Прејди на содржината

Прееклампсија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Микрографија со големо зголемување на хипертрофична децидуална васкулопатија, како што се гледа во хипертензија индуцирана од бременост.

Прееклампсијата е сериозна компликација на бременоста која се манифестира со хипертензија и протеинурија кај претходно нормотензивни бремени жени без протеинурија. Состојбата се јавува после 20-та недела од бременоста.[1]

Жените кај кои е дијагностицирана прееклампсија може да се жалат и на замаглен вид, главоболки, отоци по телото и значајно добивање во тежина. Околу 5-7% од бременостите се комплицираат со прееклампсија. Прееклампсијата е водечка причина за морбидитет и морталитет кај мајката и плодот.

  1. Al-Jameil, N; Aziz Khan, F; Fareed Khan, M; Tabassum, H (February 2014). „A brief overview of preeclampsia“. Journal of clinical medicine research. 6 (1): 1–7. doi:10.4021/jocmr1682w. PMC 3881982. PMID 24400024.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори