколку се намали исхемијата,промените се реверзибилни. Инфарктот е иреверзибилна смрт на миокардниот мускул која е последица на тотален прекин на крвоснабдувањето. Кај пациентот атероматозната плака може да руптурира во било кој стадиум и да доведе до акутна животозагрозувачка состојба како миокарден инфаркт.

Патофизиологија[уреди | уреди извор]

Микрографија од коронарна артерија со најчестата форма на коронарна артериска болест (атеросклероза) и маркирано луменско стеснување.

Ограниченото крвоснабдување на срцето предизвикува исхемија (изгладнување на клетките како последица на намалено количество кислород) кај миоцитите. Тие може да некротизираат и ова се нарекува миокарден инфаркт (или народно кажано срцев удар). Ова води до оштетување на срцевиот мускул , негова смрт и подоцна олузнување на миокардот без можност за негова поправка.Хроничната напредна стеноза на коронарните артерии може да обезбеди постојана исхемија која ќе води до вентрикуларни аритмии,кои во потешките случаеви ќе довeдат до вентрикуларна фибрилација и смрт.

КАБ е асоцирана со пушење, дијабет, и висок крвен притисок. Фамилијарна историја на рана појава на КАБ е исто така ризик фактор,но со помало значење од претходните. Повеќето случаеви на фамилијарна поврзаност се должат на истите диетарни навики.Скринингот за КАБ вклучува проверка на ХДЛ и ЛДЛ, (холестерол) и триглицериди. Постојат и алтернативни фактори кои се испитуваат како што се хомоцистеин,Ц-реактивен протеин,липопротеин а,коронарен Са доколку е потребно.

Градна болка[уреди | уреди извор]

Ангина пекторис е назив за градна болка. Таа може да се појави после поголем напор, обемен оброк или други ситуации, па тогаш е позната како стабилна ангина пекторис. Таа е асоцирана со стеноза на коронарните артерии. Симптомите на ангина се третираат со бета-блокаторска терапија како што е метопрололот или атенололот. Нитрати, каков што е нитроглицерин, делуваат брзо, но не ја намалуваат шансата за идни инфаркти. Постојат и поефективни третмани со долгорочно дејство кои делуваат директно на атеромите.

Ангина која е променлива во интензитет,карактер и фреквенција е наречена нестабилна. Оваа ангина им претходи на инфарктите и за нејзино третирање е потребна ургентна медицинска помош. Може да се третира со кислород, интравенски нитроглицерин и аспирин. Може да се изведат и интервентни процедури како што е ангиопластика.

Карактеристики на коронарната артериска болест[уреди | уреди извор]

Специјална патофизиологија[уреди | уреди извор]

Типично,коронарната артериска болест се добива кога мазната,еластична коронарна артерија (артерија која носи крв до срцевиот мускул) ќе развие атеросклероза. Со атеросклероза ѕидот на артеријата е цврст,нееластичен и содржи калциумски депозити,масти со абнормален инфламаторен одговор кои заедно формираат плака. Депозитите на калциум фосфати (хидроксиапатити)во мускулниот слој на крвните садови се важни не само за нивното стврднување туку и за првите фази во развитокот на атеросклерозата.Ова може да се забележи кај таканаречен метастатски механизам на калцификација кој се јавува кај хронична бубрежна инсуфициенција и хемодијализа (Rainer Liedtke 2008). Иако овие пациенти патат од бубрежна болест скоро 50 проценти умираат од срцева болест.Плаките наликуваат на избочувања кои протрудираат во луменот на артеријата и предизвикуваат парцијална обструкција.Пациентите со коронарна артериска болест можат да имаат една до две плаки или пак да ги имаат повеќе дистрибуирани по должината на коронарните артерии.Како и да е во медицината постои термин Кардијален синдром Х, кој ги опишува градната болка (ангина пекторис) и дискомфортот во градите кај луѓе кои не покажуваат блокада во поголемите коронарни артерии при направен ангиограм (коронарен ангиограм).[10]

Не е познато што го предизвикува “Кардијален синдром Х” кој веројатно е последица на повеќе причини.Денес,се шпекулира дека главниот фактор за “Кардијален синдром Х” е микроваскуларна дисфункција. Терминот “микроваскуларна” се однесува на многу мали крвни садови кои во овој случај се (артериоли, капилари). Истражувањата покажале дека луѓето со “Кардијален синдром Х” имаат зголемена перцепција за болка, што значи дека кај нив таа е поинтензивна од онаа што се јавува кај просечен човек.

