Хиперхолестеролемија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хиперхолестеролемија
Cholesterol.svg
Структурна формула на холестерол
Класификација и надворешни извори
Специјалност Ендокринологија
МКБ-10 E78.0
МКБ-9 272.0
DiseasesDB 6226
MedlinePlus 000403
eMedicine med/1073
MeSH D006937

Хиперхолестеролемија (позната и како дислипидемија) претставува високо ниво на холестерол во крвта.[1] Претставува форма на "хиперлипидемија" (покачени нивоа на липиди во крвта) и "хиперлипопротеинемија" (покачени нивоа на липопротеини во крвта).[1]

Холестеролот е стерол; види дијаграмска структура десно. Сочинува една од трите мајорни класи на липиди кои сите животински клетки ги користат за градба на нивните мембрани, па така е произведен од сите животински клетки. Клетките на растенијата не произведуваат холестерол. Исто така е прекурзор на стероидните хормони, жолчните киселини и витаминот Д.

Бидејќи холестеролот не е растворилв во вода, во крвната плазма се транпортира вметнат во протеини (липопротеини). Липопротеините се класифицирани на основа на нивната густина: липопротеини со многу мала густина (VLDL), липопротеини со мала густина (LDL), липопротеини со средна густина (IDL) и липопротеини со висока густина high (HDL).[2] Сите липопротеини содржат холестерол, меѓутоа покачени нивоа на липопротеини со исклучок на HDL, а особено покачени новоа на LDL се поврзани со зголемен ризик за атеросклероза и коронарна срцева болест.[3] За разлика од ова, повисоки нивоа на HDL холестерол делуваат протективно.[4] Зголемените нивоа на нон HDL и LDL холестерол може да се последица од исхрана, обезност, наследни (генетски) болести (како мутации на рецепторот за LDL кај фамилијарна хиперхолестеролемија), или други болести како дијабет и хипоактивна тироидна жлезда.[1]

За намалување на вкупниот холестерол и LDL холестеролот кај возрасни се препорачува намалување на внесот на заситени масти со храната. [5] Кај лица со многу високи нивоа на холестерол (пр. фамилијарна хиперхолестеролемија), диетата обично не е доволна за да се намали нивото на холестерол и вкупните масти. Во овие случаи често се потребни лекови кои ја намалуваат продукцијата и апсорпцијата на холестерол. [6] Доколку е неопходно, се изведуваат други терапевтски зафати, како LDL афереза или хируршки постапки.[6]

Знаци и симптоми[уреди | уреди извор]

Палпебрална ксантелазма, жолтеникави траки кои се составени од депозити на холестерол над очните капаци. Оваа состојба е почеста кај лица со фамилијарна хиперхолестеролемија.

Иако хиперхолестеролемијата сама по себе е асимптоматска, долготрајно покачени нивоа на холестерол во крвта можат да доведат до атеросклероза.[7] Во тек на повеќе години, хронично покачените нивоа на холестерол можат да придонесат во создавањето на атероматозни плаки во артериите. Ова миже да доведе до прогресивна стеноза (стеснување) или дури целосна оклузија (блокирање) на зафатените артерии. Помалите плаки можат да се распрнат (руптурираат), доведувајќи до формирање на тромб, кој може да го попречи крвниот проток.[8] Ненадејната оклузија на коронарна артерија доведува до миокарден инфаркт (срцев удар). Оклузија на артерија која го снадува мозокот со крв доведува до мозочен удар. Доколку стенозата или оклузијата се развиваат постепено, тогаш протокот на крв до ткивата и органите се намалува додека не се наруши функцијата на органот. Притоа, ткивната исхемија (прекин на снабдување со крв) може да се манифестира со специфични симптоми. На пример, привремена исхемија на мозокот, позната како транзиторна исхемична атака) може да се манифестира со привремен губиток на видот, вртоглавица и нарушување на рамнотежата, афазија (нарушување на говорот), пареза (слабост) и парестезија (трпнење), обично на една страна од телото. Недоволно крвоснабдување на срцето може да се манифестира со градна болка, а исхемија на очите може да се манифестира со минливо слепило на едното или двете очи. Недоволен проток на крв во нозете се манифестира со болка во листовите при одење, додека исхемија на цревата се презентира како абдоминална болка посе оброк.[1][9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Durrington, P (август 2003 г). Dyslipidaemia. „The Lancet“ том  362 (9385): 717–31. doi:10.1016/S0140-6736(03)14234-1. PMID 12957096. 
  2. Biggerstaff KD, Wooten JS (декември 2004 г). Understanding lipoproteins as transporters of cholesterol and other lipids. „Adv Physiol Educ“ том  28 (1–4): 105–6. doi:10.1152/advan.00048.2003. PMID 15319192. 
  3. Carmena R, Duriez P, Fruchart JC (јуни 2004 г). Atherogenic lipoprotein particles in atherosclerosis. „Circulation“ том  109 (23 Suppl 1): III2–7. doi:10.1161/01.CIR.0000131511.50734.44. PMID 15198959. 
  4. Kontush A, Chapman MJ (март 2006 г). Antiatherogenic small, dense HDL--guardian angel of the arterial wall?. „Nat Clin Pract Cardiovasc Med“ том  3 (3): 144–53. doi:10.1038/ncpcardio0500. PMID 16505860. 
  5. Hooper L, Summerbell CD, Thompson R, et al.. Hooper, Lee. уред. Reduced or modified dietary fat for preventing cardiovascular disease. „Cochrane Database Syst Rev“ том  5: CD002137. doi:10.1002/14651858.CD002137.pub3. PMID 22592684. 
  6. 6,0 6,1 Ito MK, McGowan MP, Moriarty PM (јуни 2011 г). Management of familial hypercholesterolemias in adult patients: recommendations from the National Lipid Association Expert Panel on Familial Hypercholesterolemia. „J Clin Lipidol“ том  5 (3 Suppl): S38–45. doi:10.1016/j.jacl.2011.04.001. PMID 21600528. 
  7. Bhatnagar D, Soran H, Durrington PN. Hypercholesterolaemia and its management. „BMJ“ том  337: a993. doi:10.1136/bmj.a993. PMID 18719012. 
  8. Finn AV, Nakano M, Narula J, Kolodgie FD, Virmani R (јули 2010 г). Concept of vulnerable/unstable plaque. „Arterioscler. Thromb. Vasc. Biol.“ том  30 (7): 1282–92. doi:10.1161/ATVBAHA.108.179739. PMID 20554950. 
  9. Grundy, SM; Balady, GJ; Criqui, MH; Fletcher, G; Greenland, P; Hiratzka, LF; Houston-Miller, N; Kris-Etherton, P; и др.. Primary prevention of coronary heart disease: guidance from Framingham: a statement for healthcare professionals from the AHA Task Force on Risk Reduction. American Heart Association. „Circulation“ том  97 (18): 1876–87. doi:10.1161/01.CIR.97.18.1876. PMID 9603549. http://circ.ahajournals.org/cgi/content/full/97/18/1876. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори