Хипотироидизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хипотироидизам
Thyroxine-2D-skeletal.png
Тироксинот (T4) нормално се создава во однос 20:1 наспроти тријодтиронин (T3)
Класификација и надворешни извори
СпецијалностЕндокринологија
МКБ-10E03.9
МКБ-9244.9
DiseasesDB6558
eMedicinemed/1145
MeSHD007037

Хипотироидизам, познато и како недоволно активна тироидна жлезда или ниско активна тироидна жлезда, е честонарушување на ендокриниот систем кога тироидната жлезда не произведува доволно тироидни хормони.[1] Може да предизвика бројни симптоми, како мала отпорност на настинка, чувство на замор, тврда столица, депресија, и склоност кон зголемување на телесната тежина.[1] Повремено можно е да има оток на предниот дел од вратот како последица на гушавост.[1] Нелекуван хипотироидизам за време на бременоста може да доведе до задоцнет раст и интелектуален развој кај бебето, што се нарекува кретенизам.[2]

Насекаде во светот, недостатокот на јод во исхраната е најчестата причина за хипотироидизам.[3][4] Во земји со доволно јод во исхраната, најчеста причина за хипотироидизам е автоимуна болест Хашимотов тироидитис.[1] Помалку чести причини вклучуваат: претходен третман со радиоактивен јод, повреда во хипоталамусот или во предната питуитарна жлезда, одредени медикаменти, отсуство на функционална тироидна жлезда при раѓање, или претходна тироидектомија.[1][5] Дијагнозата за хипотироидизам, ако на тоа се сомнева, мооже да биде потврдена со крвно/и испитување/а кои го мерат нивото на тирео-стимулирачкиот хормон (TSH) и тироксин во крвта.[1]

Превенција на ниво на популација се прави со универзално јодирање на солта.[6] Хипотироидизмот може да се лекува со левотироксин. Дозата се подесува според симптомите и нормализацијата на нивоата на тироксин и TSH . Терапија за тироидната жлезда е безбедно да се зема во бременоста. Додека одредено количество на јод во исхраната е важно, прекумерно количество може да доведе до влошување на одредени видови хипотироидизам. ref name=NIH2016/>

Насекаде во светот за околу една милијарда луѓе се претпоставува дека имаат недостаток на јод во организмот; меѓутоа, не е познато колку често ова резултира со хипотироидизам. .[7] Во Соединетите Американски Држави, хипотироидизмот се појавува кај 0.3–0.4% од популацијата.[3] Хипотироидизам без клинички симтоми, поблага форма на хипотироидизам карактеризирана со нормални нивоа на тироксин и покачени на TSH, се смета дека се појавува кај 4.3–8.5% од луѓето во САД.[3] Хипотироидизам почесто се јавува кај жени тколку кај мажи.[1] Луѓе над 60 години се почесто засегнати.[1] Кучињата исто така развиваат хипотироидизам, а во ретки случаи и мачки и коњи може да го имаат ова нарушување. [8] Зборот "хипотироидизам" е од Грчко hypo што значи "намалено", thyreos што значи "штит", и eidos што значи "форма."[9]

Знаци и симптоми[уреди | уреди извор]

Луѓето со хипотироидизам често немаат или имаат само благи симптомии. Бројни симтоми и знаци се поврзани со хипотироидизам, и може да бидат поврзани со скриена причина, или да бидат директен ефект од недостаток на тироидни хормони. [10][11] Хашимотовиот тироидитис може да биде претставен со масивен ефект на гушавост (зголемена тироидна жлезда).[10]

Symptoms and signs of hypothyroidism[10]
Симптоми[10] Знаци[10]
Умор Сува, груба кожа
Осетливост на студ
Слаба меморија и концентрација Микседем (мукополисахаридни депоа во кожата)
Тврда столица, диспепсија[12] Опаѓање на косата
Зголемување на телесната маса со мал апетит Бавен пулс
Краток здив Отекување на екстремитетите
Рапав глас Одложена релаксација на тетивни рефлекси
Кај жени , обилно менструално крвавење (и подоцна необилна менструација) Carpal tunnel синдром
Абнормална осетливост Плеурален излив, асцит, перикардијален излив
Слаб слух

Задоцнета релаксација по тестирање на Ахиловиот рефлекс е карактеристичен знак за хипотироидизами е поврзан со тежината на хормоналниот дефицит.[3]

Mикседематозна кома[уреди | уреди извор]

Маж со микседематоза или тежок облик на хипотироидизам со безизразно лице, подуеност околу очите и бледа кожа
Други симптоми вклучуваат оток на рацете и нозете и асцит.