Голем број на жени имаат различен приказ на коронарната арттериска болест.Ретко, жени со “Кардијален синдром Х” имаат типични симптоми на ангина кои не се асоцирани со атероматозни плаки т.е локализираните блокади се одсутни.Научниците шпекулираат дека крвните садови кај овие жени се дифузно абнормални.Некои дури тврдат дека плаката го зафаќа целиот ендотел на артеријата кој се соединува со мускулниот слој и го зацврстува ѕидот без притоа да имаат било какви докази за ваквите случувања.При кардијална катетеризација нивните коронарни артерии изгледаат нормално,иако може да имаат помал дијаметар кој исто така може да се смета за нормален наод поради фактот дека жените имаат помали коронарни садови од мажите.

Досега не е забележано “Кардијален синдром Х” да предизвикува акутни срцеви удари (миокардни инфаркти).Прогнозата со синдром Х коронарна болест е подобра од атеросклерозна коронарна болест иако не е целосно бенигна промена. Сеуште не е целосно јасно зошто жените повеќе патат од овој синдром отколку мажите;иако,хормоните и други ризик фактори кои се јавуваат кај жените може да играат улога.[11] Женските крвни садови се изложени на различни нивоа на естроген во тек на нивните животи,најпрво преку нормалниот менструален циклус а потоа и преку менопауза кога се намалуваат нивоата на хормонот во крвта.Естрогенот има ефект на тоа како крвните садови се шират и стеснуваат и како тие реагираат на повреда,па затоа промената на естрогенот во крвта значи промена на реактивитетот на крвните садови. Ендотелната дисфункција е мултифакториелна кај овие пациенти па ризик факторите како хипертензија, хиперхолестеролемија, дијабетес мелитус и пушење придонесуваат за нејзино настанување.Повеќето од пациентките со Синдром Х се постменопаузални жени,па затоа дефициенцијата на естроген е ставена како еден од ризик факторите.Како надополнување на промената на хормоните тука се и други фактори кои се јавуваат само кај жените како прееклампсија (проблем асоциран со висок крвен притисок во тек на бременост) и раѓање на недоносено бебе.Освен кај овие состојби,женскиот род е помалку погоден од срцеви болести благодарение на естрогенот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Coronary heart disease – causes, symptoms, prevention“. Southern Cross Healthcare Group. https://www.southerncross.co.nz/AboutTheGroup/HealthResources/MedicalLibrary/tabid/178/vw/1/ItemID/191. посет. 15 септември 2013 г. 
  2. 2,0 2,1 „What Are the Signs and Symptoms of Coronary Heart Disease?“. 29 септември 2014. архивирано од изворникот на 24 февруари 2015 г.. https://web.archive.org/web/20150224034615/http://www.nhlbi.nih.gov/health/health-topics/topics/cad/signs. посет. 23 февруари 2015 г. 
  3. GBD 2015 Disease and Injury Incidence and Prevalence, Collaborators. (8 октомври 2016 г). Global, regional, and national incidence, prevalence, and years lived with disability for 310 diseases and injuries, 1990–2015: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2015.. „Lancet“ том  388 (10053): 1545–1602. doi:10.1016/S0140-6736(16)31678-6. PMID 27733282. 
  4. GBD 2015 Mortality and Causes of Death, Collaborators. (8 октомври 2016 г). Global, regional, and national life expectancy, all-cause mortality, and cause-specific mortality for 249 causes of death, 1980–2015: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2015.. „Lancet“ том  388 (10053): 1459–1544. doi:10.1016/S0140-6736(16)31012-1. PMID 27733281. 
  5. „Dorlands Medical Dictionary:coronary artery disease“. http://www.mercksource.com/pp/us/cns/cns_hl_dorlands_split.jspzQzpgzEzzSzppdocszSzuszSzcommonzSzdorlandszSzdorlandzSzthreezSz000030680zPzhtm. посет. 9 јануари 2009 г. 
  6. Heart attack/coronary artery disease - Mount Sinai Hospital, New York
  7. What is coronary artery disease - Mount Sinai Hospital, New York
  8. Thomas AC, Knapman PA, Krikler DM, Davies MJ. Community study of the causes of "natural" sudden death. „BMJ“ том  297 (6661): 1453–6. doi:10.1136/bmj.297.6661.1453. PMID 3147014. 
  9. American Heart Association: Heart Disease and Stroke Statistics-2007 Update. AHA, Dallas, Texas, 2007
  10. Lanza GA. Cardiac syndrome X: a critical overview and future perspectives. „Heart“ том  93 (2): 159–66. doi:10.1136/hrt.2005.067330. PMID 16399854. 
  11. Kaski JC. Pathophysiology and management of patients with chest pain and normal coronary arteriograms (cardiac syndrome X). „Circulation“ том  109 (5): 568–72. doi:10.1161/01.CIR.0000116601.58103.62. PMID 14769677. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори