Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето).
Хашимотов тириоидитис или хроничен лимфоцитен тироидитис е автоимуно заболување во кое штитната жлезда е нападната од голем број на клеточни и противтело-посредувани имуни процеси.[1] Ова било првото заболување кое било откриено како автоимуно заболување.[2] Првпат било опишано од страна на јапонскиот специјалист Хашимото Хакару во Германија во 1912 година.
Штитната жлезда може да стане цврста, зголемена и лобулирана, но промените може да бидат и непалпабилни.[3] Зголемувањето на жлездата повеќе се должи на лимфоцитната инфилтрација и фиброзата отколку на ткивната хипертрофија. Физиолошки, антителата насочени против штитната пероксидаза и/или тироглобулинот предизвикуваат постепено уништување на тироидните фоликули. Така, болеста може да се открие преку откривање на овие антитела во крвта. Болеста се одликува и со инвазија на ткивото на штитната жлезда со леукоцити, главно Т-лимфоцити и е во врска со Не-Хочкинов лимфом. Во подоцните стадиуми на болеста, пациентот може да има изглед на „лавовска маска“. Ова се опишува како длабоки брчки на лицето во делот околу усата и брадата и џебови на олабавено месо под и околу очите; изглед кој наликува на лав.
↑ 1,01,1„Што е болеста Хашимото?“, Слободен печат, година IV, број 940, вторник, 13 декември 2016, стр. 19.
↑Nakazawa, Donna (2008). The Autoimmune Epidemic. New York: Simon & Schuster. стр. 32–35. ISBN9780743277754.
↑Page 56 in: Staecker, Hinrich; Thomas R. Van De Water; Van de Water, Thomas R. (2006). Otolaryngology: basic science and clinical review. Stuttgart: Thieme. ISBN0-86577-901-5.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)