Mикседематозна кома е ретка, но опасна по живот форма на екстремен хипотироидизамis. Може да се јави кај оние кои страдаат од хипотироидизам кога развиваат друга болест, но може да биде и прв приказ на хипотироидизам. Болеста се карактеризира со многу ниска телесна температура без треска, конфузија, мал пулс и намален напор при дишење. Може да има физички знаци кои сугерираат на хипотироидизам, како што се промени на кожата или зголемување на јазикот.[13]

Бременост[уреди | уреди извор]

Дури и благ и хипотироидизам без клинички симптоми е поврзан со нарушена плодност anи зголемен ризик заспонтан абортус.[14] Хипотироидизам во рана бременост, дури и со намалени или без симптоми, може да го зголеми ризикот за пре-еклампсија, подмладок со намалена интелигенција и ризик за смрт на доенчето околу периодот на раѓање.[14][15] Жените се засегнати со хипотироидизам во 0.3–0.5% oд бременостите.[15] Хипотироидизам без клинички симптоми за време на бременоста исто така се поврзува со гестациски дијабетес и раѓање на бебе пред 37 седмици од бременост.[16]

Деца[уреди | уреди извор]

Новороденчиња со хипотироидизам може да имаат нормална маса и висина при раѓање (иако главата може да биде поголема од очекувано и постериорната фонтанела може да биде отворена). Некои бебиња може да се поспани, да имаат намален мускулен тонус, рапаво плачење, тешкотии во исхранувањето, тврда столица, зголемен јазик, умбиликална хернија, сува кожа, намалена телесна температура и жолтица.[17] Гушавоста е ретка, иако може да се развие подоцна кај деца кои имаат тироидна жлезда која не произведува функционален тироиден хормон.[17] Гушавост исто така може да се јави и кај деца кои растат во региони со недостаток на јод.[18] Нормалниот раст и развој може да биде одложен, и отсуството на лекување може да доведе до интелектуални оштетувања (IQ 6–15 поени во некои случаи). Останати проблеми го вклучуваат следното: зголемени или намалени моторни вештини и атаксија, намален мускулен тонус, Страбизам, намален распон на внимание и decr задоцнето прозборување.[17] Појавување на забите може да биде задоцнето. [19]


Дијагноза[уреди | уреди извор]

Поврзано: Тестови за функција на тироидната жлезда

Лабораториско тестирање на нивото на TSH во крвта се смета за најдобар иницијален тест за хипотироидизам. Втор тест за нивото на TSH Laboratory testing of thyroid stimulating hormone levels in the blood is considered the best initial test for hypothyroidism; a second TSH често се прави по неколку нседмици за потврдување.[20] Нивоата може да бидат абнормални во контект на други нарушувања, а кај хоспитализирани луѓе тестирањето за TSH не е пожелно освен ако не се сомнева на тироидна дисфункција.[3] Зголемено ниво на TSH укажува дека тироидната жлезда не произведува доволно тироиден хормон, а потоа се истражуваат нивоат на слободен Т4.[3][21] Measuring T3 is discouraged in the assessment for hypothyroidism.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 „Hypothyroidism“. National Institute of Diabetes and Digestive and Kidney Diseases. March 2013. конс. 5 March 2016. 
  2. Preedy, Victor (2009). Comprehensive Handbook of Iodine Nutritional, Biochemical, Pathological and Therapeutic Aspects.. Burlington: Elsevier. стр. 616. ISBN 9780080920863. https://books.google.ca/books?id=7v7g5XoCQQwC&pg=PA616. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Garber, JR; Cobin, RH; Gharib, H; Hennessey, JV; Klein, I; Mechanick, JI; Pessah-Pollack, R; Singer, PA; и др. (декември 2012 г). Clinical Practice Guidelines for Hypothyroidism in Adults. „Thyroid“ том  22 (12): 1200–1235. doi:10.1089/thy.2012.0205. PMID 22954017. https://www.aace.com/files/final-file-hypo-guidelines.pdf. 
  4. Chakera, AJ; Pearce, SH; Vaidya, B. Treatment for primary hypothyroidism: current approaches and future possibilities. „Drug Design, Development and Therapy“ том  6: 1–11. doi:10.2147/DDDT.S12894. PMID 22291465. 
  5. Persani, L (септември 2012 г). Clinical review: Central hypothyroidism: pathogenic, diagnostic, and therapeutic challenges. „The Journal of Clinical endocrinology and Metabolism“ том  97 (9): 3068–78. doi:10.1210/jc.2012-1616. PMID 22851492. http://press.endocrine.org/doi/full/10.1210/jc.2012-1616. 
  6. Syed, S (април 2015 г). Iodine and the "near" eradication of cretinism.. „Pediatrics“ том  135 (4): 594–6. doi:10.1542/peds.2014-3718. PMID 25825529. 
  7. Werner & Ingbar's the thyroid : a fundamental and clinical text (10th издание). Philadelphia: Wolters Kluwer/Lippincott Williams & Wilkins Health. 2012-07-12. стр. 552. ISBN 145112063X. https://books.google.com/books?id=DaNIXqNLmXsC&pg=PA552. 
  8. „Hypothyroidism“. Merck Veterinary Manual, 10th edition (online version). 2012. конс. 2013-12-25. 
  9. Mosby's Medical Dictionary (9 издание). Elsevier Health Sciences. 2013. стр. 887. ISBN 9780323112581. https://books.google.ca/books?id=aW0zkZl0JgQC&pg=PA887. 
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 Longo, DL; Fauci, AS; Kasper, DL; Hauser, SL; Jameson, JL; Loscalzo, J (2011). „341: disorders of the thyroid gland“. Harrison's principles of internal medicine. (18th издание). New York: McGraw-Hill. ISBN 007174889X. 
  11. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Khandelwal2012.
  12. Ebert, E. C. (јули 2010 г). The thyroid and the gut. „Journal of Clinical Gastroenterology“ том  44 (6): 402–6. doi:10.1097/MCG.0b013e3181d6bc3e. PMID 20351569. 
  13. Klubo-Gwiezdzinska, J; Wartofsky, L (март 2012 г). Thyroid emergencies. „Medical Clinics of North America“ том  96 (2): 385–403. doi:10.1016/j.mcna.2012.01.015. PMID 22443982. 
  14. 14,0 14,1 van den Boogaard, E; Vissenberg, R; Land, JA. Significance of (sub)clinical thyroid dysfunction and thyroid autoimmunity before conception and in early pregnancy: a systematic review. „Human Reproduction Update“ том  17 (5): 605–19. doi:10.1093/humupd/dmr024. PMID 21622978. 
  15. 15,0 15,1 Vissenberg, R; van den Boogaard, E; van Wely, M (јули 2012 г). Treatment of thyroid disorders before conception and in early pregnancy: a systematic review. „Human Reproduction Update“ том  18 (4): 360–73. doi:10.1093/humupd/dms007. PMID 22431565. http://humupd.oxfordjournals.org/content/18/4/360.long. 
  16. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Negro2014.
  17. 17,0 17,1 17,2 Counts, D; Varma, SK (јули 2009 г). Hypothyroidism in children. „Pediatrics in Review“ том  30 (7): 251–8. doi:10.1542/pir.30-7-251. PMID 19570923. 
  18. Pearce, EN (февруари 2012 г). Update in lipid alterations in subclinical hypothyroidism. „The Journal of Clinical endocrinology and Metabolism“ том  97 (2): 326–33. doi:10.1210/jc.2011-2532. PMID 22205712. http://press.endocrine.org/doi/full/10.1210/jc.2011-2532. 
  19. Chandna, Shalu; Bathla, Manish (јули 2011 г). Oral manifestations of thyroid disorders and its management. „Indian J Endocrinol Metab“ том  15 (Suppl2): S113–6. doi:10.4103/2230-8210.83343. PMID 21966646. 
  20. So, M; MacIsaac, RJ; Grossmann M (август 2012 г). Hypothyroidism. „Australian Family Physician“ том  41 (8): 556–62. PMID 23145394. http://www.racgp.org.au/afp/2012/august/hypothyroidism. 
  21. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Brown2013.

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори